Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Мтурски изпит

пријавена од Константин пред 2 години, 2 месеци. (jakov.blog.com.mk)

Во земјата на писменоста и првиот универзитет 60% од средношколците нема да добијат дипломи.

станала популарна пред 2 години, 2 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Култура

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • -1 глас

    Па што да се прави? И вества нема да добие гласови кога насловот не е како што треба по правопис кој што би требало да се знае во истата таа земја.

    :)

  • +1 глас

    Текстот е супер и треба да добие гласови и да оди во популарни под хитно. Насловот е намерно утнат.

  • +4 гласови

    Се пишува ИТНО а не Хитно !! :-)

  • -1 глас

    Oxymoron:
    Во земјата на писменоста луѓето пишуваат Матурски :))

  • +3 гласови

    Јас мислам дека насловот е баш во контекст на содржината на текстот.

  • +1 глас

    Хаха со Новица сме пишале во иста ебана секунда :))

    Него, ваљда сега сфаќам што си сакал да кажеш, се извинувам.

  • +1 глас

    Кога ќе дојде вистинскиот матурски испит, тогаш вреди да се коментира што и како се постигнало.

    Инаку (двата пробни) матурскиот испит треба да ги има на страната на бирото за образование (bro.org.mk мислам дека е).

  • +1 глас

    Дрн, дрн... не положиле пробна матура. Како да ни треба матура за да знаеме дека во средно не се учи. И јас кога бев не се учеше којзнае што. Логично е да се очекува дека продолжило по надолна линија, како и се друго што беше наследено од „стариот систем“, а оставено на инерција во транзицијата. За слични примери види здравство.

    Македонија (прилично) висико (со оглед на економскиот раст/пад) се рангираше на некои листи за човечки развој (HDI на пример), кои се ценат за пореални мерки од само GDP, токму поради наследството во образованието и здравството. На пат сме надолу ми се чини.

  • +3 гласови

    лошото е што и средношколците знаат дека ништо не знаат. па уште и штрајкуваат.
    едноставно средното се сведува на пауза помеѓу две дневни кафиња.
    па нека збираат пари родителите за да можат приватните факултети да тријат раце.
    ужасно...