Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Како до продажба на интернет

пријавена од zlochko пред 1 година, 3 месеци. (www.dogon.biz)

MoneyBookers & 2CheckOut за вас надежни трговци!

станала популарна пред 1 година, 3 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Блогови

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    Ова е мој прв пост на новиот блог, па на овој начин правам и мала промоција. Блогот има уште многу багови за средување, но сепак се надевам дека ќе ве бендиса. До Глиша: ветувам дека нема да забегувам со самопромовирање! :)

  • +1 глас

    со среќа, и смени го „Оставете Реплика“ во коментар да го е...

  • +1 глас

    Аирлија нека е... Убав текст, интересен и информативен, токму како за почеток.

    Да ти пријавам едно багче во рендерирањето на сајтот во сите браусери: насловната страна не се „растегнува“ заедно со текстот, па тој излегува надвор од рамката која природно би требало да го држи. Проблемот го нема на страницата од постот.

  • +1 глас

    многу некако претпоставки за даноци и пријави...

  • +1 глас

    Nice try, Злочко. Убава тема за WP.

  • +2 гласови

    Во поглед на употребливоста на MoneyBookers и сличните, ќе морам да те разочарам: *неќе моќи*!

    Технички, можеби си успеал да префрлиш пари, НО:
    Ако имаш фирма, и сакаш да наплаќаш на овој начин, директно ги прекршуваш уредбите на НБРМ за девизен промет, каде што јасно се вели дека за секој прилив мораш да доставиш твоја валидна фактура и/или објаснување за тоа. Има и други причини (на пример, евиденција на приливот заради оданочување), но поентата е јасна.

    Како приватно лице, за помали износи, НБРМ „прогледува низ прсти“ (само, немој да мислиш дека не забележуваат), иако, во принцип, и тука важат правилата за „објаснување“. Исто така, овие приливи се субјект на персонален данок и мораат да бидат наведени во даночната пријава кон УЈП на крајот на фискалната година.

  • +1 глас

    Комплицирано, глупаво, остаток од комунистичките времиња (па, и гувернерот на НБ е од тоа време), без модерно решение...

  • +1 глас

    Глиша, *#~!@£%#** 900 знаци се малку *#~!@£%#**

    Сум се распишал како да е бесплатно, па морам да „каскадирам“. Пушти срце, заокружи барем на фин, цел број:1024.

    Чекај, уствари, бесплатно е! :)

  • +1 глас

    Супер срочено. Имам едно прашање - според толкување на повеќе економисти и двата начини се спротивно на уредбите на НБРМ и законите. Поточно ако во евра наплатите услуга на резидентен корисник тогаш го прекршувате законот за наплата во денари. Потоа како наплаќате ДДВ, па како се враќа. На каква фактура доаѓаат збирните средства. Какви даночни и законски реперкусии има сето тоа.

    Гласав за текстот, значи не зборувам против тоа. Само прашувам - можеби некој има разјаснето.

  • +1 глас

    Со jpetrov во исто време сме размислувале на ист начин... :))

  • +1 глас

    и како одвај да сте чекале да се врати кајмак.от онлајн :)

  • +1 глас

    Па, бесплатно е. :))