Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Парите на Велија Рамковски ја фалсификуваат македонската историја

пријавена од Troskot пред 1 година, 6 месеци. (kubura.com.mk)

Но, проблемот е во тоа што целата приказна за Младотурската револуција и за нејзината поврзанот со независноста на Македонија е катастрофално извртена. Тоа не би било чудно, ниту страшно ако го направеа нашите соседи...

станала популарна пред 1 година, 6 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Култура

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    Не сум експерт за историја, а особено не за финесите на младотурската револуција, но - дали овој текст, или подобро речено, побивањата на „званичната“ верзија (која ја поддржува и Фондацијата Рамковски) е објавен во некое *научно* списание?
    Не велам дека не е така како што се тврди во текстот, но сметам дека мора да биде потврдено од научната јавност, инаку нема голема вредност.

    Текстот не е потпишан, на сајтот нема импресум, освен што во страницата за контакт стои извесен Мето Алексов. Кој е Алексов, кои му се стручните капацитети и референци - не знаеме.

    Пак ќе кажам, не го бранам Рамковски, но вакви обвинувања мора да се поткрепени.
    И не гласам за вакви текстови додека не се дефинираат.

  • +1 глас

    И јас не знам, ама добро се среќавам во основно и средно, учевме дека младотурците ни ветиле автономија, а после кога дошле на власт - не изневериле.
    Сепак, тоа беа комунистички учебници, можеби лажеле, та младотурците стварно биле добрички.

  • +2 гласови

    перо, јас кога учев основно и средно, уште беа Турците на власт! :))

  • +2 гласови

    Добро.

  • +2 гласови

    Дали знаеш кој е автор на рекламата што на А1 одеше најмалку два месеци за Младотурската револуција? Не. Знаеш само дека зад тој спот стои Фондацијата Рамковски, како што зад овој текст стои kubura.com.mk
    Зад текстот стојат новинари чии имиња засега нема да ги објавуваме, заради тоа што имаат и други ангажмани. Што не значи дека секој од нив не стои зад објавеното. Напротив.

  • +2 гласови

    Сега малку за конкретниот текст за Младотурската револуција. Дали нешто ќе ти значеше ако под текстот беше потпишан некој академик. На пример, Иван Катарџиев? Што ќе беше тогаш поубедливо во аргументацијата? Ништо. Во текстот се цитирани проф. д-р Јусуф Хамзаоуглу кој 25 години работи на Младотурската револуција и истражува во архивите во Истанбул, потоа англискиот министер за надворешни работи во 1908 година, потоа еден полковник, уште еден историчар итн. Ајде да разговараме за тоа, за аргументите, а не за тоа кој автор ги собрал сите тие извори на едно место.

  • +2 гласови

    Што е битно кој се потпишал под зборовите од писмото за Јане Сандански на родителите на Гарванов и Сарафов во кое тие фрлаат дрва и камења против него. Писмото е обајвено во 1915 година во бугарските весници, се чува во архивите во Софија и е неколку пати објавувано во разни книги. Но, кај нас неговата содржина не може да се најде, од причини чие елаборирање би било долго и широко.

  • +2 гласови

    Еве денеска на сајтот е објавена репортажата на Бранислав Нушиќ од неговото патување од Скопје до Солун во јули 1908 г. Текстот повторно не е потпишан. Но која е смислата на потписот, кога автор на репортажата и сведок на апсењето на оние неколкумина велешани кои извикале 'Автономнија' е Бранислав Нушиќ, а не тој што би се потпишал под текстот.

  • +1 глас

    Да, ќе ми значеше нешто ако е потпишан академик Иван Катарџиев.
    Научниот метод има точно определени начини како се проверува и докажува одредена теза.
    Твојот метод, барем досега - нема. Можеш да цитираш овој или оној, но се знае што е научно прифатен факт, а што анонимен блог.
    И не знам зошто и од што се плашат новинарите да си ги објават имињата - па новинари се.

    Иако, на крајот на краиштата, беспредметни се вакви салонски дискусии за тоа кој младотурк направил ова или она. И тоа комплет - и јас, и ти, и Рамковски.

  • +1 глас

    Голема поддршка кон авторот на текстот, ова од Велија да е преку такво е. Типот е спремен младотурци, палци и сѐ да сведе на тешка комерцијала и примитивна забава за проста маса. Ма патетика. А и што да очекувам повеќе од еден латентен вахабит?

  • -2 гласови

    Да, кампањата на Рамковски и мене ми е невкусна. Но тоа не е поентата на дискусијава.
    „Латентен вахабит“? Не би рекол. Човекот си е пиљар и си има пиљарски амбиции.

    А кога сме кај „кампањи кои се тешка комерцијала и забава за проста маса“, тоа сосема ме потсетува на кампањите на сегашнава влада на вмро-нпк.

  • +2 гласови

    Па ароганијата не знае да забавља публика. Они се самобендисани во себе си. А Вордан, ти си тешко обоен СеДеСе-овец. Никој не спомена дневно - политичка мотивација. Темата е младотурската револуција. Ти во секоја пригода наоѓаш да ги нападнеш вмровците. Па да!!!! ЈАСНО Е!!! ТИ СИ ЛАТЕНТЕН ВМРОВЕЦ!!!!!!!!!