Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Слободните софтверџии докажуваат дека нема фронт каде што не се брани идентитетот на македонското битие. (хакирање медиуми)
станала популарна пред 1 година, 2 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Политика
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Доколку ние паметно играме, ќе можеме да докажеме дека „Убунту“ е античко македонски збор, а не африкански како што сега се мисли.
E-P-I-C
:)
Ubuntu е античко македонски збор кој значи „само македонците се белци“
со здружени сили секогаш играме паметно, само треба да се здружиме :) супер хак!
а што си ставил (хакирање медиуми)? мислиш некој ќе помисли дека ова навистина во а1 се појавило?
Па „Хакирање на медиумите“ http://novica.softver.org.mk/node/415
Чо'ече - за момент се излажав! Помислив дека навистина А1 објавил!
Си кликам јас на линкот, со доверба во Глиша и што да видам.
.
Ама во вас безверниците човек не требало верба да има, анасана!
Добро, после ја видов и искезената фаца на господин Балаловски.
:))))
:) абе јаничари.
Прв пат да прочитам прилог од А1 без правописни грешки. :-))
шит, значи не требаше да ги поправам - тие намерно биле
нема печатни грешки на античкомакедонски, или како што некои академици милуваат да кажат „царомакедонски“
Ех да можев да гласам повеќе пати :)
аууу како ми промаршило ова до сега. Браво!
Ја онака благо пијан, читам на А1 и не ми се верува. Гледам и слика со исплазен јазик, ама си викам ај А1 малце олабавиле. После читам текстов, „анвебеливибал“ што би рекол другар ми Дебелиот. Чекај бе Дамјан, Новица, античка МаЌедонија, не ми се уклапа некако. После читам коментариве, глеам горе у урл, ааааа, првоапрлиска шега. Браво...
My favorite team is building identity on a higher level, again :)