Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Овој семинар ќе се одржи во просториите на Mултимедијалниот центар „Мала станица“ од страна на здружението „Јавна соба“ од Скопје. Учеството на семинарот е бесплатно, но заинтересираните задолжително мораат да бидат регистрирани најдоцна до 25 јануари. Регистрацијата се врши он-лајн.
станала популарна пред 11 месеци, 3 седмици | проблем? | кој гласал? | категорија: Култура
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Не сфаќам за што е семинарот?
Мало појаснување. Се работи за семинар каде пријавените ќе поминат низ обука преку која ќе научат како да напишат проект од културата и културното наследство. Од оваа година Македонија може да аплицира во фондовите на Европската Унија, па од тука овој семинар го гледам како предност на сите кои се бават со оваа тематиката.
Еве и директен линк за семинарот:
http://www.publicroom.org/projects.html
Сајтот им е малку чуден, мислев дека луѓето ќе се снајдат, но ... Во секој случај Развигор ти благодарам . :)
Перење пари, миење мозоци.
Така било порано кога овој тип на семинари се одржуваа инкогнитo. Никогаш не беа најавувани, и само ќе се прочиташе демек некаде се одржал некој таков семинар со анонимни организатори и уште поанонимни учесници. Барем јас знам што се се случуваше со вакви семинари изминативе 10 години. Од оваа година Македонија може да аплицира со проекти во фондовите на EU и семинаров е одлична прилика да научат повеќе оние кои ова го работат. Да не беше така немаше да го поставам на кајмакот.