Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Долу е листата на статии за кои гласал корисникот design4life, заедно со рсс каналот со статиите за кои гласал.
Едиси претставува бесплатен веб-едитор кој ќе ви понуди убав, модерен дизајн со можности за уредување и исполнување со содржина, како и уникатна веб-адреса преку која ќе може да му се пристапува на веб-сајтот што ќе го создадете.
0 коментари | станала популарна пред 1 година, 6 месеци | проблем? | категорија: Технологија
„Бифанки“ е исклучително интересен веб-сајт кој особено ќе ви се најде во моментите на здодевност. Ова е еден од оние сајтови кои ќе ви овозможи да си играте на уникатен начин, притоа ќе ви дозволи да отидете со креативноста до незнајни граници.
1 коментар | проблем? | категорија: Технологија
„One True Media“ е веб-сајт кој овозможува едноставно креирање на видео и негово инстантно споделување со светот. Целата постапка се одвива онлајн и во неколку чекори.
0 коментари | проблем? | категорија: Технологија
Неодамна, групата млади ентузијасти кои работат под името „МАСТЕР Интерактив“, а се занимаваат со изработка на краткометражни филмови, ја лиценцираа својата работа под Криејтив комонс.
14 коментари | станала популарна пред 1 година, 7 месеци | проблем? | категорија: Вести
Тема: „лето“ Криејтив комонс Македонија објавува конкурс за најдобра фотографија или најдобар видео клип направени со помош на вградена камера од мобилен телефон. Темата е „лето“ по повод стапувањето на ова годишно време, а конкурсот ќе трае до 23 септември, односно до крајот на летото.
4 коментари | станала популарна пред 1 година, 9 месеци | проблем? | категорија: Технологија
Над 4300 деца, родители и наставници од Македонија се опфатени со активностите за безбедно користење на интернет од страна на децата, кои се одвиваат во 28 основни и средни училишта, во рамките на проектот Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет кој го спроведува „Метаморфозис“.
1 коментар | станала популарна пред 1 година, 10 месеци | проблем? | категорија: Вести
Во денешното издание на дневниот весник „Време“ беше објавена рецензија за веб-сајтот „Безбедно на интернет“. Сајтот е од едукативен карактер и им помага на децата, нивните родители и наставници во спознавањето на можните опасности на интернет и начните за заштита од нив.
0 коментари | проблем? | категорија: Вести
Во последниве два месеци, 14 дела од Драги Михајловски станаа бесплатно достапни за преземање од веб-порталот за авторски содржини. Денес како заокружување на процесот на дигитализација на неговите дела, се објави пакет од 11-те драми од Шекспир, како и познатиот роман „Мојот Скендербеј“.
0 коментари | станала популарна пред 2 години | проблем? | категорија: Култура
Порталот за содржини лиценцирани под Криејтив комонс ги објави македонските преводи на единаесет драми на Шекспир како е-книги кои може да се преземаат, благодарение на реномираниот раскажувач и преведувач Драги Михајловски.
6 коментари | станала популарна пред 2 години | проблем? | категорија: Култура
Минатата недела, порталот за авторски содржини го збогати делото на Маргарита Иванова (Леонова), која на својот блог, повеќе од година и пол, објавуваше поезија. Конечно, го спакува најдоброто во едно дело. Книгата се вика „Елементи“, издадена е во пдф формат и заштитена со Криејтив комонс лиценца.
1 коментар | станала популарна пред 2 години | проблем? | категорија: Блогови
Оваа недела, во електронска форма станаа достапни македонските преводи на уште две драми од Вилијам Шекспир, како и збирката „Раскази од шести кат“ од преведувачот и писател Драги Михајловски.
0 коментари | станала популарна пред 2 години, 1 месец | проблем? | категорија: Култура
Глобал војсис (Global Voices) официјално го објави отворањето на нови јазични оддели на овој влијателен портал кој пренесува содржини од светската блогосфера: на македонски, албански и германски јазик.
2 коментари | станала популарна пред 2 години | проблем? | категорија: Блогови
Оваа недела на порталот за авторски содржини беа објавени последните две драми од Вилијам Шекспир зад кои како преведувач стои Драги Михајловски и кои во овој циклус на објавување за првпат станаа достапни во електронска форма, на македонски јазик.
0 коментари | станала популарна пред 2 години | проблем? | категорија: Култура