Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Страна за најмладите, образование низ игра, за првпат образовен софтвер на македонски јазик, развиен во Македонија.
станала популарна пред 1 година, 11 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Наука
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Имаше еден друг проект со слична целна публика, дури и доби некоја награда, но по се изгледа сепак не се објави и не отиде во продажба (За жал). Така да ова е супер проект, вреден за поддршка. Дали е базиран на интернет и бесплатен (барем јас така сватив)?
Проектот е базиран на интернет и бесплатен.
„Авантурите на Дино“ е софтверски производ замислен и дизајниран како помошно наставно средство за најмладата популација од претшколската и раната школска возраст. Корисниците на овој пакет, децата, ќе бидат вовлечени во светот на учењето со посредство на Дино, анимиран карактер кој што се фокусира на образовните потреби на децата, притоа обраќајќи му се на секое дете на индивидуална основа. Заедно со Дино, децата ги стекнуваат и развиваат основните познавања од областа на природата, општеството, животниот свет и екологијата. Основната нота што провејува низ целокупниот софтверски пакет се сведува на мотото: „Вашето дете учи заедно со Вас“.
Честитам за сајтот, навистина нешто вредно за децата - учење низ игра. Имам две деца, затоа двапати благодарам. :-)
И уште еден начин да им се заблагодарам.
Голема благодарност до GoodBytes од развојниот тим на Дино. Се надеваме дека децата уживаат во играњето!
Исто и ќерка ми го атестираше производот. Way to go!
Честитки. Одлична работа. Внук ми го користи веќе две недели на моја препорака. :)
Отворивме и блог:
http://dino-jr.blog.com.mk
колку да се забавуваме :)