Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Како помина Денот на слободен софтвер во Скопје?

пријавена од razvigor пред 1 година, 6 месеци. (razvigormk.blogspot.com)

Целта ми е да ги поттикнам учесниците и посетителите да објават свои видувања, по можност да се собере материјал и за напис на Глобал војсис онлајн.

станала популарна пред 1 година, 6 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Култура

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    После 13 минути:
    Корисниците кои гласале за оваа статија:

    * razvigor
    * ignatova
    * Irinka
    После 15 минути:
    Корисниците кои гласале за оваа статија:

    * razvigor
    * ignatova
    * Irinka
    * capricorn

    И пак и повторно, „случајно“ за толку кратко време гласаат ИСТИТЕ корисници на статија на развигор.

    Штанц, штанц, штанц... и фуп за 57 минути, популарна статија :(

  • +1 глас

    Развигор, немам ништо против тебе, ама користиш евтини популистички финти, како шо ги користи Глујо...
    Не бива со изнасиленост, чоече. Олабави малце...

  • +1 глас

    Перо ве откри :)

  • +1 глас

    Ја ова веќе му го мрчам неколку месеци, ама поголемо дрво е и од мене, или евентуално, сака повеќе да го дрви.

  • +1 глас

    Перо: wtf?

  • +1 глас

    Прочитај коментари 1-4. Ако не ти се разјасни, прочитај коментар 5 и прејди на коментар 6. Само внимавај да не западнеш у бесконечен циклус.
    (Коментарите се нумерирани според времето на објава.)

  • +1 глас

    Перо, тебе ти е проблем што праќам линкови до пријатели и ако им се свиди го гласаат?

    Извини ама не прифаќам дека само толку ти сече, па затоа или се праиш на удрен или намерно не сакаш да сватиш зошто служат сајтови за социјално вмрежување во поширока смисла, а за социјално букмаркирање и колаборативно филтрирање во потесна - каде што спаѓа и Кајмакот.

  • +1 глас

    А френдовите контактибилни ли ти се? Кликаат на линкот за пејџот и послем вотираат за статијата. Крап!

  • +1 глас

    Ок е. Чим чичо Милчин дава парички, не е проблем. (Гледај Еднооки ако не ти е јасно.. пардон: Вочирај уанајд ако не ти е кларибилно.)

  • +1 глас

    вистина авторите на еднооки ги правеле кампањите на владата? така чув, ама од таксист

  • +1 глас

    вистина авторите на еднооки ги правеле кампањите на владата? така чув, ама од таксист

  • +1 глас

    Перо, ако погледнеш во објаснувањето најгоре, Развигор сака да повика повеќе блогери на напишат постови за настанот, кои тој потоа ќе ги искористи за да направи напис на Global Voices - со што ќе се популаризира настанот надвор од нашето трло. Тоа е во интерес и на слободниот софтвер, и на Македонија.

    Да беше Филип некаков спамер или политички пион / спин доктор, и јас ќе се бунев, но во случајов не гледам зошто да не стане популарна оваа статија.

  • +1 глас

    Добри бајти, и јас не гледам причина зошто не би станала популарна, ниту сум против Филип, ниту против неговите пишувања, заложби и слично.
    Но на кајмакот стекнува гласови на нечесен начин. Ако играме така, у фирма имам 10тина колеги. Да им пуштам корпоративно електронско писмо секогаш кога ќе објавам статија, и да ме гласаат сите...
    Јас зборувам цело време за тоа. Ако гласовите ги стегне рамномерно распределено за 48 часа, и тоа од мене, вордан, гемо, спартак, итн итн, тогаш не би пишувал ништо.
    Мене ми е нечесно, па дури и валкано во првите 20тина минути секогаш од старт да ги има гласовите на игнатова, иринка, каприкорн, митко и уште неколку (анализирајте ги сите статии од развигор, секогаш овие први гласаат за помалку од саат време).

  • +2 гласови

    Перо, што има нечесно во промоција на линкови?

    Или чесно би било ако јас го промовирам линкот ама им кажам на пријателите еј, не кликајте одма, распоредете се во тек на наредните десетина саати, Перо да не се буни. Глупости. Ако има некој линк што сакаш да се промовира, кажи им на луѓето со кои си во контакт, нека се зачленат нека кликаат. Или нема - зависи од нив.

    И да, јас ти препорачувам да ги натераш колегите да се приклучат на Кајмакот. Така ќе се зголеми бројот на негови корисници, што барем теоретски ќе доведе до негова подобра работа (wisdom of the crowds).

    PS Ако ти се свиѓа линков, што не го гласаше?

  • +1 глас

    Мислам дека Перо заговара(ше) дека ти тоа сам се најавуваш под останатите кориснички имиња и си ги гласаш своите статии. :)
    Срам те било ФилипС. :))

  • +1 глас

    П.С. Навистина немам ништо против развигор и редовно го читам и ги почитувам неговите заложби. Овие мои пишувања не се на лично ниво.

  • +1 глас

    Веќе нит те читам, нит те коментирам, нит те гласам.

  • +1 глас

    Хах! И после ти заговараш фашизам! Да беше фашизам ќе мораше да ја прочиташ статијата на Филип! :)

  • +3 гласови

    pero, до некаде си во право.
    овој феномен е познат и од други социјални мрежи и се вика (според сајтот) digg-gangs, reddit-gangs или mobs и слично. Ама баш немам идеја како би се спречило и дали треба или може?

    сега за сега ќе мора да остане вака изгледа, додека не се изнајде елегантно, едноставно и ефикасно (tripple E) решение.

  • +1 глас

    digg-gangs и останатите имаат конкретна - финансиска - цел. Со организирано гласање се зголемува бројот на хитови на одреден сајт кој од тоа заработува.
    Во Македонија тоа е беспредметно.

  • +3 гласови

    перо, а бе ти имаш некоја работа, нешто креативно, нешто што би те зафатило?
    Или: мама меси, тато носи?

    Кајмакот е толку мала заедница што нормално е да се забележува кога луѓе кои работат заедно гласаат за статија, едноставно затоа што најверојатно и директно си разговараат за тоа.
    И што таков е битно која статија станала популарна за колку минути? Пари за тоа не земаат, некоја светска слава да постигнат - нема.
    Само ти, компулсивно-опсесивен, им дишеш у врат на луѓето.

    Впрочем, развигор пушта добри статии, не видов ништо лошо досега...

  • +1 глас

    Па нормално е да има некакви „групи“ на интерес што ќе гласаат спонтано (или неспонтано) за одредена статија.

  • +1 глас

    pero е буљафче во чафче ;)

  • +1 глас