Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Ех „Македонци, Македонци“

пријавена од Lavot пред 1 година. (www.taratur.com)

Македонски новинари и политичари ќе ја продадат душата и на ѓаволот, за да ја турнат моменталната власт. Во ред, разбираме политичка битка, избори, ама продажба на националните интереси?!?

проблем? |  кој гласал? |  категорија: Политика

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • -1 глас

    јас да сум ко тебе ќе ги истепам на плоштад. зеиг!

  • +1 глас

    Сами доволно си се оштетени...
    А, и не си ги валкам рацете за духовно осакатени лица.

  • +1 глас

    Да, се согласувам со gemidjy, ова треба све да се стрела, такво време е, партизанско, или си со нас или не си.

  • +3 гласови

    Сеад, ако зборуваме за инцидентот со црквата, омразата ја шират и двете страни (се забележува засилен говор на омраза кој кулминира со термини од типот Хунзи, Букефали и сл.), а жално е што СТУДЕНТИ дозволуваат да бидат манипулирани од трагикомични ликови.

    Но, и тој инцидент е смешка во споредба со видеово и со односот на некои мак. политичари и новинари кон клучните национални прашања.

    П.С. Имавте доволно врски овде за прашањето кое ве тангира, нека остане ова за дотичното видео, ако може.

  • +1 глас

    што ќе ми е да се викам македонија ако ме тепаат на плоштад?

  • +2 гласови

    Види Новица, твоите цели се легитимни, ти сакаш да протестираш, јас немам ништо против тоа. Не напишав ниеден коментар на илјадниците врски „пискотници од Галичник до река“, не зашто немам став, туку затоа што не сакам да влезам во манипулирана и фингирана гротеска од познати манипулатори кои веќе 15 години ве манипулираат воглавно пред избори или референдуми.

    Од друга страна јас протестирам против лицата на видеото и не мора ти да ме ’тепаш’ овде со дебилни коментари.

    И на крај, Македонија треба да ни е поважна од било кое минорно прашање дали ќе стои Лумикс, Црква, Александар или Тито на плоштад.

  • +1 глас

    1:
    „(се забележува засилен говор на омраза кој кулминира со термини од типот Хунзи, Букефали и сл.)“ -- не заборавај на „шиптари“, „богохуљи“, „пи*ки“ и сл многу полоши зборови од хунза или букефал. А и Букефал шо е навредливо толку? Нели треба да се гордееш ако ти викне некој Букефал исто како што јас би се гордеел ако некој ми викне Tux.

    2:
    Како тоа Македонија најважна? Мене к* ме боли за Македонија ако од утре нема да можам да поминам низ и онака грдото Скопје или и онака сиромашната Битола, само заради тоа што ставиле споменици на фаци кои немаат допирна точка со мојот живот?

    3:
    мене ако ми сметаше видеото немаше да го постирам на 300 страници и да го промовирам како шо ти тоа го правиш по таратури и грчки салати.

  • +1 глас

    1. Си прочитал „пички“, „богохуљи“ во весник?
    - Хунзи го има во секој број на партиските билтени на СДС, во секоја втора колумна! Фашисти и сл, исто така...
    2. Ако ја нема Македонија ќе го нема ни Скопје, ниту твојата Битола.
    3. По таа логика, ако ви пречеа вчерашните инциденти (а ви пречеа), немаше да ги постирате на милион врски овде, блогови и други места, нели?

  • +1 глас

    тоа што беше постирано беше патетиката на христијански фундаменталисти кои нападнаа невини луѓе кои кренале глас. end.

  • +1 глас

    Добро, ова што е постирано е патетиката на дел политичари и новинари кои духовно го осакатуваат македонскиот народ заради нивни добро познати причини.

  • +1 глас

    Не е лоша идејата за Тито на плоштад...

  • -1 глас

    Знаеме за тебе... :)
    Јас би гласал сепак за Александар

  • +1 глас

    па ајде еден референдум да направиме - Тито, Гоце или Александар. Па нек најбољи победи...

  • -2 гласови

    Ех, не може да ми ги делиш гласовите, како со Љубе :)

  • +1 глас

    па мене не ми изгледа така... Љубе ги зема сите гласови од core ДПМНЕ

  • +1 глас

    минусов е за александар а против гоце. баш вмровски...

  • +1 глас

    @Lavot: настрана сета комплексност на темите, не навлегувам во другиве коментари, само една ми е идејата тука, не може никој априори да држи позиција на „бранител на национални интереси“ а другите да ги исклучува како автоматски „небранители“ или „предавници“, што е основа за шизма и омраза. Самите начини на одбрана на националите интереси се предмет на демократска дебата. позз.

  • -1 глас

    Сеад - верувај пријател, не се гледам себеси во некое мисионерско светло, туку единствено сакам да предочам на она што занимавајќи се со ситни работи го забораваме - дека се делиме како нација, дека сееме омраза меѓу нас и дека стануваме поранливи при страшен национален проблем.

