Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Се прашувавте од каде толкава агресивност кај некои новинари, квазиексперти, политичари и тн. во деновите кога се переше мозокот на народот дека промената на името нема да биде толку кобна и дека мора да направиме се` за да влеземе во ЕУ? Е, па одговорот е 2.4 милијарди евра!
проблем? | кој гласал? | категорија: Политика
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
македонско име, нема да за-гине :)
Се разбира, разликата е во тоа што ЕУ *има* 2,4 млрд. евра за трошење на медиуми.
Нашава влада нема ни 24 евра. Всушност, во *минус* е 2,4 млрд., додуша, долари (во надворешно-трговската размена во 2008). Ситуацијата ни е повеќе Зимбабве отколку ЕУ.
абе.. :)
ЕУ ги троши овие пари на проекти како Еразмус Мундус програмата, филмови, фестивали, да и обуки можда.. ама во 90% случаи на земји од Унијата. така да не е све така едноставно.
Големата завера на ЕУ. Среќа ние сме слободни од неа :)
Не сте нормални...
До кога опозицијата, Грција, новинарите ќе бидат криви за сенешто?
Во што се филмовите од ЕУ ’попоштени’ од филмовите на владата? Или зошто да е кул чуече да бидеш полтрон на ЕУ, а не на владата? Или зошто е укеј чуече да биеш пешко еуропски, и да го продааш името кај ќе стигнеш, а си лузер ако си патриот?
Уствари забурајф чуече, патриот си ако си ја мразиш државата, и сакаш у ЕУ...
а кој имплицираше такво нешто? поентата на мојот коментар:
у македонија бар, ЕУ многу поише пари има потрошено на патишта (можда и на автопатот "александар македонски" не знам), водоводи, мостови, образование (пример политички науки на кои се учи цело поглавје античка македонија) и тн, него ли на кампања. ете го и сорос и ЕВРОбалкан сеа вадат книги за плутарх и тн. не се mutually exclusive двете каузи.
башка има разлика - кампањата на ЕУ е за надминување на граници, а кампањите на владата - за цементирање. не дека многу ја сакам ЕУ ама да бидеме објективни.
туше!
„ЕУ ги користи новинарите за пропаганда преку медиумите, со тоа што ги наградува со разни обуки и награди. Унијата дава големи пари на невладини организации, научни и лоби групи.“
Хм, треба да се спомнат после овој цитат сите еурокремски дебатни емисии, колумни и тн кои не опседнаа, особено со својата агресивност и непрофесионалност, наместо суптилно да пропагираат? Или ќе го замачкаме тоа со неколку илјадарчиња евра дадени за проекти кои се и од национален интерес? Мислам да бидеме реални нели?
ама пак алудираш на теорија на завера. ја не знам ниту една емисија спонзорирана од ЕУ на македонска телевизија да се дава. ниту пак сум видел платен оглас у весник "бидете Европејци". ниту пак сум видел "колумната е спонзорирана од ЕУ". едино владата тоа си обавува преку СЕИ.
инаку има цели теории како кампањите за европски идентитет се бенигни и неуспешни (во самата унија). а нарочито у околина ко македонија, ја не знам кому ЕУ му пере мозок. луѓето уште се во потрага по сопствената етногенеза тука, нема шанси наднационален идентитет да вирее.
Сеуште има такви (Македонци), и тоа многу, кои не одлучиле што се по потекло - Словени или потомци на Букефал (или кој веќе...)
Види во Дневник има нешто - Еврорама
Или види серија Еврозум
Итн итн
Уствари, мешаш држава и власт.