Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

ЕУ ни го смени јазикот

пријавена од zlochko пред 1 година, 2 месеци. (utrinski.com.mk)

„Брисел го избриша македонскиот јазик од надворешна употреба и отворено го спори кодот на државата“ Ајде сега бранители на теоријата „името нема никаква врска со јазикот и идентитетот“ - јавете се да ве чујам што ќе кажете во одбрана на европските ни пријатели. Море мамицата...!!!

станала популарна пред 1 година, 2 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Политика

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • -1 глас

    kako mozhe nekoj da ti go smeni jazikot? na koj jazik go pisha komentarov?

  • -1 глас

    На некои луѓе им е битен брендот. „Nike“ и „Nake“ не е исто :)

  • -1 глас

    Aaaa.. тоа е значи новата теорија? Не е веќе „Промената на името нема врска со идентитетот и јазикот“, сега е „Ако го смениле името на државата, нацијата, јазикот, не значи дека ги менуваат и самата држава, нација и јазик“.
    Ахам!
    ...сега ве контам многу подобро...

    Патетикус Вуна. Патетикус! :)
    Како сега да ти објаснам јас нешто, што дури и во СДСМ-овскиот весник го сватиле па решиле да стават таков наслов на веста? Ете, обрати му се на авторот на текстот. Верувам дека подобро од мене ќе ти објасни како тоа е изменет јазикот. :)

  • +1 глас

    Па што го минусирате Вуна? Ако е за право, по известувањето, треба да биде дека е сменето името на јазикот, а не јазикот.

  • -4 гласови

    злочко, тропаш групости. треба да ги викнеш твоите другарчиња од вмро и да и дадеш јасна цел на нивната дипломатска агенда а не боце ко мало дете да се шета наоколу со рекла-казала концепција. Некој глуп грк издејствувал да се смени таа дефиниција и сеа ние немаме јазик?

  • +4 гласови

    Драг Диме. Ова што ти го пишуваш за мене не е тропање глупости. Повеќе е доказ дека нашиот народ треба да користи почесто „Билобил“ те. „Меморил“.

    Истите овие аргументи ги слушав и кога јас и останатите „теоретичари на заговор“ како што милувавте да не нарекувате, тврдевме дека по промената на името следува и промена на графата јазик и националност. Ама и тогаш, како и сега не правевте глупаци, пошто нели тропавме и сеуште тропаме глупости. :)

    Како одговор на твоето прашање, ќе ти кажам само - да сме живи и здрави и биди сигурен дека тоа што Грција и ЕУ го сакаат со таквите ставови како твојот и на Вуна - се на добар пат да го добијат.
    Ќе правиме муабет за некоја година...

    Инаку „Билобил“ и „Меморил“ може да се пронајде во секоја аптека.

  • -3 гласови

    Е па сега Злочко, дали оваа вест има шанси да ти прочисти некои кабли во главата?

    Кога некои интелектуалци и др. зборат наоколу да не се глупираме и провоцираме, да не се шепури знамето маќедонско на кое го имаш и халќидиќи кое дури беше лансирано од владеачката денешна партија, некои викаа ’не не иденитетооо наш е това ’ без него не можеме.
    Промучкајте малку со главите, и увидете веќе еднаш дека македонија е комплетно херметички затворена, цела дипломатија е сведена на нула, се немаат партнери во еу институции,тела,и сл. ништо не се ни преговара ни договара, само се пуштаат патриотски песни , се преименува се што може да се прекрсти у Али Македонски и Филип2 и толку,обручот е затегнат.

  • +3 гласови

    Коментар од Утрински Весник под статијата:
    Од: zelezara
    Датум: 29.01.2009 13:35:32
    Do Makedon.Tebe kako ne ti e STRAM da treses gluposti.Ako ostanat tvoive na vlast i glavite ke gi izgubime.STRAMOTA

    (Наведната глава - сабја не сече)

  • +4 гласови

    Значи Рокси вака. Имам што да ти одговорам, ама чисто за да биде поинтересна дискусијава, дозволи јас да ти одговорам преку следнава констатација и прашање.
    Со оглед на тоа дека припаѓаш во таборот кој што ја критикува моменталната политика по ова прашање, сметам дека не е фер само да се критикува без при тоа да се даде алтернативна солуција. Јас ќе ти одговарам на прашањето, кога ти ќе ми одговориш на следното: Која е таа политичка гарнитура која има капацитет да го реши ова прашање во наша полза и кој е начинот на кој што ти предлагаш истото да се реши? Со други зборови кој треба да дојде на власт и што треба да направи за ние од сето ова да излеземе со крената глава?

