Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
сум се распишал
станала популарна пред 1 година, 2 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Наука
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Јак билдер бил Ацка според сликава :)
Текстот изобилува со прилично голем број небулози, претенциозен е во својата намера која се забележува уште со првата слика, не води воопшто сметка на тогашните околности, морални и правни норми и тн.
Во вториот дел, за учеството на владата во градењето на античкиот мит, авторот свесно или не, заборава дека тој мит успешно функционира во многу држави, а на нашиот јужен сосед му носи неколку милијарди долари профит, тој не е изолиран, ниту пак ’поделен’, напротив кај нив токму Александар е фундаментот врз кој почиваат сите понатамошни политичко-економски постулати.
Значи од една страна, на почетокот на текстот успешно го објаснува политичкиот мотив кај многу владетели ’да го имаат Александар’, но и покрај неговата ’корисност’, тој го отфрла затоа што тој мит бил лажен. Па, која политичка единица не се служи со лажни митови?
Другарот Тито со пионерите, штафетата и смелите Мирко и Славко?
Фирерот Хитлер и Ариевците или митовите за смелите Нордијци?
Американосите и митовите за праведните претседатели, добрите Каубојци и лошите Виетнамци?
Британците и митовите за ’божјиот’ Крал, односно Кралица?
Русите и митовите за нивниот ’храбар’ ген?
Бугарите и митовите за нивните несовладливи владетели (тука вклучувајќи и многу спорни)....
Па сите овие горе се лоши примери. Треба и ние да создадеме цвиј лош пример? Да не бидеме подобри од Тито и Хитлер?
Прочитај го понатамошниот тек од дискусијата на блогот на Вуна и можеме таму да дискутираме.
А што му фали на Кајмакот? Овде дискусиите се подобри и пошироки :)
Од технички аспект тоа што коментарите се ограничени на 900 знаци.
Од квалитативен аспект, тоа што може секој удбаш или серко да ти влезе во дискусија со „Грујо педер напред Вардар ле“, „Ти си Бугараш“ и тн., а сте дискутирале за левата преткомора на жабата.
Уште кожна танга, полициска капа и YMCA да ечи во заднината...
Вуна, си се распишал, богами. Гласам за тебе „на слепо“, сега немам време да читам волку долг текст.