Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Погледнете колку убава страница направила една девојка од Полска заљубена во Македонија. Мое мислење е дека ова е една од најубавите страници кои постојат воопшто за Македонија на Интернет на кој било јазик. Мислам дека треба да и дадеме подршка на оваа прекрасна девојка.
станала популарна пред 2 години, 8 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Култура
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Еј ова е извонредно, не е важно нека се напише некое писмо до девојчево ( се надевам знае англиски), едно ФАЛА да и се каже од македонската блогосфера... мејлот го има и на страната ама еве го пак kate@e-makedonija.info
Ај некој што убаво пишува англиски...
Можете слободно да пишувате сите, девојчето Кате знае супер Македонски.
Прекрасно, честитки и подршка до девојката.
Како што имав можност да ја запознаам женската, ќе речам: ИМПРЕСИВНО направено, како за ПЛАВУША! ;-)
Катја?
Да, можеш и така да ја викаш, макар што Катја е РУСКА верзија на името. Нејзиното име на полски се изговарало Катжéна.
Друже, не ми е јасно зашто и оваа статија ја ујебуваш со фалш гласања, кога е ок статија!?
Да градиме заедница.
од каде фалш бе пријател. Само пуштив до мој пријатели.
Да бе твои пријатели, сите од иста ИП адреса и во рок од 5 минути сите последоватолно се најавуваат, гласаат, одјавуваат и неостануваат најавени. :)
нема проблем тоа беа двата или три мој мејлови
а другите 12 гласовци беа од луѓе кој првпат беа на овој сајт
па сега ти како сакаш.
Нема проблем, кажи им дека немора да се враќаат.
Ќе остане овој простор само Глиша да е најпопуларен нема проблем
Едноставно, се работи за тоа што јас и авторот на написот сме колеги на работа, а и од дома сурфаме преку ист оператор; затоа IP адресите биле „исти“ или „слични“ (се разликуваат само на последниот број).
Стилски: сум видел и подобри страни. Но во однос на информациите, добра страна. Ако контактирате со неа, помогнете и со изгледот, не само со текстот.
Да, ама тие се правени ОД МАКЕДОНЦИ.
Мораме да ù дадеме поддршка на оваа Катерина (Катжéна), која иако нема македонско потекло, многу е заљубена во Македонија и во нејзиниот фолклор... а богами и во еден Македонец, т.е. наскоро го очекуваме нејзиниот одговор – дали ќе стане македонска снаа? ;-P
Azder на страницата има мејл. Девојката знае прекрасно Македонски. Ако можеш да и помогнеш околу изгледот за кој баш не се согласувам со тебе повели.
Абе не мора македонски, јас знам прекрасно англиски, но не би помагал се додека барем на англиски не прочитам точно што пишува.
Ех, камо да знаев полски, грчки итн.
Аздер, сето е преведувано од Македонски книги и официјални сајтови. Користена е и помош од пријатели од Македонија.
Сепак, мислам дека не е неразумно човек да сака да знае за што помага.
Искрено, до сега немам видено стилски премногу добра страна за Македонија, дури и содржински најбогатите страдаат во изгледот.
Поправка: Azder = Аждер
Погрозен сајт во последно време не сум видел. Дека некоја мома од Полска пишувала за Македонија, ајдее, убав сајт. Сајтот е убав за 2000та година, но не и за 2007.
Ме изнасмеа што типов си регистрирал корисници за гласање. Така се добиваат бе избори, баце Муцко :)
Перо само едно ќе те замолам, да ми најдеш сајт за Македонија со побогата содржина, подобро осмислен, па и графички отприлика на ова ниво и јас ќе ти честитам. Ти спаѓаш очигледно во категоријата на Плукачи кои ништо не работат само плукаат.
Муцко™ e етаблиран trademark во македонскиот Cyber простор. Јас со такви работи, во кои се сомневаш(те), едноставно: НЕ СЕ СЛУЖАМ.
Добро е, не е лош и овој сајт. Јас само сакав да го покренам прашањето за немање на асален сајт за Македонија за презентација како пред странците така и пред домашните консументи. Плус да си ја пофалам пријателката која љубовта кон Македонија ја преточила во прекрасен сајт
Муцко, невкусно е моето мислење да го сметаш како твој личен напад или напад на твојата пријателка.
Ти што сакаш вели, сајтот не ги задоволува денешните стандарди.
Види овде за содржина: http://macedonia.org/
„Сајтот не ги задоволува современите стандарди“.
Па таа е ИНФОРМАТИЧКИ АМАТЕР! Професионално е лингвист, зборува 5-6 јазици. Што очекуваш повеќе?!
Перо јас го постирав сајтот а не Муцко тоа е моја пријателка. Не знам за кои стандарди мислиш. Ако мислиш за некои технички карактеристики можеби. Но го прави девојка која е едноставно заљубена во Македонија и не е врвен стручњак за ВЕБ. Меѓутоа пак се носи со 99% од нашите сајтови.
Технолошките недостатоци може да се поправат со време, дизајнот да се модернизира и сл. Но НАЈважен е ентузијазмот и желбата за споделување знаење, заради која овој сајт заслужува највисоки пофалби.
PS
Би било добро да се стават линкови до изворите на користени информации, на пример како фусноти.
Сајтот е супер, Кате е сигурно уште посупер, плус сите ве сакам!
Имам една замерка до регистраторот: според македонскиот правопис, за разлика од англискиот, имиња на јазици се пишуваат со мала буква кога се во сред реченица. Ама и ти си супер.