Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Дали македонските студенти го бараат невозможното?

пријавена од zabrcanec пред 1 година, 3 месеци. (golemataslika.blogspot.com)

ТВ прилозиве говорат за 2 важни студентски настани кои деновиве ја разбрануваа младинската мисла и севста за студентски права и студентска слобода. Го бараат ли студентите во Макдонија невозможното или ова е само еден скромен чекор пред повторно да бидат замолчени? Имаат ли свој заштитник?

станала популарна пред 1 година, 3 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Политика

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    вториот прилог е priceless. браво.

  • +1 глас

    абе ај... слобода на говор... еве ти итнернет. биди слободен.

    ок и радио е кул... ама кога има интернет? хм... интернет радио?!

  • +2 гласови

    радио интернет!? :)

  • +1 глас

    Радио интернет е супер идеја ... само што за да функционира онлајн ќе му треба опрема, фреквенција, кеш... единствено може медиа портал да се створи, па таму да се ставаат подкасти... ама тоа и вака по блогови функционира.
    Проблемот е друг:
    Дали конечно ќе се створи систем на студентско организирање кој ќе ги мотивира студентите на акција. Систем во кој ќе се натпреваруваат идеи, програми и проекти. Систем во кој наместо крал на студентите ќе се бираат студентски групи и организации со нивни платрформи: десни, леви, од радио, од ВМРО, од СДСМ, од ДУИ,од ДПА, со посебни потреби, Роми, про-владини, антивладини.
    Може ли да се случи сите да ја бараат студентската слобода преку натпревар на нивните идеи или ќе чекаме да се прелее чашата па да ни се случи Грција?

  • +3 гласови

    бачко грција нема да ни се случи. чашата со студентите одамна се прелева... ехеее...

    факт е дека работата не ја бива, ама па и од секоја врба не бидува свирче.

    сите студентски иницијативи до сега пропаднале дека ниедна не била grassroots напор... сѐ е тоа шминка, па и овие некои нови повици.

    може евентуално на вуна да му се симне капа за некои работи, ама он не е тука, а некако нема кој да дојде на неговото место.

  • +2 гласови

    Јаоо која солуцијааа ево вама интернет нека одмори универзитетот и ректоратот. ц ц ц како бе не мрднете малку од ова парче земја па ѕирнете малку во држави кои имаа интернет додека ние на друже тито му се куневме и види мајката пак имаат студентско радио. Глупи се тие или? Ај шо има албанци да бараат канал во мтв на свој јазик нек си блогираат бе. Како не и текна на тогашната влада.... :)
    Мислам не зезај. Универзитетот има обврска да двои од буџет за студетски медиуми. Блогови, нет и слично едноставно е друго 16.

  • +1 глас

    нека не одмара де. нека го реметат. може да го реметат на разни начини. може одвнатре некои како ти, или може прво по интернет.... јеби га.. ете во хрватска на фејсбук се организира против санадер. може ваљда и во македонија тоа да се проба? или само кукање и обвинување ќе читаме?

  • +1 глас

    На тој универзитет треба да му се случат "студенти на капија"...онака како што му се случија денес... и повторно и повеќе ...
    А facebook може само да ги повика. Клучно е да се дигнеш, да кажеш можам и да се приклучиш кон групата која веќе постои. Или да креираш нова група... слобода на здружување, наместо монопол врз студентите! И за тоа треба да се виси пред УКИМ... и за смрдливите 200 денари што секој студент треба да ги плати за смрдениот сојуз да може да организира олимпијади.
    Никако по линија на помал отпор... ќе си кукаме само и ќе викаме дека не не бива?! па тоа го си го мислат и тие што го гасат радиото и затоа се вака олабавени!

  • +1 глас

    Второто видео го пуштив. После 2 секунди го исклучив и нема потреба да го гледам. Зошто? Затоа што видеото започна со слика на постер на кој што пишува „ДАЈТЕ НИ ГЛАС!!!“

    Состојбата со студентите кај нас (била и сеуште) е повеќе од патетична. Изгубени во вредностите, со лажни идоли и без никакви идеали се бледа слика на она што зборот „студент“ барем во политичка/интелектуална смисла треба да го претставува.

    Ај вака... кој бе да ви даде глас??? Како може да ви дадат нешто што не е возможно да се земе?! Та луѓе сте или глувци?!

    Ама и Новица е во право. Последен пат тука имаше студентско движење од кое како резултат се искалија двајца политичари... едниот стаса до директор на библиотека, а другиот еве го - министер за надворешни. Не е ни чудо што студентиве се сомневаат дека ќе бидат злоупотребени.

  • +1 глас

    Тој директорот на библиотека беше Македонски конзул во Њујорк. Се офајдија и двајцата, без гајле. Не се плашат од тоа студентите. Се плашат дека нема да се офајдат.

  • +1 глас

    Што значи тоа злоупотребени, па тоа е поентата на студентско движење да те лансира во тековите на општеството.

    Шупци, не шупци тие во нивно време си беа лидери на тоа студентското движење и сега се лидери во општеството, тоа е нормален тек на настаните. Неможе сите да бидеме министри и директори.

  • +1 глас

    Таа паролата „Дајте ни глас“ ме измести од место. Баш патетикус!

  • +1 глас

    Дознав дека пораката е резултат на мис-комуникација... Првичниот слоган бил "Пушти глас", па настанало недоразбирање и отишло "Дајте ни глас"...
    Но, на страна слоганот. И активноста ли е патетична?

  • +1 глас

    Ne znam zasto ja okarakterizirate aktivnosta na studentite za pateticna... Tocno e deka vo nekoi zemji studentite se dvizecka sila na opstestvoto, ali kaj nas ne e taka i treba od nekade da pocnat.

    Koga nikoj ne se buni protiv nisto, a studentite ziveat sranje zivot, togas gi rugame... koga ke napravat nesto protiv, pak gi rugame...

    I da nemaat glas poso nemaat kade da se obratat, vo SSUKM? Kaj sto nisto ne funkcionira i imaat prazni kancelarii? Ili na studentski prasanja? Mora vaka da se pocne i dosta so pasivnost i so ruganje bez akcija..

  • +1 глас

    1. Добредојде на Кајмакот! :)
    2. Следниот пат, те молам пишувај на кирилица.
    3. „Ругам“ затоа што барате да ви се даде глас. Глас имате, тој никој не може да ви го земе, туку вие можете да решите да не го употребувате. Но, дури и да си во право, дури и да ви е земен, вие самите сте дозволиле тоа да се случи!
    4. „Ругам“ затоа што на снимката видов едвај 30 луѓе... а колку сте вкупно?
    5. „Ругам“ затоа што со 30минутна активност сметате дека ја завршивте работата. Зошто и следниот ден ве немаше на капија?

    ...да набројувам уште? Пошто има...

  • +1 глас

    абе што да збориме. ете во атина улетале во телевизија. улетајте вие (студентите?!?) во радиото (кај и да е).

  • +1 глас

    супер идеја. кажете ќе ви се придружиме јас и вордан како мидлејџд ребелс. :)

  • +1 глас

    Од кај па ти ребел испадна?