  • -1 глас

    Злочко брат, сакаш да кажеш дека сегашнава "гарнитура" има стратегија за решавање на спорот? Ако е така, те молам просветли не со некои суптилни делови од толку недостапна за нас смртниците концепција?? Или да погодам, двојна формула?
    Лупање у гради и сељачки провокации се дел од карактерот на владеачкава структура ама тоа ли е стратегија?
    Нашата дипломатска неспособност се докажа во моментот кога освен името почнавме да преговараме и за јазик и идентитет.

  • +2 гласови

    :))))))))
    Баш би сакал да ми посочиш каде тоа јас тврдам дека актуелната власт има стратегија за решавање.

    И да... прашањето до Рокси, еве го и за тебе:
    Која е таа политичка гарнитура која има капацитет да го реши ова прашање во наша полза и кој е начинот на кој што ти предлагаш истото да се реши? Со други зборови кој треба да дојде на власт и што треба да направи за ние од сето ова да излеземе со крената глава?

  • -3 гласови

    Злочко, и те како е фер да се критикува владеачката партија и без да се понуди солуција. Еден од основите на модерното граѓанско општество е токму тоа. Ако ти веруваш дека денешнава политика која се води е единствената тогаш џабе да веземе сега,фати се под рака со лавче и перса и пејте стари тажни песни и вејте го знамето со се тасос на него.
    Херметичкиов капак во кој патриотите вмро ги затвори своите граѓани и им пушта песни као “свести се македониоо“ и се спрема да гради стометарски скулптури на коњчето букефал ненормално потсеќа на оној Милошевичев херметички капак, таа една реторика, “никој не не’ сака сите се против нас, кој ги еби, ние можеме и сами, најјаки сме“ !!!
    е супер стварно.

  • +4 гласови

    :)))))))
    Јас ниту реков дека верувам, ниту реков дека не верувам.

    Јас ти поставив конкретно прашање и ние ќе ја продолжиме дискусијата кога ќе добијам нешто што барем наликува на одговор на истото.

    Или... некои прашања не заслужуваат одговор? :)

  • -2 гласови

    Злочко:let me guess

    претпоставувам дека во твоето прашање е одговорот . ? :)
    значи, не постои друга партија која е покомпетентна од оваа, другите не чинат наспрам овие.. во македонија нема некој друг кој подобро би се однесувал во дипломатијата ..? Вака-така овие ни се најсигурен bet ??

  • +5 гласови

    Појма неам. Ти кажи ми. Јас сеуште чекам одговор од тебе.

  • -4 гласови

    Блазе си ти ако чекаш одговор од ретардирана личност која има среќа што е во Македонија, па одбегнува институциите да ја згрижат...

  • +4 гласови

    Лавот, навистина нема потреба од квалификации. :)) Јас само одбивам да ја земам топката во моја половина. Оти ако ја земам, Рокси, Диме или кој и да е ќе можат да ги напаѓаат моите гледишта без ниту еднаш да ги искажат своите.
    Lets level the fields... они ќе ја надополнат критиката со можно решение или нерешение, јас ќе го направам истото... па потоа ќе кршиме копја врз идеите. :)

  • +1 глас

    zlochko стварно нема потреба од квалификации, муабетот ми беше дека ако бараш мислење од ретардиран човек - можи да ти речи само „расипан е“.

  • +2 гласови

    Инаку политиката на попуштање за која се уште не убедуваат дека ќе успеела - функционираше веќе 15 години. Под притисок сменивме едно чудо работи, ја згазивме и најмалата трошка достоинство, и сега повторно ретардираните фаци урликаат да попуштаме?

    Зборот идиот треба да им биде комплимент...

  • -1 глас

    Злочко, се гледа дека твоето гледиште е идентично со сегашниот курс на власта, верувам дека roxy ја испровоцира таа сервилност шармирана со квази-патриотизам.
    Владата сценира безнадежност во спорот со името, демек шо и да напраиме џабе е, пак Грците ќе не блокираат, оспоруваат.
    Треба да се престане со провоцирањето на другата страна, со низа работи на кои двете страни се сложиле.
    Имаме проблем со земја која е посилна од нашата, воено, економски, политички а тоа во теорија на преговори значи да се прават отстапки од почетните позиции.
    Според мене голем успех наголемиот успех ќе биде да се зачува уставното име како и досегашните признанија под уставно име.
    Најбитно и по мене најтешко од се е да се дојде до гарант дека договорните страни ќе се придржуваат кон договореното.

