Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Долу е листата на статии за кои гласал корисникот Sokol, заедно со рсс каналот со статиите за кои гласал.
Некогаш одамна, затворите ги градевме за да ги чуваат непожелните внатре. Денес, почнавме да градиме нови затвори, оние што ќе ги чуваат отпадниците надвор.
0 коментари | проблем? | категорија: Блогови
Веќе неколку месеци разговараа на интернет. Оставаа еднаш коментари на еден ист блог, во исто време, на некој текст што се однесуваше на слободата на Тибет и нејзиното никогашно неостварување. Препукувајќи се, разговорот го префрлија на некој месинџер. Оттогаш, зборуваа по неколку пати во денот...
5 коментари | станала популарна пред 1 година, 10 месеци | проблем? | категорија: Блогови
Упатувам голема благодарност до ДУИ(BDI) и ДПА(PDSH), за нивните интегративни желби и демократски идеи.
9 коментари | проблем? | категорија: Политика
Импресии од новиот Индијана Џонс филм.
2 коментари | станала популарна пред 1 година, 10 месеци | проблем? | категорија: Забава
И повеќе од одличен блог-роман на С.Ц. во 44 дела(44 поста). Линков води до првиот дел.
3 коментари | станала популарна пред 1 година, 10 месеци | проблем? | категорија: Блогови
Приклучете се во поддршката за номинација на Фајрфокс за светски рекорд - најпопуларен даунлоад.
0 коментари | станала популарна пред 1 година, 10 месеци | проблем? | категорија: Технологија
Најпосле, pdf верзија од „Грабежот“, објавено под криејтив комонс.
1 коментар | станала популарна пред 1 година, 10 месеци | проблем? | категорија: Култура
бевме во она мало и загушливо пабче во кое секогаш играме пикадо и пиеме пиво, за да не мораме да правиме нешто друго што веројатно ќе има смисла. Собрани бевме, поделени во тимови и фрлавме, еден по еден, во бројките, во центарот, понекогаш и во ѕидот околу таблата. Пивото знаеше и чуда да направи.
0 коментари | проблем? | категорија: Блогови
- Браво! Смешни бевте, ама публикава не ви реагираше на смешките – рече, покажувајќи со раката кон гробиштата. – Потрудете се повеќе следниот пат.
0 коментари | проблем? | категорија: Блогови
...Пред зори, истите тие пет старци се збираа и заминуваа во посета на девојката (или жена) што се беше помолила истата ноќ. Таму, ритуално се ослободуваа од нејзината облека, а потем со неа играа рулет.
0 коментари | станала популарна пред 1 година, 11 месеци | проблем? | категорија: Блогови
Немајќи попаметна работа, се решив да направам рецензија на сите книги од блог-едицијата која излезе неодамна. Нормално, рецензијата е лаичка и крајно лежерно направена, онака како и што доликува. Значи, се темели стриктно врз субјективните впечатоци.
8 коментари | станала популарна пред 2 години | проблем? | категорија: Блогови
Си пријавив пост на кајмакот во кој си го искажувам личното мислење по однос на злоупотребата на Олимписките Игри во полтички цели. И што се случи? Дојде таму пациент и остави коментар во кој реши да ми залепи етикета - фашист.... Зошто сум јас фашист?
3 коментари | станала популарна пред 2 години | проблем? | категорија: Блогови
Што не отиде ќелавиот да се реинкарнира неколку пати во Пекинг?! Што не протестираше со самозапалување среде Тиананмен, па после да се врати како перика и така после вечно да е заедно со Ричард Гир? Затоа што е полесно да пратиш некое дете да го стори тоа место тебе!
49 коментари | станала популарна пред 2 години | проблем? | категорија: Блогови
На 1 април, 2010 година, на насловните страници од сите весници во Курвористан осамна наслов со крвави букви обрабени со бодликава жица: „Курвористан ѝ објави војна на Новата Демократска Лева Република 4“.
7 коментари | станала популарна пред 1 година, 12 месеци | проблем? | категорија: Блогови
Се викав Јован К. Бев Јован К. сè дур не ме прекрстија во ДОСИЕ БРОЈ 5622.
0 коментари | станала популарна пред 2 години | проблем? | категорија: Блогови