Инфо за Арангел

Корисник од:
3 април 2007
Пријавени статии:
46
Популарни:
36
Однос на популарност:
78%

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Долу е листата на страници кои ги пријавил корисникот Арангел (рсс канал).Еве ја и листата на статии за кои гласал корисникот.

Енкриптирана комуникација

пријавена пред 8 месеци, 3 седмици. (ufo.linux.net.mk)

OTR е додаток (plugin) кој што се користи за енкриптирана комуникација. Автоматски доаѓа со популарниот мулти-платформски мулти-протоколски клиент Pidgin. Ако сакате да се осигурате дека користите енкриптирана комуникација ѕирнете го текстов.

0 коментари | станала популарна пред 8 месеци, 3 седмици | проблем? | категорија: Технологија

Не сакаме скара, сакаме права!

пријавена пред 11 месеци, 1 седмица. (www.a1.com.mk)

Празни јарболи, празни улици. Државата го заборави, работниците и невработените го празнуваа дома. Честа на Први мај ја бранеа младите и членовите на невладината Ленка.

1 коментар | станала популарна пред 11 месеци, 1 седмица | проблем? | категорија: Вести

Укради го овој филм (Trial)

пријавена пред 1 година, 1 месец. (spodeliznaenje.blogspot.com)

Решивме да го реактивираме Сподели кино за прикажување на третото издание на Steal This Film - STF Trial. Се работи за третото (или транзитно) продолжение на Steal This Film, овој пат измиксано видео од првите два дела со додатни снимки поврзани со случајот против The Pirate Bay.

3 коментари | станала популарна пред 1 година, 1 месец | проблем? | категорија: Технологија

Климе на Ubuntu :)

пријавена пред 1 година, 1 месец. (ufo.linux.net.mk)

sudo apt-get install shopska...

2 коментари | проблем? | категорија: Технологија

Петиција за запирање на софтверските патенти во Европа

пријавена пред 1 година, 5 месеци. (stopsoftwarepatents.eu)

Системот за патентирање се злоупотребува за да се ограничи конкуренцијата со цел економска добивка на малкумина, но не успева да промовира иновација. Околината на пазарот на софтвер ќе биде во поповолна позиција ако воопшто нема патенти врз софтвеорот. „НЕ“ за софтверските патенти во Европа!

1 коментар | станала популарна пред 1 година, 5 месеци | проблем? | категорија: Технологија

Дај бе една цигара...

пријавена пред 1 година, 6 месеци. (www.youtube.com)

Господ здравје да ти даи.. :)

6 коментари | станала популарна пред 1 година, 6 месеци | проблем? | категорија: Забава

Се воведува Министерство за информатичко општество

пријавена пред 1 година, 9 месеци. (a1.com.mk)

Новата македонска Влада ќе биде проширена за уште едно министерство, откако денеска во Собранието по забрзана процедура се изгласа воведување на ресор за информатичко општество.

28 коментари | станала популарна пред 1 година, 9 месеци | проблем? | категорија: Вести

Firefox 3 забава!

пријавена пред 1 година, 9 месеци. (linux.net.mk)

Во рамките на објавувањето на Firefox 3, Слободен софтвер Македонија и македонскиот тим за локализација на Mozilla, на 18ти јуни со почеток од 20:00 часот организираат забава во културниот центар Точка. Ден порано, истиот настан се оддржува низ илјадници градови во целиот свет.

16 коментари | станала популарна пред 1 година, 9 месеци | проблем? | категорија: Забава

Нивната кирилица

пријавена пред 1 година, 10 месеци. (ufo.linux.net.mk)

За кампањата „Мојата кирилица“ и нејзиниот неуспех. Се уште сме заробеници на една стара генерација на луѓе кои што воопшто не го разбираат проблемот што го има кирилицата со информатичката технологија. Сакаат да не вратат 15 години во минатото и на крајот ќе се извлечат со тоа.

2 коментари | станала популарна пред 1 година, 10 месеци | проблем? | категорија: Технологија

Играј и добиј маичка „Ubuntu за Македонија“!

пријавена пред 1 година, 10 месеци. (ufo.linux.net.mk)

Слободен софтвер Македонија доделува 20 Ubuntu маички на сите оние кои што ќе напишат упатство или ќе помогнат при решавање на неколку проблеми на форумот „Ubuntu за Македонија“.

2 коментари | станала популарна пред 1 година, 10 месеци | проблем? | категорија: Технологија

Revolution OS во Точка!

