Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Индија ќе го користи уставното име на Македонија

пријавена од strajkoski пред 1 година, 5 месеци. (www.a1.com.mk)

Република Индија, почнувајќи од овој месец, го користи уставното име на Република Македонија во билатералната комуникација меѓу двете земји.

станала популарна пред 1 година, 5 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Политика

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +8 гласови

    yee, Русија, Кина, Индија, САД; пола планета
    шо остана уште? Аха, да, невработеноста.

  • +4 гласови

    Мапа кои ни се обраќаат со Македонија кои со Фиром. Неодлучните ги нема.

    Мапата: http://commons.wikimedia.org/wiki/Image:...

    Листата е од: http://en.wikipedia.org/wiki/Macedonia_n...

  • +1 глас

    Уфффффф, добро е, зошо после Конго тешко ми беше да спијам. Светов повторно има поента. :-))))

  • +2 гласови

    Не знаете со што се потсмевате. Мене ми е многу важно како ќе се викам, независно кој што сака да каже. :-(

  • +1 глас

    Како ќе се викаш, или како ќе те викаат? ;-)

  • +3 гласови

    Какви лицемери знаете да бидете. Од една страна се буните против изолацијата која наводно самите си ја наметнуваме со нашата непопустливост околу промената на името, а од друга страна самите не буткате во иста така изолираност во која што сите ќе не викаат некако, само ние самите ќе се викаме онака како што сметаме дека треба.

  • -2 гласови

    Па зошто тогаш се пишуваш GoodBytes, а не со твоето име и презиме? :)

  • +4 гласови

    Затоа што тој САМИОТ решил така да се вика... никој не му НАМЕТНАЛ... влага ли оваа информација во глава кај тебе, или премногу ти е рестриктивен firewall-от?

  • -3 гласови

    кај тебе да влага цел.

  • +5 гласови

    Затоа што имам реален живот и електронски. Псевдонимот во електронскиот живот ме потсетува да не ги мешам. Некои тука ме знаат по име и презиме иначе.

    Дали ти се сметаш себеси за праведен човек?

  • -2 гласови

    Да, праведен сум. Ама сум човек, не Македонец.

  • +3 гласови

    Штом си праведен, дали ти пречи обесправувањето на Македонците, и како малцинство во Грција, и генерално како побивање на постоењето како народ? Дали, ако ти пречи, не сметаш дека е потребно нешто да се стори за да се спречи фашизмот и расизмот на Грција, како и етничкото чистење кое го спроведуваат врз Македонците и другите малцинства во Егејска Македонија?

    Значи, зборуваме за правда, за високи морални принципи, за врвот на човековата етика (кое ќе побара од твојата праведна душа помош и на тие на кои можеби не им припаѓаш). Вреди ли да се покажат заби?

  • +2 гласови

    Ах браво бе Бајтс како го стрефи. Сега чусвтувам Гемо ќе почнит да се ваѓат: ама знајш како, ова она. Башка тој е Флојдиец, Преспанец... И хакер, ама hard-core во Нео стил, не признава Гемо ни држава, ни македонци, ни бутур, ма јок бе.

  • +1 глас

    едно е твоето лично име, сосема друго името на *државата* - немој на државата да и даваш човечки идентите please.

    и конечно... јас не сум за менување на името... тоа е преседан кој го нарушува правниот поредок..
    НО..
    1) преседани очигледно не недоставуаат во последно време
    2) мене поважен ми е идентитетот „Република“ од „Македонија“ а тој се повеќе го губиме и никој око не му трепнува
    3) ми е преку кур од приказната за „индентитетот“, генетескиот-код, името-не-го-даваме и слично. Се работи за името на државата... КОЈ ЈА ЕБЕ ДРЖАВАТА!!! Не драматизирајте безпотребно.

  • +2 гласови

    gdamjan, муабетов ти е „јас сум против фрлање ѓубре, ама сите фрлаат, па не ми е гајле“.

    Можеш и ти да одговориш на прашањето погоре, дали треба да се спротивставиме на неправдата и етничкиот терор кој Грција (и државата, официјално, и јавното мислење, значи многу тамошни граѓани) активно го спроведува врз нас веќе еден век со несмалена жестина? Само без анархистички мета-филозофии please.

  • +1 глас

    Јас повторно ќе бидам „радикален“ и ќе го потврдам моето мислење, дека зад поголемиот дел од овие космополити у ствари се кријат тешки кукавици кои чувството на немоќ да изменат било што го заменуваат со тобожно човекољубие... а не е дека баш и ме гајле.

  • +1 глас

    @goodbytes,
    против неправдата има начини како се бори.. но

    1. не со фрази за идентитетот
    2. не со колективна (без)свест

    со тоа што се инаетиме со Грција само дозволуваме да имаат моќ врз нашата судбина

  • +1 глас

    Предложи решение, со задоволство би го продискутирал.

  • -4 гласови

    Gemidjy и GoodBytes ајде сега ножевите вадете ги да се испоколите. Ако ние Македонците не се искараме меѓусебе ќе нема кому да му се смеат на Балканот. ОК, ќе останат Црногорците. :))

  • +3 гласови

    Приказнава на WHITEEAGLE е една од најраспространетите заблуди кои владеат кај нас. Не знам зошто , а се сомневам дека е поради „тесното небо“ па некои индивидуи не успеале од разни причини да прошетаат надвор од државава, но тие се убедени дека кај нас овде се е секогаш најлошо, додека па тамо некаде „на запад“ е све иделано.
    Затоа е многу важно да ни ги тргнат ова визиштава, како би можеле да видиме дека и у центарот на ЕУ, преубавата Белгија, се колат едни со други многу повеќе одошто ние со Албанциве, или комшииве. Hell, германија и Франција тек пред некоја година едвам се сложија да се помират нациите.
    Ама, ете, убаво им е валда на душите на некои фаци, да кажуваат како сме ние најзанигде.Ах да, и Црногорците :)

  • +2 гласови

    Ах да, за имињата во виртуелниов свет, идиотски е да се повгикуваме на реален идентитет овде. Гуд Бајтс е присатен на македонската па и светска интернет сцена барем од 1997 (од тогаш ја паметам и користам интернет активно), така да, неговиот идетитет овде емногу добро познат.
    А ти ГИМИЏИ, од кај го вадиш ников? тие кои го носеле тоа име, знаеш за што се бореле и изгинале? НЕ МОЖАМ да бидам ЧОВЕК, ако некој не ми дава да се наречам и чувствувам како сакам, така да, не може да си ЧОВЕК а не МАКЕДОНЕЦ (освен ако навистина не си Македонец)

  • +1 глас

    whiteeagle, не се карам, не се колам. Ова е прашање за кое имаме поинакво мислење, па си дебатираме. „Кавгата“ е само меѓу мислењата, односно: „Attack opinions, not opinionated“. :-)

  • +2 гласови

    Кај е бе Перо? Или зафатен е со другиот дел од неговата личност?

  • +2 гласови

    Jai Hind! Vande Mataram!http://www.youtube.com/watch?v=BJ399KOoNRA

  • +1 глас

    Перо врати се.