Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Што согорува Топлификација?

пријавена од zlochko пред 1 година, 2 месеци. (www.dogon.biz)

Една голема, огромна лага исплива на површината со новонастанатиот прекин на транспорт на природен гас од Русија… Лага, која по се изгледа - малкумина ја приметија или пак намерно ја премолчаа... Лага која во најмала рака не чини 60% поголеми сметки за парно греење!

станала популарна пред 1 година, 2 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Блогови

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    Па, со оглед што смета за просечен стан од 60м2 е 5000 ден., се надевам дека ова нема да остане само на зборови... Народов навистина е пред банкрот, па не се надевам дека грешиш, Злочко, дека се ќе се стиша за 2-3 дена.

  • +1 глас

    Кај мене испаѓаше 8,000 ден. Превише бе. Го исклучив.
    А дека ќе заборави народов... па не верувам. Ми се чини дека народов појма си нема што користи Топлификација за гориво. Кога ќе им светне, мислам дека ќе земе некој да се буни, да поставува незгодни прашања.
    Сепак, најголемо разочарување е неспособноста на новинарите во МК. Да бевме на друго место, во друга држава... медиумите живи ќе ги изедеа овие лажговци.

  • +1 глас

    Нема потреба во случајов да се поставуваат незгодни прашања... се е јасно како денов надвор! :(

    Туку, ако и после ова не видам некаква реакција од било кого... дали од надлежни органи, или организации или од граѓани... ондак ја ќе ја искористам првата шанса за да заминам од тука. Стварно ми е збоктисано. Вордан, ќе ти дојдам на кафе да ме поучиш како да си го фатам патот за AU и NZ! Не можам више!

  • +1 глас

    Оф оф оф...

    Не си излегол на „улица“ што се вели...Тие самите институции кршат закони без око да им трепне кога се работи за „нивни“ луѓе. Новинарите се „пачи“.

    Само еден пример...Знаеш како се малтретирани „мавровските работници“?

  • +1 глас

    А пак кога уште и ќе ми текне дека ај Август 2008 качија 60%, туку во Февруари 2008 качија 18%... грррр...!

  • +4 гласови

    грешите.

    Јанко бурекот во својата емисија фино ги искара и зачука јавувачите кои се јавуваа да се жалат на тоа како плаќаат скоро дупло а не ни имало греење на време него мрзнеле со денови.

    конкретно, Бурекот објасни дека ОВА сега е вистинска фирма не ко поранешната комуњарска која само ги лажеше граѓаните,искористуваше и што се не.
    ги пофали сите тие таму нови газди , владата..

    Значи , ова сега е доброто а тоа порано е пљачка и тоа комуњарска. Така зборуваше Бурекотустра.

  • +1 глас

    Виновен си е самиот народ.
    За државни институции кои треба да ја бркаат таа работа да не зборуваме. Такво нешто не постои.

    Новинари?
    Што е подобро, да чепкаш кај што „не ти е работа“ и да ќариш 20-30.000 евра казна, или да лижеш владини газиња/газиња на директори и да се офајдиш со некое заменик министерско место?
    Think!

    Уште „n“ години ќе се тера вака во МК.

  • +1 глас

    Каде „n“ се стеми кон бесконечност.

  • +2 гласови

    што одговара на насоката во која се движи растот на инерцијалниот момент во нашето општество.