Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Скопје од Спомени

пријавена од Arwena пред 1 година, 2 месеци. (www.skopjeodspomeni.com.mk)

Се мислев дали да го пријавам сајтов, оти некако недовршен ми изгледа. Но добро, може и критика, а и некоја корисна идеја да се предложи во врска со него.

проблем? |  кој гласал? |  категорија: Култура

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +2 гласови

    Дека е недовршен, недовршен е. Всушност, едвам е започнат.
    .
    Сите ги знаеме фотографиите на бившиот Офицерски, Театарот пред земјотрес...
    Она што го барам, а го нема, е Скопје „од мое време“ крај на седумдесетти, па '80, '90). Има ли некој да направи таков сајт, можеби со помалку фотографии, но со текстови за тоа како се живееше тогаш. Дури и јас би сакал да придонесам, ако ме примат.
    Скопје од она време, кога можеше пешки, во 2 сабајле, од „град“, преку Јахја паша и Чаир, да си дојдеме дома, без влакно да ни фали од глава?
    Како беше кога „Азра“ свиреше во „25 Мај“?
    Кога Мице-диск-џокеј пушташе музика во Мусандра?
    Кога низ Старата чаршија не можеше да се помине од луѓе, ма игла не можеше да падне на земја.
    Еееех...

  • +1 глас

    Се сложувам со образложувањето на vordan, но како тргнала работава, и од овој веб сајт ќе остане само "спомен" ако не се поработи на интерактивната комуникација.