Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблагопријатно, најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.
станала популарна пред 1 година, 2 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Култура
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
домејн регистрант: РЕВИТА Битола, Невладино здружение за здрав живот и здраво тело
Слабо им иде математика. Од http://www.abortusne.org.mk/index.php/fa... :
„Секоја трета бременост, абортус ... регистрирани вкупно 6.436 абортуси, што претставува 28,3 абортуси на 100 породувања...“
Тоа се значи вкупно 128 бремености и 28 абортуси, т.е. една петина од бр. се аб..
А во следниот текст: „Абортуси има исто колку и раѓања“ ?!?
внимавајте - верски аспекти...
„...а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена...“
затоа ајде да ги направиме сите абортуси илегални!
Сега скоро читав за едно прашање кое секогаш ги збунува анти-абортиционистите: Дали на мајките кои абортирале треба да им се суди како за убиство?
Секогаш, одговараат со „не“. Но, тоа ги доведува до логичка дилема - ако абортусот е убиство, тогаш зошто не? Затоа што знаат дека тоа е апсурдно и нефер.
Не дека сликите на сајтот се пријатни за гледање - требало да ги стават на некоја друга страница, некој може сериозно да се вознемири.
А кредибилитетот тотално го изгубија кога почнаа да мешаат религиозни мантри. Испаѓа дека се против абортусот не затоа што (наводно) тоа е убиство, туку затоа што локалниот поп така им испеал (ако го разбрале добро).
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?...
Сликата се комплетира.
Пред да забранат и кондоми, напрајте си стеш дома и така траат неколку години... па за после ќе мислиме. :)
Што велите да регистрираме абортусда.орг или нешто слично? :)
Нема потреба. Ниту едно сериозно движење за абортусот како репродуктивно право на жената не е ЗА абортус во онаа смисла во која оние кои се против абортус се ПРОТИВ абортус. Аргументот е дека абортусот не е нешто што се посакува, но потребно е жените да имаат право на легален абортус.
какодоиселеничкавиза.мк
бегајдабегаме.мк ;-)
:) баш тоа сакав и јас да кажам. и секоја нивна тема да ја дополниме со она што од неа го изоставиле бидејки не е во прилог на "абортусНЕ".
Таа сликата со тоа малечкото човече шо личи на марсовец е чиста фикција. Јас сум лекар, сум присуствувал на многу аборти и раѓања и ништо такво нема испаднато. Дури и ако се направи дисекција сумљам дека фетусот така ќе изгледа. А овие праведните шо ја напраиле глупата страна јас да им напраам кампања тие шо лажат ко во случајот со марсовчето и то шо велат дека инфекцијата била температура да им се исече јазик. Поздрав