Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Груевски: ЕВН е еден од најпроблематичните странски инвеститори

пријавена од vordan пред 1 година, 3 месеци. (alsat-m.tv)

Со ова е промовирана новата стратегија на владата за привлекување на странски инвеститори: Ако сте од нормални земји, не доаѓајте. Ако сте Бугари со регистрирани фирми во Канада - може. Сигурна стратегија!

станала популарна пред 1 година, 3 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Политика

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +4 гласови

    Среќа ја имаме приватизацијата на Телеком и Окта, кејс стади за успешни проекти, со голем бенефит за државата и граѓаните.

  • -1 глас

    Незнам само зошто ЕВН седат и примаат рафали. Ако инвестирале тоа лесно се покажува... се што ти треба е портокалова позадина, бел фонт и икс пати по 30 секунди прајм тајм :-)

  • -1 глас

    Кога си во право силен си со факти, ако не си во право силен си само на зборови.

  • -1 глас

    Груевски даде пример како треба да се општи со инвеститорите: исклучиво од нога, онака - преку кур, на телевизија ...
    Така му прилега на премиер - додуша на премиер од Конго. А овие којзае од каде се, од Хунза-сити, ќе да е.

    Со ваквите потези Груевски ја продолжува својата руска стратегија да не бидеме примени во ЕУ. Штотуку си створивме уште еден непријател - Австрија.

  • -1 глас

    Еве и јас морав да се пријавам како vordan1, нека не се лути jpetrov неможам два пати да се пријавувам, ама доколку сакам да коментирам нешто кажано од Груески морам да имам такво име. Па не мислите дека сте досадни едно те исто, ако има статија против Груески први сте несто да кажете. Можеби малку претерав, а можеби сте само ботови на некој сервис па џабе јас си ги тријам прстите од тастаурата. Доколку сте ботови Ве молам немој да ми одговарате со постоечката датотека на одговори.

  • -1 глас
  • -1 глас

    Значи, vordan1, немаш ништо паметно да кажеш во *одбрана* на „Груески“ (sic).
    Не е јасно дали ти пречи кога зборуваме само против него, против владата или ...

    ***
    Успат, го молам администраторот да реагира и да го банира мојот mini me, луѓето можат да помислат дека, не дај боже - некој политичар, па бил тоа и „Груески“ - ми легнал на срце.

  • -1 глас

    Не немам што јас некого да бранам. Може да кажам што мислам за пријавена статија. Ама ме нервираат субјективни, скоро редовно политички коментари и само такви. Ботови на политички партии треба да се банираат, доколку администратор сака кајмакот да остане културно место за сублимација на интересни содржини.

  • -1 глас

    Патем, не ти е битна темата за моменталната криза со дистрибуција на електрична енергија туку битно е кој кажал нешто. Хронично имаш проблем со премиерот и со самото тоа имаш проблем себе. Далеку од објективност и после три реинкарнации на твојата душа драг vordan.

  • -1 глас

    дали имаш нешто да кажеш за ОКТА и Телеком веќе кога прозиваш?

  • -1 глас

    Среќа имаме повеќе оператори за фиксна телефонија во поново време па полесно се дише, пак велам во поново време. Некој успеа да го остави телеком 2005,2006 да има монопол. Некој друг пак штом можеше донесе конкуренција.

  • -1 глас

    кајмакот ептен станува „друштво на одбрани фраери“ :)

  • -1 глас

    А како што гледам деновиве, на само *неколку* (какви-такви) фраери. Нема нови пријавени статии, а оние малку нови едвај го поминуваат цензусот за популарност.
    Или ќе се дозволи пријава на порно сајтови (заедно со farm-sex, и сите подкатегории), или пропадна кајмакот...
    :)

  • -1 глас

    па еве како јас гледам на ситуацијата. Елем испорачува „кнап“ проектирана сума, со законските 11% губитоци. ЕВН од друга страна има околу 25% губитоци заради неефикасната наплата во „кризните региони“ и социјалните енклави за што државата нема организирано систем (социјални пакети кои беа предложени од опозицијата, систем за наплата кој е одложен за по изборите). Со тоа се создава криза, со цел откуп / преземање на ЕВН и продажба во пакет со ЕЛЕМ на источен инвеститор. Која е целта? Господ знае - но резултатот е глас на Австрија против МК во ЕУ. А дали е целта тоа? И каде се тука руските енергетски и геополитички интереси?

  • -1 глас

    Наплата, загуби се две посебни работи. ЕВН е само дел од Австрија, ама ако се запечатиш лош со монопол сигурно цела Европа ќе ти замери дефинитивно, а ќе те сака само долна Австрија. И тоа 51% не повеќе.