    Знаеш што, вчера додека сите се занимаваа за црквиве јас навивав за Босна :)
    И тоа заради овој тип што ќе го слушнеш на видеото:
    http://www.taratur.com/node/8425
    Типот инаку е Србин по националност

    Кога ние ќе можеме без страв, да чувствуваме национална гордост? Страв токму од оние кои ме нарекуваат Хунза или сл... Кои го понижија народот, кои духовно го осакатија, па сега се случуваат трагични контрареакции како таа вчера.

    Не е тоа ништо инцидентно.... Пресијата, вековната пресија и нарушувањето на верските слободи денес доведуваат до вакви моменти.

  • -1 глас

    Само, полесно е да се обвини за фашизам, нели, отколку да се види што е проблемот...

    А, манипулацијата останува како факт!

  • +1 глас

    добро бе не се фашисти, отсега ќе ги викам кју-клукс-клановци

  • +1 глас

    Не мора да ги викаш, сами ќе ти дојдат :))))

    Туку, за видеово беше муабетот....

  • -1 глас

    nobody expects the spanish inquisition

  • +1 глас

    „Kоментаторот“ на Таратур се соблазнува над мојата „предавничка дејност“, бидејќи во Македонија денес критиките на сметка на „моменталната власт“ се сметаат за „продажба на националните интереси“. Веројатно наскоро ќе се донесе и закон за заштита на ликот и делото на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ.
    Боже, со какви идиоти си имам работа…

  • +2 гласови

    Героски, Таратур за разлика од твоите билтенчиња отсекогаш бил непартиски портал, но и на страната на мак. национални интереси. Тоа што заради твојата инволвираност и одбрана на ставовите на грчката страна, ги плукаш сите околу тебе, доволно зборува само за твојот статус во македонското општество.
    Тоа е тоа, јас кога ќе ги видам Папандреу и останатите грчки опозиционерски политичари и новинари со ваков тон да зборуваат пред мак. медиум, ќе се извинам и ќе сфатам дека тоа е најнормално. Дотогаш ќе ребрам жални фаци.
    Поздрав

  • +1 глас

    @Lavot: Ти благодарам искрено на пораката, примерот е извонреден за она што му треба на ова општество.

  • +2 гласови

    И јас ти благодарам, разумните луѓе ќе се најдат заедно, а тоа и кај блогот на Ванковска се обидов да го испровоцирам. Мора дел од ’незаразените’ мак. интелектуалци да застанат на патот на поделбите и да ги смируваат ваквите тензични ситуации бидејќи не и носат добро на нашата нација.

    Босна е многу страшен пример, трагичен...
    Не мора да го одиме тој пат целосно, за да бидеме обединети.

  • +1 глас

    Тоа беше заедницата на Кајмакот.

    Клик [[овде]] за да се одјавите.

  • -1 глас

    Јас вчера првпат зборот БогохуЉ го слушнав од онаа вештеркана на плоштад. И сега тој збор стана заштитен знак на некои персони. Па Лаве те молам кажи ми што значи тој збор?

  • +1 глас

    Јас лично слушнав еден кој им викаше „грци“ на студентите.

  • +2 гласови

    Појма немам Швабо ти кажав, не сакам да навлегувам во таа дебата, мислам дека доволно бев јасен. Прашај на многуте линкови поврзани со тоа прашање можеби ќе ти одговори некој позапознат.

    Овде пожелно е да дискутираме за видеото.

  • -1 глас

    Нема ништо ново на видеото. Незнам каде гледаш продажба на национални интереси? Сите тие ставови што ги имаат искажано се јавно познати.

  • +1 глас

    Оф јадни слепци... треба да образложувам што значат за грчката јавност ваквите пласирани видеа, која слика се создава во однос на преговорите, каков став ќе држат околу НАШЕТО НАЦИОНАЛНО ПРАШАЊЕ и тн?
    А, муабетите за шпиунажи, плачките за ’отстранување’ од весникот, кражби на гласови, па и „причината“ на градоначалникот...

    И сето ова пред грчки медиум!

    Затоа пишав, замисли си го ова во обратна ситуација. Ама немаш ти ни толку бујна фантазија!

  • +1 глас

    `отстранување` :)))

  • +1 глас

    Тешко нас со вакви политичари! Господ или незнамкојнекој нека ни е напомош!

  • +3 гласови

    Како беше она „A patriot must always be ready to defend his country against his government“ - не дека имам желба да ги бранам Геро или Фрчко...

    Но кои се тие „Национални интереси“ околу кои мора да бидеме обединети???

    Дали се тоа:
    · Човекови права (слобода на мисла, говор, здружување, протест)?!?
    · Правна држава?
    · Секуларна Република??
    · Граѓанско општество?
    · Плурализам и демократија??