Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Весела граматика

пријавена од jofe пред 1 година. (geroski.mk)

Македонија ќе стане членка на НАТО кога ќе ги реши сите спорови со соседните земји, изјави вчера шефот на бугарската дипломатија Ивајло Калфин. Чекај сега… Нели имавме само еден спор, тој со Грција, за името? Ако добро се разбирам во граматика, „сите“ е повеќе од еден. Најмалку два.

проблем? |  кој гласал? |  категорија: Блогови

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +4 гласови

    Под итно да се забрани Идол! :)

  • +6 гласови

    Нели Героски беше тој што тврдеше дека имаме само ЕДЕН спор и со решавање на тој спор (преку потпишување капитулација) ќе ги решиме нашите проблеми?

  • +1 глас

    Рохи со тоа како си се покажала дека си ретардирана, тешко дека баш ти ќе можеш да го доведуваш во прашање мојот кредибилитет.

  • -2 гласови

    Е Лавче, Лавче... Апсолутно си во право. Јас тврдев и сѐ уште тврдам дека имаме спор со Грција што требаше да го решиме на време (во Букурешт или непосредно по него). И секогаш предупредував дека ако не го грабнеме моментот и огромната поддршка што ја имавме, ќе направиме огромна грешка, бидејќи ќе ги осоколиме нашите соседи да ги отворат старите проблеми, а ќе ги охрабриме и солите кои сакаат ново внатрешно преуредување на земјата (она за што зборуваше германската амбасадорка). Арно ама, на нашиве Хунзи поважно им беше да си го билдаат рејтингот со лажен патриотизам, наместо да ѝ обезбедат место на Македонија на масата на која рамноправно седат најравиените европски држави. Е, сега допрва ќе ги видиме последиците од таа авантуристичка политика!

  • +3 гласови

    Види Герче, и да ја прифатиме таа теза, што со изјавата на Бакојани дека ветото ќе се случело и покрај се` и дека тоа било планирано уште во 2007 година?
    Потоа, ако Грција веќе прекрши еден меѓународен договор, тогаш која е поентата, односно кој ни гарантира дека и по смената на нашето име таа пак нема да стави вето или на друг начин да ја спречува нашата интеграција?

    И на крај, и да ги подмириме несогласувањата со потпишување капитулација, кој ни гарантира дека после тоа за влез во НАТО или ЕУ, нема и Бугарија да си ја достави сметката, па да бара откажување и на другиот дел од историјата?

    П.С. Грција има отворено свој културен центар кај Хунзите и ги претставува за потомци на ’нивните’ Македонци. Ама тие се напредните нели?

  • -1 глас

    Сега ште ти објаснам, Лавче. Едно по едно...
    Прво, во Букурешт немаше вето. НАТО и ЕУ нема да ѝ дозволат на Грција да стави вето, бидејќи тѕоа не е принцип на одлучување во овие организации (иако е формално право, се разбира). Значи, ако нема договор меѓу Скопје и Атина, како што немаше во Букурешт, ние ќе бидеме симнувани од дневниот ред - баш како што бидна тогаш.
    Продолжува...

  • -2 гласови

    Второ, сите знаеме дека Грција во Букурешт најверојатно немаше да го прифати тогашниот предлог на Нимиц, Република Македонија (Скопје). Но, сите, а посебно Американците, нѐ советуваа ние да го прифатиме, бидејќи со тоа значително ќе ја подобревме нашата позиција кај европските партнери (за награда, во најмала рака денеска ќе бевме без шенген визи). Целиот пристисок на САД и на европските партнери ќе се насочеше кон Атина. А ние, според твојата „пазарџиска“ логика (иста на Грујо) немаше да изгубиме ништо - ако не прифатеше Грција, ќе си останевме БЈРМ, како што останавме. Има уште...

