Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Знам, злобно е, но им се ситам по малку. Сега сите оние костумосани MBA типчиња ќе заминат од своите луксузни канцеларии и ќе треба да најдат *вистинска* работа. Им препорачувам некоја земјоделска задруга. Сега таму се парите... :)
станала популарна пред 1 година, 5 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Бизнис
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Очигледно сме среќни кога на комшијата ќе му умре козата... многу е лошо кога не ја разбираме берзата и уште веднаш не ги сфаќаме работите кои ни ги посочува.
Вистинска работа да си најдат?
Замисли тебе некој фармер ти дојде и ти каже какво програмирање, тоа не е работа, земи копај, не цел ден седиш на компјутер...
Зашто им се ситиш на костумосаните типчиња?
Се снашле да најдат подобра работа од тебе и сега крво ти е?
да... очекувано... типично...
Оперирани...
Не очекував ваков глупав пост од Vordan. Останале без работа, "јеееј, да се радуваме". Мизерија.
Алооо, сте чуле за шега и сарказам?
Не.
Впрочем, ако некој од вас имал работа со нив (иако се сомневам), па акциите ви пропаднале „во дупка“, се сомневам дека тие многу би се секирале.
Мешетарење на берза не ми е најомилена стопанска гранка - тие луѓе кројат туѓи судбини без за нив да има реперкусии ако згрешат.
А морам да признам, дека - поради службата - и јас понекогаш се костумосувам. И не, не нашле подобра работа од мене. Јас си ја работам најдобрата на светот.
Па да се биде коцкар на берза и не е некоја работа за почит
Зборуваш за шега и сарказам, а потврдуваш дека стварно така мислиш. Можеби ти не си слушнал за тие две работи.
И види чудо, сме имале работа со нив :) Па знаеме дека тие луѓе ниту кројат нечии судбини, ниту можат да одлучат било што за својот клиент. Ако за нешто може да им се замери, тоа е за (можеби, не знам) високите провизии кои ги земаат (1%) од секоја трансакција.
Ех, сега ќе испадне уште и доброволни прилози да им даваме...
Оние брокерски куќи во кои сум влегол не ми личеа баш на цвеќарницата на Група ТНТ.