Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Закон за хартиени ќеси - а каде се хартиените ќеси?

пријавена од ukion пред 1 година, 3 месеци. (ohridskion.blogspot.com)

Кога прв пат слушнав за законот за хартиени ќеси како љубител на природата си реков - одлично. После први, кога ми се потрошија залихите на храна која ја имав за новогодишните празници тргнав да купувам за следните празници добро информирана, по новиот закон да барам хартиена ќеса...

станала популарна пред 1 година, 3 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Блогови

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +3 гласови

    даваат хартиени кеси во рамстор. најлоните ги продаваат за 3 ден.

  • +1 глас

    Има во Тинекс, има во Рамстор.
    А што е со сите други поситни (па и покрупни) продавници/маркети? Јас досега лично немам сретнато ниедна хартиена кеса никаде низ Струга. Единствено во Тинекс (Дисконт) ми дадоа кеса за овошје без рачка... и пак за да го носам производот како што треба морав или да купам најлон или да си носам од дома торба.

  • +4 гласови

    Имаше порано „зембиљи“ - торби од плетена слама. Мислам дека уште се продаваат по пазарите. Сите да си се шетаме со по еден...

    :)

  • -1 глас

    Hartieni davaat i vo Tinex. Sepak, mene mi e krajno kontroverzna zamenata na plastichni kesi (koi neli imaat zhivot okolu 1 milenium) so dopolnitelno sechenje na drva. :(
    Se izvinuvam za latinicava... nova Ubuntu instalacija.

  • +1 глас

    Кај мене у маалската продавница ги даваат ќесите за 1 ден. Не ни прашуваат. Смешна цена е тоа, секој ќе купи ќеса. За да се постигне ефект треба една ќеса да е минумум 10 ден.

  • +2 гласови

    да, тоа е точно, 1 денар или 2 секој ќе купи и пак ќе се прави ѓубре.
    Во Македонија нема системи (функционални) за рециклирање на кои луѓето се навикнати. Пак го фатија законот од газот па нагоре, наместо обратно. Друго, 100 кеси по 2 денари 200 денари * 18% ддв, опс плус пари во буџет, тоа би ни дошло како еколошка такса за која сите викавме „а у оф леле“ кога одевме во Црна Гора и ни наплаќаа (сѐ уште наплаќаат?) на граница.

  • +1 глас

    Ќе ни напраат една кампања „бел текст на портокалово“ па ќе не навикнат да рециклираме :)))

  • +4 гласови

    Се разбира, за кампањата ќе потрошат повеќе отколку сите заштеди од рециклирање кеси за следните 10 години собрани заедно...

  • +1 глас

    абе фино е тоа што се внесуваат еколошки регулативи, тоа се очекуваше и навистина е за пофала.
    хартиени кеси така поголемки ко што гледаме во амерички филмови мислам дека никогаш нема да дојдат џабе ги чекате. Низ земјиве во еу кога го донесоа ова наметнаа пластични кеси -еколошки (направени од пченкарен амидон и др. значи се рециклира природно) кои чинат околу 2-3 центими. А секако можеш да си купиш од тие вреќите , шопинг торбите.. и се враќаш онака во времето на нашите баби кога оделе во самопослуга со оние плетенине торбици.. ц ц ц;))

  • +1 глас

    злочко, мала корекција. Дрвата на некој начин и мора да се сечат.. некаков природен циклус е и не е толку страшно кога е реглементирано и коректно изведено. Секако она што нечини е диво беснеење и дефорестација на цели региони
    од друга страна, земји како финска повеќе од 100год како главна индустрија имаат дрвена, шумите ги негуваат,сечат,растат дури и куќите им се традиционално од дрво и се тоа нормално си иде..

  • +2 гласови

    Се согласувам. Се е во ред се додека се гаи оноколку колку што се уништува. Но... мислам дека фактичката ситуацијата е јасна дека ни од далеку не е така. :(
    А да... чисто информативно, од пред 3 дена јас се вратив во времето на баба ми. Платно, 15л... и чини 60 денари. И се чувствувам подобро! Не ради околината, туку веќе нема преполнети пластични кеси кои ми ги сечат дланките и го попречуваат нормалниот крвоток. :)

  • +1 глас

    еве нешто на темава - http://vest.com.mk/default.asp?id=161940...
    Инаку, јас досега не сум сретнал хартиени освен во тинекс видов за овошје и зеленчук даваат а ги имаат тие стандардните ќеси големи и ги наплаќаат по 1,5 денари.