Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Ете анонимната кампања била само вовед (како што очекувавме). Следи закон за абортуси со што ќе се одземе правото на жените да одлучуваат за својата иднина во интерес на прирастот на нацијата.
станала популарна пред 1 година, 2 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Политика
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
И ти врз основа на една шпекулација и тоа во прашална форма која ја нафрлил новинарот на крајот на текстот, успеа да направиш цела теорија на заговор.
Баш ме интересира која фотеља ќе ја фатиш од кога ќе се смени власта. :)))
не ме интересира тоа. но ќе ми биде ќеиф кога ќе кажеш дека сум бил во право. :)
А тоа ти го ветувам. До толку имам два прста образ... ако си во право - гласно ќе потврдам дека е така! :)
Мислам дека ќе ти признаам многу побрзо отколку што и ти очекуваше. :((((
(види го вториот дел од интервјуто)
ауч, какви „аргументи“ од Ферид Мухиќ
оф леле судбино
A1: Во подготовка е и нов закон за абортуси. Со него ќе се одредува каде и во какви услови ќе може да се правата абортуси.
ЈП: Следи закон за абортуси со што ќе се одземе правото на жените да одлучуваат за својата иднина во интерес на прирастот на нацијата.
А јас по читање на тизерот помислив дека со закон ќе се забрани абортус. :-)
А1: нов закон , со него ќе се одредува каде и во какви услови - може да се прават абортуси ???????
мислам, као, тоа нешто досега е спорно?? постои некој идентификуван проблем со КАДЕ и КАКВИ УСЛОВИ ???
до сега, се прави абортус на клиника и болница или има и др. места за кои еве јас не знам а ни вие?
Значи, само некој кратковид , слеповид не може да види што се крчка во законот.
Со стабилен раст од 1.3 проценти колку што е сега, за 53 години треба да очекуваме светската популација да се дуплира. Или, со истата стапка на пораст, за приближно 730 години, ќе имаме по еден човек на метар квадратен копно. Хм.. трето дете? Не на абортусот? А малце памет у глава??
Годишно се околу 6000 абортуси, со укинување на абортусот нема ништо да сторат за природниот пораст. Друг е проблемот.
Нема шанса да го забранат абортусот. Ќе ги запалиме со се собрание! Толку.
така е
Дури и да го забранат абортот (тоа -ус е од латински и е излишно) немаш гајле. Се ке се најде некој да Ви направи аборт за грст денари повеќе. Па и крадењето е забрането со закон па крадци си има се повеќе и повеќе. Такви забрани не палат. Сети се на прохибиција у САД ;-)
нормално дека не може да се спречи абортусот, но ќе доведе до сепси, неплодност, психолошки трауми доколку се криминализира. Ова е крајно радикален конзервативизам, невиден на европско копно по втората светска војна.