Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Долу е листата на страници кои ги пријавил корисникот Irinka (рсс канал).Еве ја и листата на статии за кои гласал корисникот.
Во втората половина на март, Метаморфозис спроведе работилница за дигитално раскажување приказни, на која учество земаа членови од НВО „Доверба“ и лица зависни од дрога. Видеата на тројцата учесници, со нивна согласност, се достапни онлајн.
0 коментари | станала популарна пред 1 година | проблем? | категорија: Технологија
Еве еден начин за преземање на видеата што ги гледате онлајн на вашите компјутери, кој веројатно ќе сакате да го практикувате - нема инсталација на софтвер, нема посета на други веб-сајтови. Доволно е да ставите „pwn“ пред „youtube“ во адресата на секое видео што сакате да го преземете од Јутјуб.
3 коментари | станала популарна пред 1 година, 2 месеци | проблем? | категорија: Технологија
Лорем ипусм е едноставен модел на текст кој може да ви се најде доколку се занимавате со развој на софтверски апликации или веб решенија. Служи за пополнување на местата на кои треба да има текст во крајните производи, каков во моментот немате.
3 коментари | станала популарна пред 1 година, 2 месеци | проблем? | категорија: Технологија
Избрани се најдобрите фотографии кои учествуваа на конкурсот за најдобра фотографија направена со мобилен телефон, кој имаше за цел да поттикне споделување на што повеќе дигитални авторски дела под најнерестриктивната помеѓу Криејтив комонс лиценците – Наведи извор.
1 коментар | станала популарна пред 1 година, 5 месеци | проблем? | категорија: Технологија
Едиси претставува бесплатен веб-едитор кој ќе ви понуди убав, модерен дизајн со можности за уредување и исполнување со содржина, како и уникатна веб-адреса преку која ќе може да му се пристапува на веб-сајтот што ќе го создадете.
0 коментари | станала популарна пред 1 година, 6 месеци | проблем? | категорија: Технологија
Неодамна, групата млади ентузијасти кои работат под името „МАСТЕР Интерактив“, а се занимаваат со изработка на краткометражни филмови, ја лиценцираа својата работа под Криејтив комонс.
14 коментари | станала популарна пред 1 година, 7 месеци | проблем? | категорија: Вести
„One True Media“ е веб-сајт кој овозможува едноставно креирање на видео и негово инстантно споделување со светот. Целата постапка се одвива онлајн и во неколку чекори.
0 коментари | проблем? | категорија: Технологија
„Бифанки“ е исклучително интересен веб-сајт кој особено ќе ви се најде во моментите на здодевност. Ова е еден од оние сајтови кои ќе ви овозможи да си играте на уникатен начин, притоа ќе ви дозволи да отидете со креативноста до незнајни граници.
1 коментар | проблем? | категорија: Технологија
Тема: „лето“ Криејтив комонс Македонија објавува конкурс за најдобра фотографија или најдобар видео клип направени со помош на вградена камера од мобилен телефон. Темата е „лето“ по повод стапувањето на ова годишно време, а конкурсот ќе трае до 23 септември, односно до крајот на летото.
4 коментари | станала популарна пред 1 година, 9 месеци | проблем? | категорија: Технологија
Над 4300 деца, родители и наставници од Македонија се опфатени со активностите за безбедно користење на интернет од страна на децата, кои се одвиваат во 28 основни и средни училишта, во рамките на проектот Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет кој го спроведува „Метаморфозис“.
1 коментар | станала популарна пред 1 година, 10 месеци | проблем? | категорија: Вести
Во денешното издание на дневниот весник „Време“ беше објавена рецензија за веб-сајтот „Безбедно на интернет“. Сајтот е од едукативен карактер и им помага на децата, нивните родители и наставници во спознавањето на можните опасности на интернет и начните за заштита од нив.
0 коментари | проблем? | категорија: Вести
Во последниве два месеци, 14 дела од Драги Михајловски станаа бесплатно достапни за преземање од веб-порталот за авторски содржини. Денес како заокружување на процесот на дигитализација на неговите дела, се објави пакет од 11-те драми од Шекспир, како и познатиот роман „Мојот Скендербеј“.
0 коментари | станала популарна пред 2 години | проблем? | категорија: Култура
Минатата недела, порталот за авторски содржини го збогати делото на Маргарита Иванова (Леонова), која на својот блог, повеќе од година и пол, објавуваше поезија. Конечно, го спакува најдоброто во едно дело. Книгата се вика „Елементи“, издадена е во пдф формат и заштитена со Криејтив комонс лиценца.
1 коментар | станала популарна пред 2 години | проблем? | категорија: Блогови
Оваа недела на порталот за авторски содржини беа објавени последните две драми од Вилијам Шекспир зад кои како преведувач стои Драги Михајловски и кои во овој циклус на објавување за првпат станаа достапни во електронска форма, на македонски јазик.
0 коментари | станала популарна пред 2 години | проблем? | категорија: Култура