  • +4 гласови

    Рокси е не-фер играч во овој наш мал дебатен клуб. Ама за тоа со неа, а не со тебе. :)

    Грција со нас се сложи (и тоа писмено) да не не попречува во влезот во мултилатералните организации - па сепак тоа го прави. Толку за провоцирањето.

    Почетната позиција беше Македонија, па се доближивме до ФИРОМ, потоа уставот не чинеше, па го сменивме. Ни знамето не чинеше... направивме конкрус за ново... потоа не чинеше ни ФИРОМ.. па двојна формула, па тројна.. а сега не чини ниту јазикот, ниту нацијата. Вака според тебе: до каде треба да правиме отстапки и кои се отстапките што другата страна ги направи до сега? Толку за преговорите.

  • +4 гласови

    Околу зачувувањето на името: Ако ти си се викал Горан, па самиот си се прекрстил во Диме, ама јас упорно те викам Горан - нема тоа да биде отворено ругање на твојата одлука? Секако дека сите експресно ќе го изменат името со кое не признаваат ако самите си го измение... и тоа како доказ на почит.

  • -1 глас

    Злочко, како прво не ти одговорив на прашањето (затоа што одеднаш бев зафатена со нешто) а од друга страна не се впуштив во одговор од чист респект кон тебе како соговорник.
    Прашањето “Која е таа политичка гарнитура која има капацитет да го реши ова прашање во наша полза и кој е начинот на кој што ти предлагаш истото да се реши?“
    не може да биде одговорено со “особа Б“ “особа Ц“ “таа партија онаа“ затоа што било што да одговорам тоа би било нешто од ракав и испод чест ми е. Можам да направам само една констатација.

  • +3 гласови

    Е добро, пошто добив одговор од тебе редно е и јас да ти кажам што мислам. Тоа со респектот нема потреба да ми го споменуваш, оти кога некој не респектираш одбиваш воопшто и да разговараш со него. Важи тоа и за тебе и за мене. :)

    Кога јас би одговарал на истото прашање што ти го поставив, би одговорил мн. слично како и ти, имено прашањето е толку комплексно и замрсено што (мое мислење е дека) не постои партија со доволно капацитет самата да го реши. А уште помалку еден челник на партија со купче (не)послушници околу него.
    Мислам дека до тука се согласуваме...

  • +3 гласови

    Втората по бројност партија сдсм и со најслабиот кадар поефикасно и дипломатски ќе играше на Еу сцената од овие што се претпоставувам -елитата- денес. Поради тоа што по убедување сум републиканец(не во usa сенс) мене лично сеедно ми е која партија е на власт и не ми е важно левица-десница тегнење,важна е републиката. Она што е една кобна констатација е тоа што земјата во едни тешки времиња ја водат буквално лавчиња и перси и ти и сличните, седите завалени у античка фотеља и ваму ве тегнат за нос, ви се изметираат врз глава вие НЕ НЕ не приметувате, загледани сте во газот на Филип II, пазувот на Цар Самоил, тестисите на Али Македонски и ич не ви чуе за реалити свет! Разликата видиш со еден друг период е колосална.

  • +3 гласови

    Е сега да ја разлгедаме работата на СДСМ и тоа не со последниот туку со нејзиниот ПРВ ЕШАЛОН:
    1. Успеа со својата провокаторска политика да добие вето и затворена јужна граница
    2. Испровоцираа промена на име во ОН
    3. Испровоцираа измена на устав
    4. Испровоцираа промена на знаме

    Па ако вака кумулативно гледаме, тие многу повеќе штета ИСПРОВОЦИРАЛЕ за државава со нивната добра дипломатска игра на ЕУ сцената, отколку сегашниве со нивното инаетење. :))

