Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

(Ќе) се бара: е-бизнис суперстар!

пријавена од kzograf пред 1 година, 7 месеци. (it.com.mk)

Како треба да се подготви теренот, за да се родат е-бизнис ѕвезди. А ни требаат.

станала популарна пред 1 година, 7 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Бизнис

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    убаво ова, ама само теоретски.
    додека не се припремат банките и сите пропратни институции за ова - натпреварите ќе бидат јалови.
    а кога целата постапка на функционирање на е-бизнис ќе биде регулирана супер-старите сами ќе се јават.

  • +1 глас

    идејата е - не мора баш да чекаме се на готово да ни дојде. ако се појават 5 одлични идеи, и 5 одлични водачи, можеби тие ќе можат да направат притисок и атмосфера (не со убедување, туку со правење), за да банките и сите пропратни институции се мрднат од мртва точка.

  • +1 глас

    Нема поента конкурсов, не верувам дека ќе придвижи нешто. Платформите постоја и нема поента да градиш платформа за е-продавница која се поврзува со процесинг центар кога немаш спецификации на процесинг центарот. :)

    Нека обезбедат процесинг центрите да функционираат и сами ќе си дојдат е-бизнисите. Ниту cpay.com.mk на Касис, ниту ncs.com.mk на Дајнерс не функционираат иако помпезно ги најавуваа.

    И кога ќе профункционираат да не зимаат ебани 3-5% од трансакција како обичните терминали би било исто убаво за да го стимулираат развојот на е-бизнисите.

  • +1 глас

    Точно е дека „Платформите постојат и нема поента да градиш платформа за е-продавница која се поврзува со процесинг центар кога немаш спецификации на процесинг центарот. :)“. Али ако имаш се готово, цел концепт на продажна мрежа, само ти фали спецификацијата на веб сервисот, поинаква ти е позицијата за преговарање. Еве јас го направив се ова, вие треба само уште тоа и тоа да го направите, за да профункционира. Индивидуална одговорност. Се зголемува притисокот за решавање на проблемите.

  • +1 глас

    притисокот ќе се зголеми кога ќе решат компании од типот на т-хоум да прават е-бизнис. тогаш ќе се спремат и банките и процесинг центрите. затоа што ќе имаа притиосок од милиони евра. јбг, и мене ми е криво, ама така функционира мкд.

  • +4 гласови

    Јас го мислам обратното. Компаниите како Т-Хоум немаат интерес за да прават нешто кон е-бизнис проширувања.

    Имаат веќе сопствена продажна мрежа, дотолку повеќе што скоро сите продукти и услуги се subscription-based, така да немаат проблем да стигнат до своите корисници и да наплатат.

    Тие немаат многу да добијат, дури и да изгубат 5% (или колку ќе е провизијата), ако одлучат да понудат како начин на плаќање. По мое мислење, тие (компании) ќе дојдат последни на возот.

    А оние кои ќе го трасираат патот се оние кои не можат лесно да стигнат до своите муштерии и да наплатат. Оние кои што можат најмногу раст да направат со онлајн промоција/онлајн продажба се тие што најмногу би добиле. Оти зголемување на приходи од 1000 на 2000 евра е 100% зголемување за малиот трговец.

  • +1 глас

    тоа од нив (големите компании) го очекувам не како начин за зголемување на продажбата, туку првично како јакнење на брендот на сите сегменти на пазарот. за да тој бренд после 2-3 години кога е-бизнисот ќе биде скоро доминантен на пазарот овие брендови веќе имаат стабилен дел од колачот. што знам, може грешам, ама тоа е мојот филм...

  • +1 глас

    Таквите фирми откако некој ќе (се изнамачи) да го подготви пазарот, со голем буџет кој не им е проблем да го издвојат ќе си влезат и пак ќе доминираат. Кај ваквите големи брендови во МК владее правилото: ако функционира, не го дирај... Оние нови како што Калина ги нарекува "суперѕвезди" се тие што треба она што функционира да го изменат да функционира уште подобро.

  • +2 гласови

    Не очекувај дека нема да плаќаш за трансакција. Па и во САД имаш трошок на трансакција.

  • -4 гласови

    плетенката ти е најдобра :)

  • +1 глас

    Убав текст.

  • +1 глас

    Не е поентата да се направи само е-бизнис во македонија кој продава во македонија. Целта треба да ни биде да можеме да продаваме македонски производи на цел свет ( тоа е поентата на интернетот). Цел свет ти е пазар. Е сега за такво нешто не е толку филозофија за дигитални продукти, но ако сакаме ајвар да речеме да шиткаме на цел свет преку интернет?

  • +1 глас

    Пишував за релација домашна-цел свет пазар е-трговија поодамна. Мојот став е тука.

  • +1 глас
  • +1 глас

    Извини што ќе ти го брстнам баблот, но дали си проверил какви цените на Македонски Пошти за пратки во странство. И на ДХЛ? Апсолутно сме неконкурентни за било што освен нешто ептен ептен ниш и ептен скапо.