Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Рецензија на блог-книгите

пријавена од Внукот пред 2 години. (babamitrajanka.blogspot.com)

Немајќи попаметна работа, се решив да направам рецензија на сите книги од блог-едицијата која излезе неодамна. Нормално, рецензијата е лаичка и крајно лежерно направена, онака како и што доликува. Значи, се темели стриктно врз субјективните впечатоци.

станала популарна пред 2 години | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Блогови

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +2 гласови

    Ми се допадна рецензијата. Особено се радувам шо излезе книгата на Археоблог, а ми се гади шо тоа му се случи на Филип гадот Петровски. Дали имаш информација дали лиценцниот модел применет на сајтот е искористен и во самите книги?

  • +2 гласови

    Не знам за кој лиценцен модел зборуваш и за кој сајт.

  • -2 гласови

    Колку што знам јас, си го продале лиценциот модел за слава. Ама има тука луѓе кои ги ценам од споменатата 14-ка, редовни се на кајмакот па сами ќе си кажат.

  • +2 гласови

    Уште чекам некој да ми каже што е тоа лиценцен модел.

  • +2 гласови

    “Колку што знам јас, си го продале лиценциот модел за слава.„ - Што е тука спорно Јован и да беше така?

  • +3 гласови

    Претпоставувам мислите на лиценцата на Криејтив Комонс поставена на нашите блогови. Бевме учтиво прашани за отстапување на дел од нашите права за печатење и потпишавме договор за тоа. Не сме ограничени во однос на препечатување на делото во ист или изменет облик, на македонски или друг јазик, на каков и да е постојан медиум.

  • +3 гласови

    Не се бараше од нас да ги избришеме своите постови, поточно со нив понатаму можеме да правиме што сакаме. За другите не можам да зборувам во нивно име, но јас се откажав од мојот хонорар. Се што сакам е археологијата да стигне до сите луѓе, без разлика каков е начинот и каква е формата. И им благодарам на сите кои ме подржуваат во тоа.

  • +3 гласови

    Не знам само како успевате, навистина...!? Лиценцата (Наведи извор 2.5) на мојот блог е јасна и предлагам да ја прочитате внимателно.