Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Изгледа излегла прва книга на Македонски за Ubuntu Linux 7.10. Супер! Автори: Симе Арсеновски и Ѓорги Какашевски, од Европскиот универзитет. Среќно читање!
станала популарна пред 1 година, 7 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Култура
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Кога излезе 7.10, кога ја напишаа, кога ја објавија...Кои се дечкиве, има повеќе инфо? И дали може да се набави во ПДФ!
Има муфте PDF?
Не ми се верува.
1. Не е прва. Прва е 'Во светот на Линукс' од Деан Јошевски
2. Ај не заебавајте, pdf, муфте....
Да не сакате и pdf-от да е потшпишан дигитално :P
Шо знам, Чомбе, јас сум навикнал веќе тоа што ми треба да го Гуглам, а и не сум тип на корисник на кој му треба една ваква книга - ме интересираше од стручен аспект како е напишана, не нејзината содржина. Со други зборови, сакав само да ја разгледам, не да ја читам.
ќе биде забавно да е некој превод на некоја странска фдл, па да има инфринџмент. :-)
Е тоа би било доста интересно да се провери :)
Да не има некој кој ја купил книгава? Јас би ја купил чисто за да видам дали е превод на некоја друга, ама до 17 сум на работа, па неможам да стигнам до ривер софт :(
тоа е сомнително богами, али чисто да се види што е работава и од каде испадна книгата би било интересантно...
во секој случај позитивна работа. ако ја има некој нека каже за квалитет и сл.
Деновиве се раздаваше во РиверСофт. Колку што гледав во ценовникот, РиверСофт наплаќа околу 300 денари за инсталација на Ubuntu 7.10, а книгата ја даваат гратис. Или обратно! :-)
http://ufo.linux.net.mk/docs/FOSS_prirac...
Еве ви муфте, прирачников е за firefox, thunderbird и Ubuntu (GNOME и KDE). Почетнички е, али FDL.
Може повеќето од вас го знаат, ама сакав пак да спомнам дека можете слободно да го споделувате, да го печатите итн итн. :)