  • -2 гласови

    Трето, Грција сакаше и сѐ уште сака да го реши проблемот на тој начин што ќе го сведе на прашањето на нашето меѓународно име. Мислам дека нема потреба да ти ги објаснувам мотивите зошто Грците толку настојчиво бараат солуција (но ако има, пиши, па ќе ти кажам, не сум за џабе „грчки шпион“ - или барем потсети се на ролјата на Грците за време на конфликтот во 2001 година, на што неодамна потсети и Керим на Канбал 5). Ни Грција ниту било кој во светот (најмалку Нимиц) не се занимава со прашањето на нашиот идентитет. Таа расправа се води само тука, во Македонија, поради неодговорната политика на Груевски и на неговите агитпроповци. Според тоа, секому е јасно дека целата дебата на оваа тема се води околу компромисното име што треба да воспостави мост меѓу нас и НАТО и ЕУ. И уште...

  • -2 гласови

    Четврто, знам дека постои опасност Бугарија да испостави некакви фактури на сметка на властите во Скопје (тоа нема да бисе случајно, се разбира). Затоа требаше работата на време да си ја завршиме, како што буквално нѐ молеше Буш (а Груевски коркаше и прдодаваше „патриотизам“). Во политиката тајмингот е важна работа. Еве, види како Албанците направија држава на Косово. И тие сакаа да си го стават орлето на знамето и да испејат некоја борбена песна за химна, ама Америте им рекоа: што сакате вие, држава или конфликт со Србите? Албанците седнаа, размислија, си нацртаа знаме, си измислија химна и ене ги - сега имаат држава, во која просечната плата уште сега е повисока од таа во Македонија.
    Петто, крши глаа со Хунзите, бе, ако немаш попаметна работа! Јас овде те просветлувам, очи ти отварам, вистини ти кажувам, а ти си се засекирал за Хунзите. Е, доста е...

  • +2 гласови

    1. Ох леле Герче, овие приказни може на мали дечиња што не знаат да читаат или на некои стотина колку што го земаат бесплатно весничето да им ги продаваш.
    Тоа дека немаше вето твоите газди ќе треба убаво да го објаснат по извесно време во Хаг... Многу, многу, многу поубаво отколку твоите трагикомични обиди овде.
    2. И приказните дека не се работи за идентитетот, неколку пати беа побиени точно со изјави на твоите газди од јужниот наш сосед. Многу од нив, се нашле токму овде на Кајмакот, ама очигледно презафатен од директиви не си умеел да ги забележиш. Тие изјави се евидентирани и ќе бидат изложени во постапката што следува. Само гледај и уживај ;)

  • +2 гласови

    3. Дојде време јас тебе да ти објаснувам што е реал политика, или од твоето намерно правење на три и пол, само се доведуваш во ситуација во која си во земјава?
    4. Не кршам глава јас со Хунзите, ти кршиш глава. Вие не можете да ги извадите од уста, целиов овој период. Нема новинар или политичар кој не ги спомнува толку многу колку малата група педера која шири дефетизам во земјава.

  • +1 глас

    -> Прво, во Букурешт немаше вето.

    Ако во гугл отипкате “greece veto macedonia” добивате 138000 резултати.

    -> Ни Грција ниту било кој во светот (најмалку Нимиц) не се занимава со прашањето на нашиот идентитет.

    Ако во гугл отипкате “slav-macedonians” добивате 1550000 резултати. Прилично голема бројка ако се знае дека никој не збори за ова во светот.

  • +1 глас

    -> Јас овде те просветлувам, очи ти отварам, вистини ти кажувам.

    Фала што ме просветли. Да не беше ти ќе живеев во заблуда. Само кажи ми уште што лекови треба да земам за да не ми се причинуваат резултатите кои ги добивам во Гугл.

    А ако на мене не ми се причинува тогаш што те прави тоа тебе героски, а?

  • +1 глас

    Никој не збори. Овој линк (подолу) и бројот на резултати е само проект на вашата фантазија. Јавете се веднаш кај психијатар или кај героски да ве просветли, излечи и да не гледате веќе вакви непосточки распарави и линкови.

    http://www.google.com/search?q=greece+on...