  • +3 гласови

    Гледаш, баш и нема врска кој е на власт. Изгледа дека тоа што ЕУ го сака - тоа ЕУ и го добива. Разликата е само на кој начин и колку брзо ќе го добие.
    СДСМ беше маската на ЕУ, те. нивниот локален политички портпарол која не убедуваше дека е потребно/треба/најдобро е да ги прифатиме наложените измени.
    Другиве пак го навлекоа бесот на ЕУ затоа што не и ја даваат потребната маска, те. и се инаетат, па ЕУ е приморана својот безобразлук и лицемерие јавно да ни го покаже.
    Првите тераа скоро 15 години и како што гледаш не не однесоа мн. далеку. Ред е на вториве да им дадеме шанса, барем да стасаат до едно вето! :)))

    На остатокот од пораката не ти одговарам оти сем стилски изразни средства и добро запакувани навреди друго не прочитав.

  • -1 глас

    Злочко, има две зла .. ЕУ од една страна .. да станеме (а но добар пат сме) Србија of the 1990ies. Нема џокер, нема помош од пријател, публиката не ја интересира.

    Ти што ќе играш?

  • +1 глас

    Додека пред некоја година една друга партија беше на власт, сите овие што денес се “комуњарчиња“ сите до еден дробеа брбореа де против бучко де против овој оној. Кога критиката требаше да биде присатна ТАА навистина беше.
    Сегашнава влада само ја продлабочува онаа јама која ја започна патриотот и херојот македонски Љубчо и Доста, со резурекција на примитивниот национализам, херметизам, несоработка со еу институции, нула лобирање, нула дипломатија, и враќање кон корените, антиката, дедовците оти очигледно ИДНИНА не знаат да понудат. Само past-tense.

  • +1 глас

    Се сложувам и со ова. За докази не мораш да одиш подалеку од Кајмакот. Имаш тука мои ставови и кон култот за Александар и за градење цркви по плоштади и за воведување на веронауки по училиштата.
    Со малата забелешка - јас сум од оние кои ги сметаат (и самите се сметаат) за тешки евро-скептици. Не дека не го сакам нивниот стандард, не дека не сакам да патувам низ Европа, ама не сакам мојата држава да влезе во таа квази институција, која (според многу) е близу до распад.
    Но тоа е друга тема.
    Е сега по прашањето „понуда на иднина“ секој со своите ставови, приоритети и изградени вредности. Мене лично „европската“ иднината што ми ја нудат со цената што треба да ја платиме не ми е потребна.

  • +1 глас

    Ете да се надополнам... и абортусот заборавив да го додадам на погорната листа. :)))

  • +1 глас

    Како и да е... Тешко на било која држава ако нема критики, различни мислења и постои само equlibrum на „погодните“ и на власта...
    Морам само да кажам, за името се сложувам со Злочко, а за глупоста наречена „антички корени“, статуи и знамиња, со Рокси & комп.

  • +1 глас

    Во право си Том, тешко на државата без критика. Уште потешко на онаа држава во која интелектуалците (кај што спаѓаат и блогерите) знаат да го прават само тоа - да критикуваат.

  • +1 глас

    Јеби га. Брисел вика доста ги преименувате аеродромите и автопатите ај олабавите, нашите ич не им чуе. Може сега ќе им чуе.

  • -1 глас

    Злочко, ова листава со точкиве од ешалонот ја подготвувате у месна заедница таму со батковците после фудбал седнати под знамето на вмро од 1897?:)
    под бр 1. потсетник: во 2005 со истиов овој караманлис добивме статус Кандидат. Во 2004 грчкиот парламент скоро едногласно го има ратификувано овој договор меѓу нас и ЕУ. Тогаш Грција имала некои поинакви интереси? не им значело името и нато и др? Па така и Шеќеринска во 2005 кога се има вратено од Брисел се вратила со тој статус кандидат. Тоа мислиш така од небо паѓа? мислиш дека тоа не е резултат на разни партнерства, дипломатија и сл?

  • +2 гласови

    Хе хе. Фина доскочица нема што.
    Сепак, нема да се спуштам на тоа ниво на комуникација.

  • -1 глас

    Нема да се спуштиш на ТОА ниво комуникација?? уредно ти одговорив по точките кои ти ги наведе.
    Или чекај, не ти одговара одговорот и ај сеа , скар скар више не се играм со тебе?
    Ова е пример на ГОЛЕМИОТ ЈАК НАјјак Македоноид , Македонец мажиште силно?
    штом нешто не иде ти иде по волја и немаш дискутант ко лавче и персе собираш парталите и чао?.. еххх

  • +2 гласови

    :) Не бе Рокси... едноставно не сакам да се спуштам БАШ НА ОВА ниво на комуникација од твојава последна порака како најдобар пример за тоа што ти го напишав.

