Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Селски туризам и Првата задруга за селски туризам во Македонија

пријавена од blagojdanev пред 1 година, 5 месеци. (www.zrnovci.com.mk)

Почитувани, повелете посетете ја веб страната на Првата задруга за селски туризам во Македонија. Зрновци:8км од Кочани и 6км од Виница Ве очекуваме со ваши предлози и сугестии!

станала популарна пред 1 година, 5 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Бизнис

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • -5 гласови

    Ете!
    Среќа што дознавме, уште во втората реченица, дека повеќето од жители се христијани. Не дај боже, можеле да бидат и атеисти, или - ииих! - муслимани.

    Браво за напорот, двојка (два на еден) за изведувањето.

  • +1 глас

    Селски туризам со сместување средсело. пфффф

  • +2 гласови

    Супер. Гласам +1 пошто не постои ваков сајт. И покрај тоа што на Вики страниците за селата во Македонија (пр.http://mk.wikipedia.org/wiki/Сопотско) :) и http://mk.wikipedia.org/wiki/Љубојно

  • +1 глас

    Ми го снема половина коментар. Глиша: реагирај! (bug?)

  • +2 гласови

    @vordan

    Е чим се христијани, тогаш помирно се спие ;-)

  • -2 гласови

    А бе зошто ме минусирате?
    Гласав за статијата, ги пофалив за напорот, ама полно е со грешки во преводот (очаен англиски), сајтот е досаден (изглед:цирка 1995), а особено не ми се допадна она со „православна вероисповест“ - делува фундаменталистички, сосема непотребно и одбивно за потенцијалните туристи.

  • +4 гласови

    Честитки за сајтот, ви посакувам успех. Имам три забелешки за подобрување на вкупниот впечаток:

    1. Фотографиите се премногу компресирани и не изгледаат добро на поголем монитор.

    2. Текстот е премногу ситен. Јас немам проблем за читање, но за некои луѓе ситниот текст е напорен.

    3. Средишниот дел од страната ќе изгледа многу поубаво ако се подели во две колони.