Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Фрчковски обвинет

пријавена од dime пред 1 година, 3 месеци. (netpress.com.mk)

Деспотизмот продолжува !

станала популарна пред 1 година, 3 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Политика

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    И ја не го сакам Фрчковски ама ова не е нити вистинскиот начин деспотот Грујо да си ја врати (ако воопшто ја има) честа и угледот (освен ако тие 30к евра не завршат работа) нити вистински начин да се казни Фрчко. Бољи да го судеа за малтритарање жени на паркинг и сл.

  • +2 гласови

    не е лошо колумнава да се претвори во блог меме...

  • +1 глас

    Да ја објави Фрчковски со некоја лиценца што дозволува.

    Вака и Грујо и он ќе те тужат. :)

  • +1 глас

    Не може никој да тужи никого повеќе од страна на libel, заради тоа што веќе има пресуда. За преземање е можно доколку се преземе целата а не само мал дел, но никој не може да те тужи за линк. Заради тоа ја практикувам таа слобода и го објавувам линкот:

    http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp...

  • +1 глас

    Темата ќе биде „И јас сум Фрчковски“ :)

  • -1 глас

    А бе нели имаше закон за дефамација бре? Цццц..сеа ќе си направи нова кампања за тоа како е животот убав. Смешно е што Фрчко ќе стане жртвата за демистификација на „десничарскиот хуманизам“, :)))

  • +5 гласови

    Од кога од Фрчко ќе направат политички иредентист и борец за слободата на говор што шамара студентки по паркинзи - ќе го предложат за претседател... можеби тоа ќе биде изненадувањето што го најавија... натема ги!

  • +2 гласови

    лол

  • +7 гласови

    Еј, знаете шо ќе биде јако? Фрчко да плати тријсе иљади еура, и Грујо да му прати инспекција: а од кај ти на тебе толку пари со државничка плата? :)))))))

  • +3 гласови

    Или да ги плати со девизи (што е забрането) :о

  • +3 гласови

    Да не ја преценуваме интелегенцијата на Грујо нели.

  • +1 глас

    Денеска го видов Кољо Дијамантот (иначе мој сограѓанин, од Ресен), но тоа беше пред да дознаам за пресудата, по повод колумната во чиј наслов тој се спомнувал.

    Следниот пат кога ќе го видам, ќе му посоветувам – и Кољо (како НАЈнавреден со неа) нека го тужи Фрчкоски, па да видиме колку ќе добие како експлицитно спомнат во насловот (иначе, Гwуевски не е експлицитно спомнат со име!!).

  • +2 гласови

    Мислев дека Царината е најкорумпирана во Македонија, ама имало и други претенденти на врвот: судиите, а богами и самата Влада.

    Фрчковски, сам по себе, не е битен, насилничкиот однос на државата кон граѓаните е она кое сите го гледаме.
    Апси, суди, пресудува, води хајки, прислушува, тепа ...
    Нека ни е со среќа.

  • +2 гласови

    Интересно е што судската власт никогаш не успеа квалитетно да се оттргне од политичките влијанија. Претходно СДСМ ја држеше буквално како свое заморче, а сега по „судските реформи“ контролата ја превзема ВМРО.
    ...на истоку старе приче..!

  • +1 глас

    да, страшно. практично за секоја покомплексна работа наместо на врховен завршува во Стразбур.