    Свати ме како сакаш. Јас ги почитувам твоите ставови, но стилот ме потсетува на некои колумни кои одамна ги читав по дневните весници. Можеби грешам, можеби сето ова е ептен субјективно од моја страна, но ете... не сакам и нема тоа да го направам. :)

    До следната наша дискусија, се надевам на некоја друга тема. :)

  • -1 глас

    Промена на името во склоп на ОН дојде отпосле и тоа е спор за кој не можеш да обвиниш никого. Ако сметаш, дека штом ОН примениле фиромизација дека ние сме требале да излеземе и автоматски бидеме изолирани од сите светски институции,банки и др. тогаш во ред. Размисли само,која ни била алтернативата.
    Во врска со уставот и рамковни мислам и двајцата знаеме кој беше премиер Љ.Георгиевски и претседател Б.Трајковски , брат љубе. Нив кажи им фала.
    Во врска со знамето оставам некој друг да каже што има да каже затоа што и двата вентилатори не ги сметам за соодветно знаме, сонциња глупости не фала.

  • +1 глас

    :)))))))))))))))
    А не играме така. Тој што е на власт - тој е одговорен... така беше нели?
    Нема force majuere во политика.

    А алтернатива јас навистина не чувствувам потреба да барам, особено не после твојата изјава „и те како е фер партијата на власт да се критикува без да се даваат идеи“. Ете сега само критикувам...

    Традицијата „промена на устав и креирање на уставна турлитава“ ја започнаа едни други политичари многу порано од тие што ти ми ги наведе.

  • -1 глас

    Ти не си еуро скептик. За да бидеш еуро скептик треба да си ако ништо друго жител од најбогатите земји во ЕУ. Друго нема.
    Ти си приучен скептик. Мислиш дека Еу е лошата баба, они се инатат, ние враќаме и на крајот краевите што ќе ни се тие ѓубриња??!
    Камо среќа, да сме ние во една таква позиција, еве јас прва ќе урлам против ЕУ, да сме ние во ситуација да им кажеме НЕ Фала и чао. Како норвешка,швајцарија.. Меѓутоа ние не сме овие пребогати земји туку сме буквално задњата рупа на свиралото,гледано низ цифри уште полошо отколку што мислиш дека е.. нам ни е ЕУ потребна затоа што на тој начин скапанава администрација,установите,судството, структурите ќе се модернизираат(тоа е еден од условите)и можеби нема да биде генијално меѓутоа ќе биде некаков напредок.

  • -2 гласови

    Денес тие се правилата или играш во дворот со големиве или си пребогат или ќе бидеш изолирана санкционирана негирана земја.(како што е нажалост белорусија)
    Во колку навистина се нема излез и ситуацијава со грција отиде само на полошо, во колку не прифатиме модификација на името и бидеме Северосредна македнија и сл. и се држиме за јакото ни име ко пијаница за шише, на крај може така да завршиме игнорирани и исфрлени одкаде се не , да МИРНО и на раат ќе си се викаме ние Македонија тука меѓу нас , ало ало, додека целиов свет не ставил 6 метра под земја. Јако ми ти достигнување ако тоа е иднината. Значи, да повторам една стара изрека “дипломатијата не е постугнување секогаш на она што се сака туку она што се може“.

  • +2 гласови

    ЦЦЦ, загреота.... Аман бе има некое жолто комбе во близина?

    Да имаше барем малку акал во тоа шуплината ќе се обидев да ти укажам дека си смотана ко посна сарма.
    Вака не ми преостанува ништо друго освен да ти речам слободно свршувај си на колумните од Стритфајтерот.

  • -3 гласови

    @Лав, надвор од твојот интелектуален домејн е ова, не би разбрал.
    @Злочко, не можеш да сакаш да го решиш проблемот за да влезеш во ЕУ ама да бидеш и ЕУ-скептик, тоа ти е оксиморон.

  • +1 глас

    Ох домеЈн еден златен на чичо, да ми бричиш мадето.

  • -2 гласови

    Хахахахахах, е тоа е твој домеин. Цреп :-)

  • +1 глас

    Домен се вели глуп