Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Thunderbird 3.0 ќе го има на: Српски, Албански (блиску се), Грчки и уште 34 други јазици (до сега) ... ќе го нема на Македонски ... каде се патриотите?
станала популарна пред 1 година, 1 месец | проблем? | кој гласал? | категорија: Култура
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Дамјан, кажи каде да се пријавиме.
Патриотите немаат време - се караат за коњот.
кликаат по идиотски сајтови.
Не е ни тоа кликање толку нерационално. Всушност се работеше за обид нашите патриотски чувства да се искористат да ни се изрекламира домашен (профитен) портал, кој демек ја пренесува веста за анкетата...
Патриотите не знаат да преведуваат на македонски, туку знаат на антички македонски јазик.
Ај Thunderbird... Ubuntu и GNOME се инсталирани во сите училишта во Македонија и никој не се грижи за нивниот превод, посебно незаинтересирана е владата која што стои позади тој проект.
Се прават некои обиди, не е дека не се прават, заедно со владата. Но, сметам дека го прават на погрешен начин, и тоа ќе им го кажам на следниот состанок.
Мислам дека и с2мк заедницата мора да биде поактивна во смисол да го искажува своето мислење и своите постигнувања во јавноста и кај државните органи.
Навистина, кажете каде да се пријавиме, слободни софтверџии. Линкот на темава води до Твитер.
mozilla.blog.com.mk, или кај авторот на твитот. :)
Е да се подослободам и јас ќе се приклучам, одамна ме мачат овие работи.
Се чини дека нема премногу работа за ТБ3. На наро (https://l10n.mozilla.org/narro/) има нешто помалку од 400 стрингови што не се преведени и отприлика исто толку што треба да бидат проверени од администратор.
Од друга страна, полно стрингови за кои зборевме дека треба да се остават во оригинал (да не се преведуваат) се преведени, па некој треба да се занимава и со враќање на тие во првобитна состојба.