Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Автоцензура, конформизам, едноумие и плукање

пријавена од sead93 пред 1 година, 6 месеци. (www.utrinski.com.mk)

Се поголемото отсуство на јавното мислење преку отворени расправи, трибини и емисии станува загрижувачко. Дебата нема ни во медиумите, ни во институциите, ни во граѓанскиот сектор. Во реалноста постои чувство на една голема празнина на јавно кажаниот збор.

станала популарна пред 1 година, 6 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Култура

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    Сакам „одма“ прв да го искритикувам изборот на „експертите“, но темата како тема мислам дека вреди да се прошири за дебата.

  • +3 гласови

    0 за целиот текст
    :))) Критички осврт на делото:
    Во овој текст во суштина СДСМ плаче врз веќе изгубената контрола на поголемиот дел од медиумите. За оние со подобро помнење, вистинска кхм-кхм „дебата“ до пред година-две имаше само кога СДСМ беше во опозиција. Кога беа на власт, дебата не беше потребна и сем тек-тук по некој осамен глас, сите експерти беа сложни како еден со политиката на владеачките социал-демократи.

    Дебата имаше значи, само кога беа во опозиција. Разликата од тогаш до сега - е што тогаш имаа дебела контрола врз медиумите и нашето (зев) „експертко миље“. Таа контрола (фала к****) веќе ја немаат.

    За жал. Тоа што го правеа тие тогаш, го прават сега овие. :( Доказ плус дека во Македонија никогаш немало ниту независни медиуми, ниту независни експерти. Сите се политички вртикапи. Купче интелектуални тртушки.

  • +1 глас

    Da, debata nikgoas ni nemalo, se soglasuvam, good point.

  • -1 глас

    Не си ја разбрал работата, злочко.
    Не се мисли на дебата меѓу партиите, туку на граѓанска дебата - онаа која ја имаат цивилните (граѓанските) организации. Таков вид на дебата е есенцијален за еден вид „надзор“ на грѓаните над политичарите.
    Затоа, цивилните организации се нарекуваат и „невладини“, бидејќи не се поврзани и партизирани. (Само што, за жал, во стварноста не е секогаш така).

    Е сега, партиите, особено десничарските во Македонија, вообичаено не ги сакаат НВО-ата, бидејќи тие им ги кажуваат недостатоците. Затоа, пропагандната машинерија на Геб... упс, Грујо, ги нарекува „пералници за пари“ и слични дерогантни епитети.
    Глупата овчарска маса, без да размисли, а исцрпена во својата сиромаштија (духовна и материјална), лесно ги прифаќа ваквите атрибути.
    Се разбира, најголемата перална за пари во Македонија е партијата која е на власт, почнувајќи од Владата, па надолу.

  • +2 гласови

    :) Како и во сите дискусии до сега кога треба да се затскријат евидентните маани на СДСМ, се трудиме што повеќе да ги прикажеме работите според политичка ориентација... десни - леви, националисти - либерали, џанам се работи за разлики во идеологијата. Овие се десничари па поради тоа имаат тенденција кон автократко однесување. Нема врска.

    Оваа власт не ги сака НВО-оата (со огромни наводници околу тоа „НВ“) не затоа што е десничарска, туку затоа што најголемиот дел од тие организации се креирани и во најголема мера контролирани од сегашната опозиција. Тоа е единствената причина. Нема друга.

  • +1 глас

    Најголемите манипулации со НВО-ата ги направи токму вмро-нпк. „Гласот на светлината“, „Правдина за правдината“ (или како веќе беше).
    Од друга страна, евидентни се (беа) блиските врски на Милчин (Сорос) со сдсм.

    Сепак, нефер е да се генерализира работата и сите НВО да се ставаат во исти кош со овие горниве.

    Пак ќе кажам, гладниот на ситиот не му верува, од таму погрешната претпоставка на „јавноста“ (полуписмените, затуцани, бедници кои се 80% од нашите сограѓани).

  • -1 глас

    Каков фактор се па СДСМ??? И како такви, колкаво влијание можат да имаат врз невладиниот сектор?

    Во Македонија, според www.graganskisvet.org.mk има околу 1,589 НВОа.

    „најголемиот дел од тие организации се креирани и во најголема мера контролирани од сегашната опозиција.“ ???

  • +1 глас

    Во секој случај морам да признаам дека новата стратегија на опозицијата да заборави на економијата, стопанството и некои други битни прашања, а целата борба со власта да ја сведе само на идеологија и употребување на термини од типот фашизам, национализам, десничарење итн - е како таква многу интересна. :) И така добри 95% од луѓето појма немаат што е тоа фашизам, вклучително и овие што тој термин нон-стоп го употребуваат и го трубат на сите страни, ама затоа сите помниме дека е фашизмот е лош... учевме во 5то по историја.
    Јунг и неговите архетипови. :)))

  • +1 глас

    едните фашисти, другите предавници... така било и на времето - едните бугарски шпиони а другите партизани