Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Иако самиот документарец воопшто нема политички тенденции, сепак потрагата по идентитетот на една песна ја отсликува потрагата по сопствениот идентитет и националната нетрпеливост кај народите од Балканот.
станала популарна пред 1 година, 1 месец | проблем? | кој гласал? | категорија: Култура
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Ајде сите да гласаме за документарец што не сме во можност да го видиме... :)
во самиот пост е.
Video was removed because of не знам какви regulations... :(
За среќа успеав да го најдам на друго место:
http://video.google.com/videoplay?docid=...
Два заклучока од документарецов:
1. Није нас баш толко мало - ал ипак смо говна!
2. Не дека е тоа битно, ама мое мислење е дека песната е сепак со турско потекло. :))
ЈПетров... не можам да се сложам со твоето мислење дека „самиот документарец воопшто нема политички тенденции“. Според мене и тоа како е направен од социо-политички побуди. А пак целта му е баш да ја отслика нетрпеливоста помеѓу балканските народи. Job well done! :)
како прво не знам зошто си имал проблеми со видеото, еве јас повторно го вчитав постот, и во него уредно се вчита видеото. Инаку моја грешка што не ставив наводници, реченицата под насловот е на авторот.
баш така
Не знам зошто таква тенденција во се да се бара кавга и основа за националистички тенденции. Иако тоа на Балканот за жал скоро секогаш е така, бидејќи политиката е неминовно испреплетена со историските околности. Јас стојам на ставот дека "самиот документарец воопшто нема политички тенденции" оти е правен со друга цел. Веројатно немал таков мотив кога се започнал, но резултатите ни покажуваат нешто сосема друго. Нешто што сме го виделе повеќе пати кога се мешаат културни вредности и достигнувања на различни етноси и цивилизации. Било што уметничко да се создаде, кое вклучува повеќе засегнати страни, по природата на нештата и настаните во овој регион неминовно води кон национализам и се смета за мотив со политички тенденции.
Да да. Правен е од чисто наивни причини да го најде вистинското потекло на песната. Затоа на босанците им вели дека србите сметаат дека го имаат оригиналот (иако сеуште не беше ни отидена во србија), на србите им ја пушти босанската верзија, а на бугарите им вели дека турците трвдат дека е нивна.
Нема ништо наивно во документарецов... а ако со нешто е преполн тоа е со политика. Ама, убаво што е така направен - ти отсликува тукашните народи на прекрасен начин. :)
Многу јасно е дека песната е само мотив искористен за да ја прикаже апсурдноста од потенцираниот национален императив за дефинирање на супериорност. Поради тие причини документарецот е слика на случувањата на балканот и бесмисленоста од непотребни присвојувања и докажувања едни со други. Авторката тоа го прикажала перфектно и од лице место. Со повикани видни луѓе и со нормален народ. Ја покажува истоста и глупоста во која се дави балканската вукојебина... и ме мрзи сега да редам уште. Филмот е топ и многу површно е да се бара негатвна политичка конотација.
Не. Не. Ништо негативно во мојот коментар. Мене документарецот ме одушеви и не барам никакви негативни конотации, па ни политички. :) Супер си е документарецот. Ја погодил целта 100%.
Но не е само Балканот "буре барут". Тоа важи за многу земји во светот, подрачја и региони кои се блиски помеѓу себе, а имале неоспорна размена на културни елементи во повеќе полиња. Ако постои проблем од тој тип, како што се наметнува тука, тогаш на проблемите треба да им се пријде од повеќе страни, токму со цел да се најде која е причината. Затоа дебатата за песната е отворена за секого. Бидејќи секое седиште има различно гледиште. :)
Колку да остане за архива - коментарите на кајмак.от за овој пост цитирани на Global Voices - http://tinyurl.com/9y9tsc