Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
На страничката која е дел од сајтот, посветена на конкурсот сеуште стои дека резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 10-ти Јуни 2008 година на токму истото место, а доделувањето на наградите ќе биде (или да се изразам, веќе било?) на завршната манифестација на кампањата (исто, 10-ти Јуни).
станала популарна пред 1 година, 6 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Култура
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
А бе не е дека се ситам, но - I told you so!
Кампањата за кирилицата беше уште еден блеф на македонската владеачка гарнитура за мачкање на очи и будење на лажен патриотски занес кај ментално послабите граѓани.
vordan, повеќе од јасно е дека си партиски обоен, тоа го напишав и на твојот блог.. Немам ништо против тебе, но искрено, смачено ми е да ти ги читам политички обоените коментари..
И? ... Која партија ја детектираше во мојата обоеност?
И како ја детектираше?
СеДеСе!!!
перо, пак не си го земал ritalinot!
Ми заврши. Ама и да го пиев, факт е дека си симпатизер и љубовник на СеДеСе-то. :)
Нема ништо лошо да си се изјасниш како симпатизер на политичка опција. Не мора да си политички независен, па да се прогласуваш експерт по некое прашање.
што би рекол жарко - без јазик немаме идентитет, а ако сме антички македонци зошто не зборуваме античко-македоски :)
А да и кажеш на другарка ти да користи кирилична поддршка? Заборавете на фонтови АЛО!
Да бе, а другарка му ако е дизајнер и сака да напраи некој слоган, флаер, билборд (или било што) на кирилица - ќе мора да се ограничи со стандардниот МРТВ изглед на букви.
Кирилична поддршка - да. Ама за некои работи си треба и стилски фонт.
Баш во тоа ми беше поентата.. Така си ја сфатив и кампањата, не? :) Целта беше да се направат убави Кирилични фонтови..
Да не знае некој, кој победил на конкурсот, кои се победничките фонтови и слично? :)
Acid, не мора да значи. Има еден куп фонтови кои што работат супер со кирилична поддршка, некои имаат проблеми со ракописните букви но ако се работи за печатни тогаш е мн полесно. Земи ги на пример DejaVu фонтовите. Не се бавам со дизајн но дефинитивно имам сретнато многу фонтови (повеќето слободни) кои изгледаат добро со кирилична поддршка.
Ufo, генерално си во право, но сепак, за одредени дизајнерски потреби нема секогаш македонска поддршка - колку и мене да не ми се допаѓа тоа.
Тажно е тоа што спинстерите кои ја почнаа кампањата не ја довршија. Нивниот интерес заврши во моментот кога си ја постигнаа основната цел, која најмалку беше поддршка на изработка на фонтови, какви и да биле.
Кампањата ја како што имам чуено во Мај/Јуни ја промовираа дека не е завршена и дека ќе продолжи од Септември заради големиот интерест.. мислам ова гледав на МТВ имаа некоја трибина.
Не само тоа, туку и од Србија ги контактирале имало интерест за оваа кампњата како била спроведена, сакале и тие вакво нешто... :-)))
Фаците што ја прават кампањата... еднаш бевме на една трибина (ние неколку души од слободен софтвер македонија) и баткото главен што организира ни испрати закана од типот - ќутете не коментирајте да не ве избркаме... јако.
Ок, поентата ми беше да одговорам на прашањето: „Зошто беше направена таа кампања и што постигна“? Бидејќи авторот на неколку места зачудено се прашува wtf, што е со кампањава. Некои луѓе од тоа што го гледале на телевизија си добиле некои очекувања и воопшто не се свесни дека целата кампања е фрлање пари и дигање прашина. Имам објаснето и зошто, па кој сака нека го прочита постот.