Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Заев според Најчевска

пријавена од новица пред 1 година, 8 месеци. (kvadraturanakrug.blog.com.mk)

Кога веќе ја линкаме блогосферата. Како и секогаш коментарите се возбудливи.

станала популарна пред 1 година, 8 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Блогови

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +6 гласови

    Сакав ова на тој блогот како коментар да го пишам, ама не можам да ја погодам капчата... оф-топик е знам, ама може ќе се заинтересираат луѓе.

    Цитатите од законите се мошне корисни.

    И Жарко пред некое време кога имаше проблеми, цитираше разни одредби што се корисни да се знаат. Тогаш предложив, и сега пак, правниците кои се на интернет да направат еден онлајн ресурс со овие работи за обичните смртници да можат лесно да дознаат кои им се правата кога се во контакт со мвр и сл.

    Едно вики би завршило одлична работа.

  • +1 глас

    ептен на место ти е коментарот. на моменти ми изгледа дека е наместено да те натера да се регистрираш.

  • +2 гласови

    Ееех, да се најде јунак (јунаци), па да се направи тоа...
    Граѓаните, генерално, немаат поим кои им се правата. Вака, од ракав, првото нешто што треба да го знаете наизуст е бројот на вашиот адвокат. :)

  • +2 гласови

    Во оваа држава и околните, не мора да направиш прекршок за да те уапсат. Со тоа се побива тоа „зошто вас/мене не ме апсат“.

  • +6 гласови

    не, туку државата (обвинителството) треба да докаже дека е виновен.

  • +3 гласови

    И јас сум за тоа ако некој крадел да одговара, да.

    само мора да докажат :)