пријавена пред 1 година, 10 месеци. (ufo.linux.net.mk)

Ако ве интересира што е слободен софтвер, зошто е корисен за светот, дали програмерите што пишуваат слободен софтвер добиваат плата и како функционира сето тоа, повелете утре во културниот центар Точка во 20 часот на прикажување на документарецот Revolution OS посветен на GNU/Linux.

3 коментари | станала популарна пред 1 година, 10 месеци | проблем? | категорија: Технологија

Инсталација на Ubuntu 8.04

пријавена пред 1 година, 10 месеци. (it.com.mk)

Водич за инсталација на Ubuntu. Штета што авторот не избрал да го користи инсталерот на македонски, но сепак корисно за почетници.

0 коментари | станала популарна пред 1 година, 10 месеци | проблем? | категорија: Технологија

Помогнете во локализацијата на Ubuntu на македонски

пријавена пред 2 години. (ufo.linux.net.mk)

Ubuntu е оперативниот систем што ќе се користи во сите македонски средни и основни училишта, на компјутерите што ги купи владата на РМ како дел од проектот „Компјутер за секое дете“. Помогнете и вие да се осигураме дека нашите деца ќе имаат можност да се образуваат со помош на софтвер на македонски.

9 коментари | станала популарна пред 2 години | проблем? | категорија: Сешто

Излезе GNOME 2.22

пријавена пред 2 години. (library.gnome.org)

GNOME 2.22 е најновата верзија на работната околина GNOME. GNOME е повеќеплатформска работна околина. GNOME се фокусира на леснотија при работата, стабилност и интернационализација од прва класа со поддршка за пристапност. GNOME 2.22 е достапен и на македонски јазик.

0 коментари | проблем? | категорија: Технологија

GNOME 2.22 целосно преведен на македонски

пријавена пред 2 години, 1 месец. (gnome.linux.net.mk)

Има уште два дена до официјалното објавување на новото издание на GNOME. Во моментов најголема помош е потребна околу тестирање на преводите и пријавување на грешки на системот за пријавување на грешки.

0 коментари | станала популарна пред 2 години, 1 месец | проблем? | категорија: Технологија

Quo vadis, Macedonia?

пријавена пред 2 години, 1 месец. (mislam.blogspot.com)

408 години по смрта на Џордано Бруно нашите политичари како и свештените лица од повеќе религии, решаваат да градат цркви и џамии со државни пари и да воведат веро-наука во јавниот образовен систем. Каде одиш Македонијо?

0 коментари | станала популарна пред 2 години, 1 месец | проблем? | категорија: Сешто

Толеранција нула за пушачите, ако, скапете.

пријавена пред 2 години, 3 месеци. (dnevnik.com.mk)

Пушењето треба целосно да се забрани на сите јавни места по примерот на земјите-членки на ЕУ, предлага Министерството за здравство. Негова работна група ваквиот предлог ќе го достави до Владата до крајот на неделава.

19 коментари | станала популарна пред 2 години, 3 месеци | проблем? | категорија: Вести

Старбакс ми го спаси животот

пријавена пред 2 години, 3 месеци. (www.cbsnews.com)

Интересна вистинска приказна за еден човек кој што губи се во животот. Од директор станува продавач, го остава жената и откриен му е тумор на мозок. На крајот се наоѓа себе си и е посреќен од било кога. Правата за снимање на филм според книгата чиј што автор е Гејтс веќе ги купил Том Хенкс.

0 коментари | проблем? | категорија: Сешто

GHOP за GNOME на македонски

пријавена пред 2 години, 3 месеци. (ufo.linux.net.mk)

GHOP (Google Highly Open Participation TM Contest ) им овозможува на учениците од средните и основните училишта во Македонија да научат како да придонесуваат во заедницата на корисници на слободен софтвер, да си го повежбаат англискиот како и да научат некоја нова работа на компјутерот...

2 коментари | станала популарна пред 2 години, 3 месеци | проблем? | категорија: Забава

Презентација на OLPC во Точка

пријавена пред 2 години, 4 месеци. (olpc.blog.com.mk)

На 12ти декември, среда, со почеток од 20:00 часот во Точка (позади соборен храм) ќе се одржи кратка презентација на лаптопот XO, познат како лаптопот за секое дете. Настанот е организиран од страна на Слободен софтвер Македонија во склоп на проектот „Сподели знаење“.

0 коментари | станала популарна пред 2 години, 4 месеци | проблем? | категорија: Технологија