Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

10 причини против промена на името на државата

пријавена од gocem пред 1 година, 5 месеци. (mislam.blogspot.com)

Не се само 10, но овие на Panta Rei се најверојатно и најочигледните.

станала популарна пред 1 година, 5 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Политика

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    Пренесено и на Таратур.
    http://www.taratur.com/node/5903
    Ашколсун за текстот

  • -3 гласови

    Валидни причини, но не гледам ништо ново ...
    Ова го знаеме сите.

    Дали се работи за уште еден патриотски текст кој го повторува очигледното? За последниве 15 години сите причини за ги превртевме илјада и еден пат.

    Повеќе би вредел текст кој истражува „што ако го промениме името“ и/или „дали воопшто вреди да се промени, гледано од економско/политички/меѓународен аспект“.
    Ова е само за да се палат оние кои ионака се палат.

  • +1 глас

    Не гледам дека си гласал за текстот. Демек зошто да гласаш кога се е кажано. Сега некој друг нека дојде да го решава проблемот или сам нека се реши, важно тебе да ти биде арно.

  • +1 глас

    Пардон, има кој да го решава проблемот - нашата влада и претседател. Тие се избрани од гласачите да ја водат државата и да ги решаваат сите проблеми.
    Мене никој нема да ме праша ионака што мислам, ниту ќе ми дозволи да го решам проблемот - а нема ниту тебе.

  • +1 глас

    оф леле, кој ќе пишува сега 10 за.

    :) [jk]

  • +1 глас

    :) ајде гемиџи, пишувај „10 за“.

  • +1 глас

    хаха :))

  • -1 глас

    1. не значи ништо, пробува да поентира на емоции
    2. е единственото нешто што држи
    3. дискутирањето за гени е смешка
    4. којзнае .. се повеќе се сомневам
    5 и 6. се занимава внатрешни проблеми на грција (hence сомнежот за 4)
    7. се согласувам
    8. ова е bullshit исто како и 1.
    9. ок... ајде да го искористиме тоа и да работиме на тоа
    10. WTF? интернет форуми!?!? you gatta be kidding me. прашањето е дали македонија ќе тргне по стапките на србија во само-изолација или не.

  • +1 глас

    1. Не си разбрал: реченицата објаснува дека името не ни дошло случајно или некој да ни го наметнал. Тоа е производ на долга низа настани кои имаат заедничка карактеристика - формирање на македонска нација.

    3. Пак не си разбрал: прво нешто што радикален Грк ќе ти го рече е: „Македонија е Грчка“. Како објаснување, ќе ти каже дека античката историја е негова, а не наша. Нормален човек ќе му каже дека таа е негова колку што е и наша, односно дека е заедничка. Клучен аргумент тука е дека нашето наследство е измешано, но и неговото. Истовремено, ова со гените е и контра-аргумент на бладањето дека ние сме „дојденци“, или Словени. ЗАТОА гените се ставени тука, за да докажеме дека сите сме мешани и дека е нонсенс да се базираат аргументи врз такви тврдења.

    8. Ќе биде булшит само кога ќе престанат радикалите од соседството да ни ја горчат душата за тоа дека не сме биле Македонци.

  • +3 гласови

    1. Значи, Татарите секојдневно не убедуваат дека сме вештачка нација.
    2. Апсолутно токму така.
    3. Според твојот став, генетиката е смешна наука?
    4. .... и Дора Бакојани се сомнева... да не ти е роднина нешто?
    5. Кои внатрешни работи, тоа се основни начела на човечките права. Зарем, Британија и Франција не требаше да се мешаат во внатрешните работи на Нацистичка Германија кога гореа Евреи во печките?
    6. Наци-фашизмот не смее да се остави да вирее, и колку и да сакаш да го релативизираш тоа.
    7. Добро
    8. Ич не е булшит - и Бугарија може многу лесно да тргне по грчките стапки и да се заканува со вето, ако не се откажеме од македонската историја и македонските дејци. Кога ќе влеземе во орото, нема излегување!
    Впрочем за ова јасни залагања имаат јавни функционери во Бугарија, кои можат да се најдат по медиумите.
    9. ок
    10. Прашањето е дали сте мочковци или не?

  • +1 глас

    3. Да, кога се спомнува во контекст на генетски лози на антички Македонци или на словени генетски лози. 98% од моите и твоите гени се исти со гените на Чита, а ни јас ни ти не сме мајмуни.
    4. Македонска адаптација на Законот на Годвин (Godwin's law): Колку се зголемува дискусијата за проблемот со името веројатноста некој да биде наречен предавник/грчки платеник се доближува кон 1.

  • +1 глас

    Корекција, твојата адаптација е само королар од Вистинската Адаптација на Законот на Годвин: Кога дискутираш со националист - *секогаш* си предавник/сдсм-овец/грчки платеник/негативец du jour. probability == 1
    :)

  • -1 глас

    ... и добиваш минуси за мислење. Смрдежи.

  • +1 глас

    5. Британија и Франција и не се мешаа. Нацизмот бил на власт од почетокот на 30тите години а Британија ја почна борбата дури откако била самата нападната.

  • +2 гласови

    За националните вредности нигде во светот не се дискутира. Кај нас толку е разнебитено националното ткиво, што осведочени копуци гласно се дерат да потпишиме капитулација.
    Кога сами ќе се декларираат како предавници, после пиштат дека некој така ги нарекува....

  • +1 глас

    Поддршка од мене. Немам што да им порачам на оние што се спремни да се натртат, освен: Нека се тртат ама нека не го прават тоа од име на сите.
    Убаво им кажа пред некое време, имало луѓе и во турско - менувале вера, предавале комити, се пишеле бугари, срби, потака предавале партизани...
    Сребролубците секогаш лошо завршуваат и тоа не од туѓа рака, туку од сопствена...

  • +1 глас

    тртење со праќање на војници во нелегална војна само за да се биде кутренце во прегратките на сад е мајка на тртењето.

    нормално, оние кои се плашат од „разнебитување на националното ткиво“ никогаш нема да го разберат ова, пошто ги боли за сите освен за себе. интересно е како не сфаќаат дека токму таквата игнорантност (но сега од други луѓе), меѓу другото е изворот на тоа што нив најмногу ги боли - грчката националистичка политика.

  • +1 глас

    Од кај знајш ти бе шо мислам јас за америте? Да, им слугуваме и ништо не добиваме. Ама која ти е поентата тебе? На крај ме боли лев тестис за Америка, ама ме боли нешто повеќе кога е Македонија во прашање. А најмногу боли кога од свои ќе слушниш ламентација, повик на капитулација, виткање на грб, тртење... Ако не си сребољубец добро за тебе, ако си - жал ми е им нема спас на таквите... од самите себе.

  • +1 глас

    Типов „зборува тивко и носи голем стап“: http://tinyurl.com/6ny3sx

  • +1 глас

    Време е да се сконта дека Амереиканците не ја подржуваат Македонија туку си ја играат класичната двојна игра.

  • +1 глас

    sead, и тоа е грешка. нема двојна игра. американците си играат, како и секоја моќна држава - своја игра.

  • +1 глас

    добро, се согласувам, се работи за wording :)ние ја гледам како двојна, поентата е дека нема они да ја закуцаат у контра за нас против грците.