Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Наш парадокс: голема невработеност, фирмите молат за работници

пријавена од GoodBytes пред 1 година, 3 месеци. (novamakedonija.com.mk)

Текстот допира една зачудувачка реалност, дека во толкава немаштија и невработеност, сепак има многу македонски фирми кои не можат да се екипираат со работна сила. Уште почудно, не се работи само за побарувачка на високо образувани работници, туку се бараат и: градежници, земјоделци, возачи...!

станала популарна пред 1 година, 3 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Бизнис

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    Парадокс... Во текстот има спомнато еден газда на фирма кој го критикува професорот на факултетот дека не обучувале квалитетни инженери. А се работи за истата личност. Психијатриски пример. :)

    Инаку тезата ама баш не држи вода - сите знаеме дека квалификуваната работна сила се снаоѓа - ако не тука во странство, но проблем е што над 1/2 во МК е или нкв или со квалификации кои не се применливи (за точни податоци види статистика).

    Со исклучок на ИТ индустријата која е посебна приказна.

  • +1 глас

    У уште еден факт ретки се оние кои ќе работат за 150 евра плата, гледајќи како газдата купува нова кола на секои два месеци...е сега ако газдата му даде плата од бар 300 евра и тоа како ќе има работници за него...не е баш вака црно бело ко што пишав знам :) ама и тоа е еден од факторите.

  • +1 глас

    огромен е бројот на непријавени работници. и јас бев со таков „стаж“ 2 години. и од моето окружување знам многу луѓе кои иако работат, се водат како невработени.
    исто така, голем е бројот на луѓе кои „избегаа“ во странство. од сите профили. парадокс можеби и постои, ама и за него постои објаснување...

  • +3 гласови

    1. Јас сум работел на целиот процес на вработување, кога ИТ фирмата во која работев бараше економски консултанти за ERP софтвер. Како се вели, економисти со лопата да ги ринеш... Се пријавија 75 кандидати, сите со факултетска диплома, а 7 беа магистри или на магистерски студии. Ниту еден не ги задоволуваше условите кои ги баравме - да се разбира од економија (повеќе од нашите програмери), да знае англиски и да знае да користи Windows и Office. Слични проблеми сме имале кога сме барале и програмери. Заклучок: квалификуваната работна сила не е толку квалификувана.

    2. Тезата е дека има работа за секакви профили и квалификации, но дека сепак има луѓе кои седат без работа. Не луѓе кои работат на црно, не кои се во странство, не кои се магистри - туку обични луѓе кои не ни бараат работа.

  • +3 гласови

    Темава е многу долга и широка, не е лесно да се претстави целиот случај... Ако го споредиме трудовиот менталитет на просечен Македонец и просечен Американец, ќе видиме дека ако на Амерот му се малку пари, како што вели Бунка, тој бара втора работа навечер, мие садови во ресторан. Не велам дека тоа е добро, дека е ОК да се живее таков живот, но целта ми е да ги споредиме работните навики.

    Друга приказна е самоиницијативноста... додека (таква ми е работата) постојано гледам некакви стартапи во САД, кои се обидуваат да се пласираат со некоја прекрасна идеја, овде гледам „доктори“ за префрлање на одговорност, медиокритети на кои им е така добро, мајстори за кривинашење и чекачи „државата“ да им ги реши проблемите, да им даде субвенција или неповратна помош.

  • +3 гласови

    Не зборувам само за неквалификуваните земјоделци и општи работници, туку и за „врвот“ на македонскиот бизнис - еве деновиве актуелен е газдата на А1, кој агитира некакви 30% учество на „државата“ во ширење на неговиот бизнис.

    Има уште многу моменти поврзани со ова прашање, но да бидам пократок, ми се наметнува еден кисел заклучок дека состојбата во која се наоѓаме најмногу е резултат токму на недостатоците на секој од нас поединечно.

  • +3 гласови

    Глиша, ти си крив за нишкава коментари, со тоа ограничување од 900 знаци. ;-)

  • +1 глас

    Држат сите муабети на GoodBytes. Постои кај нас синдромот на „фотелја“. Се разочарувам и од некои мои блиски кои седнаа во државни институции и после месец-два веќе одат на работа пола саат покасно, си идат саат време порано, работат меѓу 2-те кафиња во среда и толку. И уживаат. Откако ни самите од себе не бараат малку повеќе, јасно е дека правецот е само еден - надоле.