Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Од „Крсте Мисирков“ се жалат, ама речникот веќе е на Интернет: http://www.makedonisch.info/
станала популарна пред 1 година, 2 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Култура
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Не знам до кога ќе квичат само за авторски права од даночни пари. Тиња.
Значи, не си автор ако ти помогнала државата? Ова важи и за останатите уметници?
Мислам дека не е сосема јасна ситуацијата, но чувствувам дека некаква приватна фирма нема право туку-така да користи туѓ материјал. Да стануваше збор за некаков државно-спонзориран сајт, можеби и ќе стоеше забелешката на Новица, но вака...
.
А многу е чудна и виртуелната тастатура за внесување на поимите - наместо стандардниот qwerty (поточно: љњертѕ) распоред, се нуди „абвгд...“ поставување. Исто така, не се менува од кирилица во латиница кога ќе се избере „Deutche version“.
Мојот коментар не е дека не се автори. Повеќе е за тоа дека ги доведувам во прашање авторските права и кои се нивни носители на нешто што е целосно фундирано од државата.
Иронијата над ирониите е што на сајтот, на страницата „Impressum“ пишува:
„Сите информации во овој речник и припаѓаат на SAM97 GmbH и се заштитени со авторски права. Понатамошното користење во други медиуми и апликации е дозволено само по писмена дозвола од страна на SAM97 GmbH.“
Let's put wget & xpath into action... Па да го ослободиме.
Не би требало да биде голем проблем. Ги ѕирнав хедерите малку, и лесно може да се направи scraper.