Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Планирам да отварам Hedge Fund у Македонија

пријавена од игор пред 11 месеци, 2 седмици. (slavomakedonec.blogspot.com)

За заинтересираните, можам уште да кажам и дека Фондот ќе има (ет-/анти-)ички пристап во инвестициите, што значи дека ќе инвестира само во Земјите во кои се протегала Империјата на најпознатиот Македонски Освојувач - Александар Македонски.

проблем? |  кој гласал? |  категорија: Бизнис

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • -2 гласови

    Овој е изгледа еден од оние улавите што се делат на антички и новодојдени!
    slavomakedonec.blogspot.com

    Јас на негово место би оставил полно име и презиме на блогот и единствениот блог пост... така барем ќе се осигурам дека во грчка амбасада ќе ме знаат кој сум и што е најбитно што сум, па нема да ме малтретираат за визата.

  • +1 глас

    каков глупчо знаеш да бидеш злочко..
    а да се викаше типов марсомакедонец , ништо нема да речеше..или па антички македонец но пази, ставил славо- каква неверојатна хересија а?
    ботом лајн: сеа ете, затоа што грците не нарекуваат славомакедонци ние треба за инат да се противиме и докажуваме дека сме антички уствари.

  • +1 глас

    Да го прочиташе малце подобро мојот коментар, веројатно ќе приметеше дека и едната и другата група ги нарекувам улави.
    И не... ништо не си разбрала. Затоа што нас грците не нарекуваат славомакедонци, ние упорно (па меѓу другото и од инает ако сакаш) треба да се нарекуваме македонци! Македонци без било какви префикси и суфикси кон именката. Термин на кој што не му треба докажување ни пред себеси, ни пред грците, ни пред остатокот од светот.
    А ботом лајнот е следниот... јас немам ништо против ти да го прифатиш грчкиот став и себеси да се нарекуваш monkeydonian доколку сакаш. Се додека тоа не пробаш да ми го наметнеш и на мене.

  • +3 гласови

    нели поентата е секој да се нарекува така како што сака?

  • -1 глас

    Секако. Ајде да тестираме. Трк во Солун, застани таму на плоштад до првата гираџилница и објави им дека си Македонец од Република Македонија и дека секој има право да се нарекува како што сака.
    А ние стрпливо ќе почекаме да ни раскажеш како си поминал.

  • +3 гласови

    исто ко на плоштад во Скопје

  • +1 глас

    True... true. :(

  • +4 гласови

    зошто не можеме сите да бидеме луѓе?

  • -1 глас

    Можеби затоа што ти си спремен на шамар да го свртиш и другиот образ, ама тој другиот биди сигурен дека не е.
    Колку убав... утописки наивен поглед на светот имаш. Дури ти завидувам. :)

  • +2 гласови

    етничките и религиозните поделби се извор на сите зла. прашање е на век или милениум кога ќе го сватиме тоа :)

  • +1 глас

    Неуверлив е текстот. Требаше со Caps Lock On да го напише - повеќе ќе му верував.

  • +1 глас

    можеби со $ место s ;-)

  • +1 глас

    Еј дечки,

    Многу ми е мерак дека ме чита некој, па и ме коментирате.

    Само да одоговорам - јас сум ептен ТАПА и не знаев сам да отоврам блог, па името ми го избраа место мене... Ама јас го доживувам повеќе како СЛАВЕН Македонец, отколку како нешто поврзано со СЛАВЈАНСТВОТО или така нешто.

    Како и да е, не е поради тоа што сакам Грчка виза, најпосле, после долги години - не ми треба! :-)

    Ај за многу години, и имам нов интересен пост што го спремам, само некако да научам да ставам кирилица на Mac OS 10.5.6 - ко што реков, една тешка тапа сум, па ова се го “куцам” со Copy+Paste на зборови и букви од македонски сајтови - ми треба по саат време за еден параграф :-(.

    А знам дека ако си куцам, онака, народно, ко на InformaBBS што беше, ќе ме разапнете...

    Затоа - проверувајте почесто!

  • +1 глас

    Sys preferences-International-Input Menu-одбери во листата фиро макендонски, белки е близок до твојот славомакедонски.

    Кажи ако ти треба демотски фонт.

  • +1 глас

    Змејко,

    Фала многу, стварно работело. Јас пак под "А" го барав, затоа го немало.

    Изглеа ми е стар Mac-от, зашто под Македонски е (нема ФИРОМ). :-) Thx!