Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Спот за Грузија, кој многу потсеќа на нашиот...или е обратно?
станала популарна пред 1 година, 3 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Култура
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
е ако де... добрите идеи треба да се позајмуваат.
Луѓе, никој неможе да не цени кога ние самите не се поддржуваме и цениме меѓу себе.
Ефектот со книгата е познат елемент во видео продукцијата, друго нема ништо "украдено". И како што вели котле, добрите идеи треба да се позајмуваат.
Бтв, срамота е да објавувате вакви глупости.
моите 2 ден.
еве не гласам за веста да не речете дека цело време сум против... но да... ова е чиста копија.
е да, но кога спотот на Милчо би чинел една четвртина (ова онака од ракав) од сумата која ја зел. Срамота е да земеш 190 000 евра за 30 сек. спот, кој згора на се‘ е и копија.
не го гледав спотот, не го бранам милчо... ама дај знаете дека ако спотот чинел 190к не ги зел сите тој, туку ваљда ги делеле на целата екипа што работела + опремата што ја користеле. м?
мене па не ми е јасен толку револтот против 190.000 евра. таа сума е фракција од она што власта го плаќа по телевизиите за некои реклами кои ама баш за ништо не ни користат. а додека ваљда е издржано да се дискутира дали за спотот е потрошено 190.000 евра или не, не гледам како можеме да измериме дали вреди 190.000 евра или не.
190 кила евра се трошат неделно на реклами на владата, најмалку.
Е демек Милчо “развиваше“ идеа за 190 000 евра... толку му е цената а?
Значи го зеле еден ден Милчо и му рекле: “Види вака, ние имаме 190 000 евра, толку потсобравме.. ај види шо можиш да смислиш за таа цена“
Идеа е идеа. Таа доаѓа од тебе и толку. Е сега доколку таа се реализира тогаш ја добива соодветната цена...
А како голем обожавател на Милчо, многу сум разочарана. Додека чекав да ми отвори страната за да го видам спотот имав трема за како пред испит :)
Јадење бабури само. Ај доста. Топ е спотчето. Добро бе луѓе, ај напрајте список на се шо сакате да видите во спотот, нека го изгласаат сите и дајте му на Милчо да го стутка спотот. Така ке имате демократски донесена, легитимна бљувотина. Бреее.
ја ваљда и не сакам да видам спотче, even more не некое направено од владата... ваквите спотови најверојатно го изгубиле кредибилетот било каде.
тоа што е релевантно денес е да можеш да си завршиш работа преку интернет... ко на пр. да си резервираш соба во хостел