Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
На 21 јануари 2009, во х. Александар Палас ќе имаме средба со министрите за информатичко општество и за образование, како и со други функционери од овие институции. Еве ги нашите (на ИКТ комората) тези за разговорот, чија тема е Едукативни содржини во образованието. [self-spam!]
станала популарна пред 1 година, 2 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Бизнис
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Ако има некој конструктивна критика или додавка, отворени сме за сугестии до утре во 11:30!
Не е конструктивна, али ако веќе се во игра „Александар Палас“ и состанок од високо ниво, очекуваме анализа на „боцките“ и/или „шведската маса“ ;-)
Јас би додал две работи:
1. подетално дефинирање на лиценцата под кој изворниот код ќе биде достапен. public domain не секогаш е најдоброто решение. GPL на пример, обезбедува дека дериватите на софтверот ќе останат слободен софтвер. Од аспект на независност на државата, public domain е подобар избор, но ако државата сака да помогне развој, тогаш сметам дека GPL е подобар избор.
2. Употреба на контент филтри во училиштата за да се „заштитат децата од непосакувани содржини“ честопати значи и недостапност до корисна содржина. Постои сериозна критика на некои решенија кои се употребуваат во јавните библиотеки на пример. Потребно е многу внимателно да се пристапи кон ваквите решенија кои најчесто се меч со две острици.
Дополнително, мислам дека е добра работа што во училиштата се користи Слободен софтвер и тоа така треба да остане.
Во исто време, благодарам што 2с.мк е посочена како добар пример во своите напори да ја поддржи локализацијата на софтвер.
Сега ми текна и трета забелешка.
Постојат најмалку два речника за it терминологија кои веќе се користат при локализација... па немора да се почнува од 0.
за речници, постои и овој ресурс:
http://terminologija.org.mk/
Аах, фала.
Го барав токму тоа, но не можев да се сетам како точно беше...
Да, да, се извинувам заради (ненамерната) мешаница околу именувањето на лиценците. Има поголеми експерти од мене за тоа, и верувам дека ќе имаат збор кога ќе треба.
Ако треба да се прави некое објаснување во врска со употребата на слободниот софтвер (гпл или не) во образованието, тогаш објасвнувањето за научниот дух во процесот на образованието може да биде од корист.
+1 за поголема транспарентност!
Вордан, како помина состанокот?
Утре. Сега ждригам. :))
(се шегувам)
.
Ќе ги видите заклучоците наскоро.