Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Графички приказ на цените на нафтените деривати во Македонија во периодот од март 2006 до денес. Цената денес е прилично пониска од таа во 2006. Од тогаш цените на градски и меѓуградски превоз се неколку пати покачени, а ниеднаш намалени.
станала популарна пред 1 година, 2 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Бизнис
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Барав на Википедија како беше економското објаснување на овој феномен, ама не знам уствари како точно се вика на англиски.
Ептен ме бендисува графиконов.... но тој како таков ќе биде особено корисен доколку ја покажува и цената на суровата нафта, како и на природниот гас и на светскиот и на домашниот пазар за истиот период.
Дури тогаш ќе стане јасно дека нешто смрди во државата Македонија.
Што смрди и од кого?
размислувавме и за тоа, ама малку беше проблематично да се претвора цената на нафтата од светскиот пазар во денари или во литри... (зезалици со барели и долари и сл...)
работиме на тоа сега но со друг тип на графикони, што ќе покажува процентуална промена.
тогаш ќе се знае што смрди во државава :)
Одвај чекам...:)
+1! Алал да ви е. Сега доколку сте во можност ве молам ископајте податоци и јавно објавете ги:
- Кои се членови на регулаторната комисија?
- Колкав им е мандатот?
- Кој ги бира и по кои критериуми?
- Како може да се контактираат?
- и најважното, врз основа на која формула ги предлагаат новите цени на дериватите до владата?
Моето прашање од тизерот преточено во статија:
http://www.broker.com.mk/index.php?optio...