  • -1 глас

    експертска анализа нема што

  • -1 глас

    Ок, да ги ставиме работите во перспектива и да видиме зошто Груески се однесува вака:
    - Македонија планира да увезе 25-30% од потребите за електрична енергија, и притоа да потроши 300-400 мил. евра.

    - Провизиите кои вмро планира да ги оствари од ова големо трошење треба да отидат во исплата на долгот кон нивните бугарски заемодавачи и ментори. Тоа значи дека тие би се појавиле и како продавачи и како наплаќачи на долгот.

    - ЕВН, освен што е инвеститор кај нас, воедно е една од најголемите енергетски компании во Европа, а како таква и еден од најголемите продавачи на ел. енергија.

    - Изјавата на Груески е преемптивен удар кон аспирациите на ЕВН да се појави како понудувач во оваа трговија. Со ваков однос, вмро прави магла, го оцрнува ЕВН (делумно и заслужено) и ја подготвува наивната македонска јавност за она што ќе се случи.

  • -1 глас

    Не бидете глупи, ниедна изјава на било кој политичар не е искрена сама по себе. Мора да има некаква заднина, политичка или финансиска, или двете.

  • -1 глас

    На ова се надоврзува и неодамнешната посета на бугарскиот премиер и немоќта на Груески да му врати за непримерените изјави за македонското малцинство.

  • -1 глас

    ЕВН не е толку голем играч на енергетскиот пазар во Европа ниту голем продавач на електрична енергија. Преработуваат отпад и вршат снабдување со природен гас, вода, па и електрична енергија на либерализиран пазар во Австрија.

  • -1 глас

    ЕВН Сама може да си увезе струја од каде сака, па и сама да си ја земе провизијата. А Груески да нема ништо со тоа. Струја сами ја увезуваат квалилфикуваните потрошувачи. Пак сами во своја режија. Увозот на струја за потребите на системот се јавно објавени на веб страна од ЕЛЕМ со име на компанијата која била најповолна на тендерот со количини кои ќе се преземат и по која цена. По транспарентно здравје. Колку на тоа влијае владата стварно не ми е јасно. ЕВН ако работи според законот нема што да разговара преку медиуми, нека се покаже со факти. Колку не беше европски законот за енергетика видовме, никој всушност немаше ништо против законот, освен тој на кој што му беа намалени профитите во интерес на граѓаните.

  • -1 глас

    Потполно исто како што своевремено, наводно канадскиот „Хач“ (или така некако), го доби тендерот за купување на ТЕЦ Неготино. Најтранспарентно на свет.
    За после да испадне гомно-работа.
    *
    По медиуми не разговара ЕВН, разговара Груески, во својата бескрајна надуеност, невоспитаност и надрканост. И тоа беше мојата иницијална забелешка - колку нема воспитување и чувство за такт.
    Инаку, кур ме заболе за ЕВН.
    *
    Законот за енергетика беше најостро осуден од ЕУ, единствената контролна структура на оваа влада. Владата дури и се извини затоа што го направила таков килав.
    *
    *
    А бе ти, истата магла ја продаваш како вмро-нпк! Истите зборови. Или си многу наивен, или си апаратчик испратен овде.
    Ај кажи кој си?

  • -1 глас

    Криминалот со ХАЧ не се случи и незнам што е лошо ако е воочен пропуст во изборот и трансакцијата е откажана. Да беше така и со ЕВН сега ќе беше сосем друга приказна. А и ЕВН можеби се жали бидејќи некој нешто ветил но неможе да го испорача.
    *
    ЕВН прва почна да се жали по медиуми. Пречеше законот кој треба да ги заштити граѓаните на синдромот “матав“.
    *
    Законот не сум сигурен дека ЕУ го оспорува. На ЕУ и е битно да има непречен пристап до пазарот за енергија, со претходните правила за игра тешко дека некој од ЕУ ќе заиграше.

  • -1 глас

    ти човече на некоја добра дрога си... граѓаните многу многу добро знаат колку плаќаат сега и кај завршуваат тие пари

  • -1 глас

    А ти, mini me vordan, ако сакаш да дискутираш како возрасен, кажи си кој си, што си, и кои ти се корените, како што сме кажале и јас и јпетров.
    Вака, криејќи се зад анонимноста, секоја твоја изјава губи на тежина и изгледа троловски, бидејќи најверојатно тоа и си.

  • -1 глас

    не мора да кажува...

    пренеси поздрав до твоите со песната „кој високо лета ниско паѓа“

  • -1 глас

    Не сакам да се вовлечам во политички разговори но, тие високо што летаа паднаа и уште неможат глава да дигнат. Точно е дека тркалото се врти, еднаш си горе еднаш си доле ама радиусот на ова тркало е многу голем. Вака би дискутирал ако се навлечам на вакви поздрави.