Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Ако Европска унија - тогаш фискални каси. Која е логиката овде?
станала популарна пред 1 година, 3 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Политика
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Логиката се вика избори. :)
Мене ова со паушалот ми изгледа полошо отколку фискална каса и плаќање данок според продаденото. Зашто вака сега дебелиот крај ќе го извлечат токму тие кои најмалку заработуваат, под услов паушалите да се исти. И да не заборавиме дека има пазарџии кои млатат јака пара.
Не гледам причина било кој да биде исклучен од законот, освен таму каде што самиот закон дава исклучоци.
Со ваквата одлука на Владата за пазарџиите, таа си дозволува да го тумачи Законот за фискализација (или како веќе се нарекува), зависно од нејзините дневно-политички потреби. Ако сметаат дека оние кои продаваат на тезги треба да плаќаат паушал, тогаш нека донесат измени на законот, во редовна процедура, со гласање на пратениците, итн.
Ама, кога Михајло-факинг-Маневски ти е министер за правда, човек кој е поголем комунист од сите комунисти заедно, на чело со Сталин, се` е можно...
едиснтвено правилно решение е измена на законот. Вака не бива, утре некој друг ќе поплаче или притисне, и ај и нему да му прогледаме низ прсти?!? Ама кога владата сама ен си ги почитува законите кои ги донела . . пример за екстензиите на интернет, мора да носат ознаки .МК, дали ГОВ.МК, дали КОМ.МК, сеедно. За владините институции мора да имаат екстензија ГОВ.МК, а самата влада е www.vlada.mk (http://www.vlada.mk/)
И еден тон други примери . . не оди вака пријатели :)
Го сменија законот (правилникот), сега немора субдомен според тип, може само .mk. Поздрав до http://jug.mk