Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Пребегани македонски монахињи

пријавена од aprilka пред 1 година, 6 месеци. (www.youtube.com)

Монахињи што си заминаа од МПЦ и од кај Јован и отидоа во БПЦ си заминавме од Македонија затоа што бевме исполитизирани, а после вика - Македонија е дел од Бугарија и сакаме да се соединат во една земја (пак политика)

проблем? |  кој гласал? |  категорија: Култура

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +2 гласови
  • -1 глас

    Шо ги факаш. Изгубени души се сиротите.
    И мора да кажат нешто за да си го заработат лебот.

  • +1 глас

    Да не зборуваа така немаше ни во Бугарија да ги примат, а да не зборувам дека во 21 век Бугарин е дијагноза а не национална припадност. Сепак добро е што не се откажале од монашкиот живот кога веќе се одлучиле за него. Барем се во Бугарија и нивното мислење за "един народ - две држави" се поклопува со останати пациенти таму. Со еден збор безопасни се и не треба да им се обрнува внимание.

  • -5 гласови

    Инфо за aprilka

    Пријавени статии: 82
    Популарни: 1

    bwahahaha

  • +5 гласови

    Твојот процент, оргазмотрон, е перфектен: 100%. Додуша, само до една пријавена статија.
    Априлка, колку и да не се согласувам со неа, си го тера својот фазон и верува во него. Не е насилна, не е невоспитана (hint, hint) и не навредува никого (hint, hint). Затоа ја почитувам.
    Башка, постов е на место - интересно е да се дознае за судбината на „изгубените души“ (како што рече Спартак).

  • -2 гласови

    ахахахаххаа :))) \m/ hC

  • +4 гласови

    Што значи тоа (Hint, Hint) ?

  • +2 гласови

    ... „сети се снао“ ... :)
    Го потсетувам оргазмотронот дека се однесува токму спротивно.

  • -3 гласови

    да де, бугари сме.

  • +1 глас

    Пациент :)

  • -1 глас

    Сестрите се многу фини, и немаат ама баш никаква врска со бугарштината. Треба да ги запознаете, пред да почнете да судите.

  • -1 глас

    Оној шо ме минусирал, нека се изјасни зошто ме минусирал.

  • -1 глас

    Оној што ми го минусирал коментарот, каде барам образложение зошто сум минусиран, нека се изјасни зошто ме минусирал. (Спасувајте од рекурзија бе луѓе!!!)

  • -3 гласови

    Ок, несериозни сте. Ако имате контра аргумент, т.е. ако сте разговарале со сестрите, изнесете став, инаку сето друго е шта је мали Џокица размишљао о црквени односи.

  • +2 гласови

    Еве ти став: Сестрите со својот прв (глупав) избор, кога му се приклучиле на Вранишковски, направиле не само верска, туку - во дадените услови - пред се`, политичка одлука.
    Полнолетни луѓе одговараат за своите постапки со сите можни последици, без оглед дали се монаси, монахињи или, што знам, камионџии.
    Едвам се баталисавме од шпртот Јован, и ние и тие, и сега, оп! - право во Бугарија (втор глупав избор). Значи, очигледно имаат проблем со Македонија и македонската нација. А кога некој ме негира, го негирам и јас него.
    Добро, некој ќе рече немале каде - јас велам, ако немаат врска со бугарштината, нека чекаат Прочка и јавно нека се покајат (или што веќе се прави во такви случаи): „Бевме заведени од Јован, згрешивме, аман - проштевајте“.

    А тоа што се „фини“, јас сум уште пофин - од Финска сум колку сум фин.

  • +1 глас

    Значи, не си разговарал со сестрите, и твојот став се темели на прочитано од весници, кои во главно, црковните теми (а и останатото) се базираат на рекла-казала („од наши блиски извори“).
    Приклучувањето кај Вранишковски на 20тината монаси и монахињи не беше политичка одлука. Некогаш ако се видиме во живо, можам да ти ги објаснам сите работи коишто настанаа и зошто така настанаа.
    Патем, од Јован сеуште не сме се ослободиле. Ќе се ослободиме, кога ќе им згасне егзархатот, односно кога Јован ќе се врати во матичната МПЦ.
    Сестрите што заминаа во Бугарија, не заминаа по своја волја, и секако, побараа прошка, ама и за тоа поопширно - кога ќе се сретнеме на само.

