Инфо за GoodBytes

Корисник од:
3 април 2007
Пријавени статии:
28
Популарни:
23
Однос на популарност:
82%

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Долу е листата на страници кои ги пријавил корисникот GoodBytes (рсс канал).Еве ја и листата на статии за кои гласал корисникот.

Осигурај и пали

пријавена пред 7 месеци, 1 седмица. (www.vecer.com.mk)

На 25 јануари 2001 година, во Кјуби била извадена осигурителна полиса на 24 милиони денари на шест месеци. Следниот ден во фабриката избувнува пожар кој зафатил три погони. Чуварот е тепан од полиција за да признае дека спиел кога избувнал пожарот. По три месеци, загинува во чудни околности.

1 коментар | станала популарна пред 7 месеци | проблем? | категорија: Политика

Washington Post за спорот со Грција

пријавена пред 8 месеци, 2 седмици. (www.washingtonpost.com)

Washington Post има статија за спорот со Грција. Без да заземаат страна, ги презентираат фактите кои се најексплоатирани во рамки на ова прашање.

2 коментари | проблем? | категорија: Политика

Гугл стрит вју го открил неверниот сопруг

пријавена пред 1 година. (www.makfax.com.mk)

Вака гласи насловот на веста од МакФакс. Но, нешто не е во ред со објаснувањето на методот за лов. Што?

1 коментар | проблем? | категорија: Технологија

Вест со решение за економската криза!

пријавена пред 1 година, 1 месец. (www.vest.com.mk)

Едно време им се смеевме на Америте со нивните тривијални совети или предупредувања (e.g. „не седи врз запалена скара“), така? Е па истото ни дојде на врата: прво, немој да јадеш по ресторани, второ, навреме плаќај си ги сметките, и трето, не се откажувај од купување недвижнини, туку земи си кредит.

0 коментари | проблем? | категорија: Забава

Момент на вистината – дресирање за катастрофи

пријавена пред 1 година, 1 месец. (komunikacii.net)

На браникот на: Вистината, Правдата, Убавината, Добрината и Праведноста, овој текст кој го обработува ТВ-феноменот „Момент на вистината“ ги преиспитува постулатите на општествениот морал и култура на живеење, терајќи нè да се запрашаме дали е баш сè на продажба?

0 коментари | станала популарна пред 1 година, 1 месец | проблем? | категорија: Култура

Автопат на добрососедството

пријавена пред 1 година, 2 месеци. (razvigormk.blogspot.com)

Развигор има феноменална идеја за поентирање со џиу-џицу/џудо/аикидо зафат во случајот со поплаките на Грција дека сме иредентистички провокатори бидејќи сме го именувале автопатот со име „Александар Македонски“. Дипломатијата е покажување заби: некогаш за 'ржење, но некогаш и за смешкање!

14 коментари | станала популарна пред 1 година, 2 месеци | проблем? | категорија: Политика

Наш парадокс: голема невработеност, фирмите молат за работници

пријавена пред 1 година, 3 месеци. (novamakedonija.com.mk)

Текстот допира една зачудувачка реалност, дека во толкава немаштија и невработеност, сепак има многу македонски фирми кои не можат да се екипираат со работна сила. Уште почудно, не се работи само за побарувачка на високо образувани работници, туку се бараат и: градежници, земјоделци, возачи...!

8 коментари | станала популарна пред 1 година, 3 месеци | проблем? | категорија: Бизнис

Урбана мафија снимена и објавена на YouTube

пријавена пред 1 година, 6 месеци. (komunikacii.net)

Сеад на блогот Комуникации ги пренесува видео клиповите објавени на YouTube кои тајно ги снимиле изиграните сопственици на земјиштето во општината Центар. Во „игра“ се градоначалници и министри, инспектори и други јавни службеници. Случајот смрди на корупција и урбана мафија и вреди да се разгласи.

15 коментари | станала популарна пред 1 година, 6 месеци | проблем? | категорија: Политика

Политичката комуникација во демократски општества

пријавена пред 1 година, 8 месеци. (komunikacii.net)

На Запад, калкулирачкото манипулирање со Јавното мислење заради остварување на политички и идеолошки цели е далеку поефикасен систем отколку што е тоа наметната пропаганда во тоталитарните системи. Најголемиот успех на ваквата пропаганда е што всушност самата не ја забележуваме дека е пропаганда.

