Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Името и идентитетот: ЗА ПОСТАВЕНОСТА НА СПОРОТ СО ГРЦИЈА

пријавена од gdamjan пред 1 година, 1 месец. (www.dnevnik.com.mk)

Ако пред еден век вмровците воделе војна на живот и смрт со адептите на грчката теорија за нашето потекло од Александар Велики, денес постои опасност таа теорија да се промовира во наша национална идеологија, со чија помош би ја воделе битката за името.

проблем? |  кој гласал? |  категорија: Политика

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    Ваквата археолошка, етнолошка и историска дигресија од правно-политичкиот спор за името на државата, објективно би претставувала харикири на таа наша држава и на нејзиното мнозинско славјанско население. Спротивно на декларираната телеологија, натпреварот во претензиите на образот на Александар, би имало за последица идентификација меѓу една шизофрена Грција и една шизофрена Македонија.

  • +1 глас

    Грчкото етничко чистење на Македонија од Славјаните од пред еден век, сега би го продолжиле живите „антички“ Македонци, разбудени од милениумскиот славјански сон како клонови на Александар, во кои го положуваат својот идентитет и ја повикуваат нацијата тоа да го браниме пред светот со правото на идентитетот.

  • +1 глас

    Истрескани глупости, мешање на баби и жаби, креирање теории врз постулати со криви нозе.
    Како контрааргумент сведочат бројните написи, спомени, и тн. од Македонците од 18 и 19век во кои се идентификуваат со „Најголемиот славјански цар - Александар Македонски“. Оваа (можеби) небулоза флуктуирала во целиот процес на национално будење што може да се забележи и кај Пулевски и кај Мисирков, во интервјуата на Карев, кај Лозарите и тн.
    Значи кај Македонците и тогаш не станувало збор за некаква поделеност на Славјани и Антички, туку јасен им бил континуитетот на народот, онаков каков што го имале сите народи.

  • +1 глас

    >>> Македонците од 18 и 19век во кои се идентификуваат со ...

    па тоа го имаш и кај Грците и кај Бугарите.

  • +1 глас

    Баш напротив - Бугарите им замеруваат на тогашните Македонци, бидејќи им се одлеваат од бугарштината со тоа што се сметаат за наследници на Александар.

    „Младата дружина под превезот на книжевноста не ја гони целта и пропагандата за некаков фонетски правопис, туку тенденции и цели колку куриозни, жални, толку збунувачки, срамни и опасни....Дружината полека ќе го подготвува бугарското општествено мнение за одделување на Македонија од Бугарија и полека лека ќе воведува зборови од охридското поднаречје што ќе биде литературен јазик на идната Голема Македонија, на чело на која ќе дојде некој од редакторите на Лоза, во својство на Филип и Александар?!

  • +1 глас

    Како што гледате, Македонската дружина смета дека нивната татковина е Македонија, населена со одделно словенско племе наречено Македонци, дека таму се собрале севозможни надворешни елементи , т.е. Бугари, Грци, Срби...дека целта им е да ни дадат еден силен отпор и да се зачуваат од нашите разбојничкиу посегања и дека Лоза ќе и служи на таа цел! Како ви се бендисува "
    Д.Т. Левов, "Лоза". Свобода 6/786, Софија. 13.04. 1892.

    Бугарската влада во средината на 1892г. ја забранила "Лоза" и ја растурила ММКД. Со тоа таа не се спротиставила само на едно списание и дружина, туку на едно организирано македонско национално движење, кое го нарекле "СЕПАРАТИСТИЧКО".

  • +1 глас

    „Нашата татковина Македонија си има историја за своето минато, каде што се гледа нејзината моќ, величина, како и нејзиното политичко потчинување под власта на тогаш моќната Турска империја. ... Денес, секој Македонец, кога го спомнува Александар Македонски, вели: Ние сме го имале цар Александар Велики. Со тие зборови тој си припомнува за блескавиот период и величието на Македонската држава. Александар Македонски стои пред лицето на секој Македонец како национална гордост!“

    (Коста Шахов, в. "Македонија" на , број 4, Русе, 11. ХI.1888 година)

  • +1 глас

    И да не редам уште илјадници цитати кои го потврдуваат она што го кажувам.

  • +1 глас

    Е добро де, Бугарите за Самоил го викаат истото .... тее буквалист

  • +1 глас

    Не сум буквалист, прочитај ја уште еднаш колумната на Димитров и неговата поента. Ако не ја сфаќаш, ќе се потрудам да ти појаснам.

  • +1 глас

    Од која партија е овој Димитров?

  • +1 глас

    еден од основачите на ВМРО, татко на поранешниот преговарач за името.

  • +1 глас

    aaaaa демек, сега овој против владата напишал?!? па не е у право. ;-)

  • +1 глас

    А, демек да прочиташе што напишал пред да истрескаш глупости.

  • +1 глас

    па не треска баш... види некои интересни изводи поврзани со колумнава

    http://jasnesumjas.blogspot.com/2009/03/...

  • +2 гласови

    Па треска и Жарко, тоа им го наведов со неколкуте цитати кои покажуваат дека таквата теза не држи вода и е на исто рамниште како тезата:
    1. Дека Македонците станале Македонци, а не Бугари заради Стојан Новаковиќ.
    2. Дека Македонците станале Македонци, а не Срби заради руското мешање на Балканот.
    3. Дека Македонците станале Македонци, а не Бугари, заради грчкото мешање кое ги „македонизирало“ Бугарите.
    4. Дека Македонците станале Македонци, а не Грци, заради Бугарите кои ги словенизирале Грците.
    Сите овие тези се со иста цел и се отворено оружје на странските пропаганди (напишани во квази историска литература, што за разлика од тебе или од Жарко, сум ја читал).
    Продолжувате само да го користите врховистичкото оружје, за да докажете некоја небулозна теза која лесно се побива со еден цитат од период кој не го опфаќа тезата, односно е многу пред него.

  • +1 глас

    Види... да ти стане јасно, еднаш засекогаш - ние сме се, само не сме Македонци. И не смееме да имаме право на избор, ниту на самодекларирање. Повелби на ОН, за нас не важат!

  • +1 глас

    Ај фокусирајте се малку, муабетот е за решавање на спорот со името со Грција (кој ги проблематизира низа состојби и за Македонија).

    Тоа што Димитров го кажува е дека наместо да ги користиме аргументите кои највеќе се во наша полза, а тоа се правните аргументи (повелби на ОН), нашата стратегија е докажувања на национални чувства и конфротизам.

    Овие последниве не водат нигде и можат само да ја изолираат Македонија дури и од тие од кои има(в)ме подршка.