  • +1 глас

    Пффффффф, Перо изјави дека сака да се сретне со некого во живо. И тоа не со кого било туку неговиот "немезис" vordan. Hilarious! :D Некако не ти се искрени намериве а?

  • +1 глас

    Секако дека со9 сестрите не сум се сретнал „во живо“ (згодни се?). :)
    Но имам право да изградам став за некого дури и да не сум се сретнал со него. Еве, на пример, за теб... ај не, на пример - за Џорџ Буш можам да кажам дека е морон, иако (фала богу) не сум го сретнал досега.

    А за тоа кои се причините зошто правеле така како што правеле - реков, сите си одговараме за своите постапки и си ги сносиме последиците. И сепак, нивното приклучување кон ЈВ е *пред се`* политичка одлука, можеби имало и лични причини, но ...

    Ако имаш поопширни информации, напиши ги, не сме некое тајно здружение, па мора во четири очи и „if I tell you, I'll have to kill you“ однесување.

  • +1 глас

    Вордан, јас го почитувам твојот став, само сакам да ти посочам, дека е изграден на лоша информираност (за што не си ти виновен).
    Не можам да ти кажувам пред сите, затоа што муабетот не е за пред сите. :)

  • +1 глас

    Перо ко ќе идеш накај Охрид, drop me a call, јас би сакал да продискутираме на темава, кога веќе не е за пред сите. :)

  • +1 глас

    Deal. Ама после сакам дискрецијата на фантом да си остани. Мојт?

  • +1 глас

    Deal. А кај да те барам јас тебе за да ти дам контакт? На #lugola можеби?? :))

  • +1 глас

    Перо бе? Чудна тишина...

  • +1 глас

    Уживај во тишината :)

  • +1 глас

    :) Anyways drop me a call

  • +3 гласови

    не сфаќам што ви е проблемот со Црквата на Јован. Православната црква се темели на канони и традиции кои МПЦ не ги почитувала кога се воспоставила... Од таму точно е тоа што Јован го кажува дека таа црква не е во единство со православната икумена.

    Нели сите викаме „без традиција и правила (канони) немаме ништо“ ... епа сега? which one is it?

  • +1 глас

    Па добро, тогаш епископот Марко не е епископ, оти според каноните епископот треба да биде над 30 години.
    Исто така, и Јован не е епископ, оти беше ракоположен од Кирил (кој според Јован не е епископ).
    Сите тие не се ни христијани, затоа што се крстени во расколничката МПЦ (според нив!).
    Добро рече дека канонот е правило, а не закон (догма).
    Инаку, презирот и осудата спрема Јован е неоправдан. Кога тогаш, ќе се врати во МПЦ, како што досега се вратија половината негови приврзаници (во покајание).
    Ќе не зафркнат сите нас, кои ги судевме :)

  • +1 глас

    Не ни е проблем, некои од коментаторите ја вметнаа во таков контекст. Иј, абе за левичар(атеист?) доста си информиран.

  • -1 глас

    Дамјан, ја т`нчиш работата, ептен. Еве го моето размислување:
    Во основа, сите христијански цркви се темелат на расколништво и шизми - инаку немало да настанат бројните „вероисповести“: православната, католичката, протестантската, итн. Се` е фино илустрирано во „научниот“ филм на Монти Пајтоновците - „Животот на Брајан“.
    МПЦ е црква на македонскиот народ. Дури и јас, како атеист, чувствувам дека таа, сепак, (барем) национално ме дефинира. Квази-црквата на ЈВ не е ниту направена за да биде алтернатива на МПЦ, туку да го поништи националниот идентитет на Македонците. Таа е - пред се` - политички производ на СПЦ и србоманските структури во Македонија, и како таква треба и да се анализира, обид за уништување на Македонија како држава.

  • +1 глас

    Вордан, кога не ги разбираш работите, поарно молчи. Работите воопшто не се такви, какви што тебе ти се чинат.