Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Тентов, Бошевски и античка Македонија

пријавена од dino пред 1 година, 8 месеци. (grammata.blog.com.mk)

Критика на акад. П. Илиевски на „откритието“ на Тентов, Бошевски и на нивното „читање“ на демотскиот дел на каменот од Розета. Иако стручен, текстот на акад. Илиевски е неверојатно лесно читлив и целосно го демистифицира „обидот“ на горе спомнативе.

станала популарна пред 1 година, 8 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Наука

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +2 гласови

    Наместо коментар, ќе си земам за слобода да го наведам она, што е напишано кај Razvigor (http://www.razvigor.blog.com.mk): „Читателот на текстов многу брзо се оспособува да направи разлика меѓу примената на научни методи и пристрасни анализи чија цел е исполнување на желби и потврдување на предубедувања. Исто така станува јасно зошто наспроти сензационалистичкиот прием во македонската ненаучна јавност, светската научна јавност сметала дека е губење време воопшто да се обрне внимание на ваквото „откритие“. Излегува дека нашата колективна мисла, која беше понесена со еуфорија поради доказите од истражувањево, е некаде 600 години зад онаа од Западот.“

  • +2 гласови

    Идиократија.

  • +4 гласови

    Мислам дека е исклучително важно за спас на разумот во Македонија ако сте блогер да го линкувате постот со научниот труд. Можеби и традиционалните медиуми ќе забележат дека нешто се случува, наспроти нивната патри-профитерска автоцензура.

  • +1 глас

    Проблемот не е во автоцензурата на медиумите, колку до затвореноста на институциите како МАНУ, кои немаат ни асолен веб сајт или центар за информации преку кои ќе ги објавуваат своите истражувања и проекти.
    Наместо тоа, МАНУ си објавува за „евентуално ако прочита некој“ или за строго елитистичка категорија луѓе кои се „привилегирани“. Потоа Цацко им е крив што секој втор развива свои теории, тврди дека Исус бил закопан во Охрид, Тројанците биле Македонци, или пак дека Македонците биле чисти Словени.

    Ако дедовците и бабите таму не знаат што е пропаганда (иако би требало да знаат), тогаш треба да вработат специјални служби кои ќе работат на промоција на нивните дела.

    За да не мислиме дека нишаат врата за да земаат плата.

  • +1 глас

    Зарем е работа на МАНУ да се занимава со пропаганда кога веќе постојат медиуми за таа цел? Не би се согласил дека се работи исклучиво за затвореност на МАНУ како институција туку за форсирање на специфично мислење од страна на медиумите. Зарем никој од бројните новинари по медиумите (радио, ТВ, весници) не можел да го сврти бројот на МАНУ и да побара мислење за Каменот од Розета? Дури не мора да го контактираат конкретно МАНУ, зарем Филолошки факултет е недостапен на телефон? Но, тоа не е сторено, што само ја потврдува мојата мисла: создавање на мас хистерија со националистички предзнак.