3 коментари | станала популарна пред 1 година, 8 месеци | проблем? | категорија: Политика

Програма на Охридско лето 2008

пријавена пред 1 година, 9 месеци. (www.ohridskoleto.com.mk)

Датум, час, локација, содржина, изведувачи, фотографија, цена на билетот и резервација на билети, сето тоа го има на официјалниот сајт.

3 коментари | станала популарна пред 1 година, 8 месеци | проблем? | категорија: Култура

Од дневникот на една плавуша

пријавена пред 1 година, 9 месеци. (jakov.blog.com.mk)

Една русокоса полага за возачка и... Само без обвинувања за шовинизам и стереотипи, текстот е пријавен затоа што е СМЕШЕН.

3 коментари | станала популарна пред 1 година, 9 месеци | проблем? | категорија: Забава

Зошто МАНУ повторно молчи?!

пријавена пред 1 година, 9 месеци. (kurir.com.mk)

Интелектот кој не се става во функција, останува неупотреблив, а со тоа и безвреден. Но, ако се работи за институција за која сите ние одвојуваме, тогаш имаме секое право да го кренеме гласот и да побараме одговорност. Катанец за МАНУ.

5 коментари | станала популарна пред 1 година, 9 месеци | проблем? | категорија: Наука

Ден на дрвото

пријавена пред 2 години, 1 месец. (www.treeday.com.mk)

Официјална страница на еколошката акција Ден на дрвото.

9 коментари | станала популарна пред 2 години, 1 месец | проблем? | категорија: Сешто

ТВ-серијата „Космос“ со Карл Саган - цела на интернет

пријавена пред 2 години, 2 месеци. (razvigormk.blogspot.com)

Една од најпопуларните документарни серии на светот, „Космос“ со Карл Саган, е достапна за гледање и симнување. Би било супер некоја наша национална телевизија да ја репризира серијава.

4 коментари | станала популарна пред 2 години, 2 месеци | проблем? | категорија: Наука

Правична застапеност на албански начин

пријавена пред 2 години, 4 месеци. (on.net.mk)

Погоди колку државни службеници со етничко албанско потекло се примени на конкурс со кој се примаат 200 помлади соработници?

2 коментари | станала популарна пред 2 години, 4 месеци | проблем? | категорија: Политика

Ваучери - Riversoft верзија

пријавена пред 2 години, 4 месеци. (pablisher.blogspot.com)

Риверсофт дефинитивно не продава компјутери со ваучери легално... Поделбата на ваучери и морално и интелектуално го осакати овој и онака неписмен народ.

1 коментар | станала популарна пред 2 години, 4 месеци | проблем? | категорија: Технологија

Продавам компјутер купен со ваучер

пријавена пред 2 години, 5 месеци. (www.vreme.com.mk)

И по весниците веќе почнаа да се објавуваат огласи за продажба или откуп на ваучери. „Продавам компјутер купен со ваучер, цена 110 евра“. „Откупувам вредносни купони за компјутери“. Во „Време“ има уште еден показател колку глупаво се фрлаат нашите пари во ветар.

1 коментар | станала популарна пред 2 години, 5 месеци | проблем? | категорија: Политика

Кога Груевски и Црвенковски би се погледнале во огледало

пријавена пред 2 години, 5 месеци. (antipunkt.blogspot.com)

Можеби е умен советот на правните експерти дека треба да се мисли за преформатирање на системот, за тој да не зависи толку многу од личните хирови на клучните фигури. И навистина, кога ќе се погледнеме во огледало, се повеќе си личиме на раскарани јатрви отколку на организирана држава.

1 коментар | проблем? | категорија: Политика

Аргумент: „инвестиции“

пријавена пред 2 години, 8 месеци. (say-macedonia.blogspot.com)

Грците често ќе се пофалат како тие се пријателски расположени кон нас, иако ние сме нивни душмани (не знам само заради што?). Како „доказ“ за нивниот позитивен сентимент, наведуваат дека грчките фирми се најголем инвеститор во МК. Мојата статија се обидува да го разобличи тоа и да зададе контрагол.

0 коментари | станала популарна пред 2 години, 8 месеци | проблем? | категорија: Политика

Отворено писмо до МАСИТ: Играчки плачки

пријавена пред 2 години, 8 месеци. (www.iborn.net)

МАСИТ од Владата бара да ги поништи тендерите за набавка на 100.000 компјутери и лиценците за вајмакс технологија. Во принцип, работата се сведува на мрчење бидејќи не добиле дел од колачот.

0 коментари | станала популарна пред 2 години, 8 месеци | проблем? | категорија: Технологија