Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Цената на нафтата во слободен пад... а бензинот не мрда.

пријавена од zlochko пред 1 година, 5 месеци. (kirilica.com.mk)

Велат, цената на нафтата најефтина во последните 13 месеци. Време е некој да се заинтересира на кој начин владата ја одредува цената на бензинот. Користат формула некоја или се што ги интересира е данокот на гориво, те. она што модерно се нарекува „акциза“.

станала популарна пред 1 година, 5 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Бизнис

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    А парното?

  • +5 гласови

    Топлификација најави дека ќе побара од регулаторната комисија повторно да се качи цената на парното, наводно поради покачувањето на цената на природниот гас кое наводно го направила Русија (не сум проверил). Наводно, најмногу во процесот на греење трошеле природен гас.
    Упс! Па тогаш зошто бараа и добија толкаво покачување на цената на парно греењето во оние моменти кога растеше цената на мазутот?

    Нешто смрди во државата Македонија! :)

  • +3 гласови

    zlochko
    Јебено си во право. На основ на мазутот добиа 60% (43 покачување а останатото за оние 2 месеца што уставен суд им ги скрати???) а мислам дека 2/3 од топланите им се на природен гас.
    Не да смрди, труе.

  • +2 гласови

    Денес објавија намалување на цените на бензините, БТЊ.
    Но, ситуацијата со Топлификација е навистина чудна. Се работи за приватна компанија која добива невидени „бонуси“ од државата. Следејќи го правилото „каде што има чад, има и оган“, некој во владата си добива дел од кајмакот. На пример, некоја партија на власт. Што знам?

  • +1 глас

    Инаку, цената на бензините се „оптоварува“ со данок (ДДВ), плус акциза. Разликата помеѓу овие две категории е во тоа што ДДВ е процент кој се додава на основицата, а акцизата е фиксен износ по литар (во случајов).
    Значи, данокот не „се нарекува акциза“, туку си е ДДВ - данок на додадена вредност.
    Малку економска теорија, ете ви.

    НО, цената *не* се формира со „подесување“ на ДДВ-то и акцизата, туку со применување на набавната цена во идниот период во кој Македонија ќе треба да увезува нафта и деривати. ТОА е она што го муљаат од соодветната комисија.

  • +2 гласови

    Како сакаш крсти ја... акцизата е данок на гориво. Ја плаќаат оние што трошат гориво во вид на фиксен износ по потошен литар. Оние што возат точак - не го плаќаат тој данок. :)
    Се работи само за игра на зборови... данок си е данок. Едниот парцијален (ддв) кој се наплаќа на основицата за да не кажеме дека имаме двојно оданочување доколку се додаде и фиксната вредност (акцизата) во целата математика. :))

  • +1 глас

    Е како бе исто било ДДВ и акциза? Едново е фикс, 10 денара по литар, другото е процент на вкупната сума, како е исто?
    Не е дека „Нафтата паѓа а бензинот не мрда“ затоа што у последниве 2 месеца 4 пути поефтине бенизнот у МК, ама не доволно.
    А за бесрамноста на ТОПЛИФ (сајтот бе им се вика www.toplif.com.mk ги мрзело да допишат уште 5 букви?) е многу зборувано, но џабе, чика ХАЏИ дава и на леви и на десни (ако такви има овде) и со сите е на „пичка ти матер“.
    Вчера добивам сметка, и напишале цел ферман како ова покачување, и наплаќањето по зграда е прв чекор за да не натераат да штредиме, демек кога секој плаќа за свое-ќе штеди? Ама како јас да штедам кога до 18 саат не сум дома, а МОРАМ да трошам парно, а навечер у 22 ми гасат, а ја не легнувам до 02, ај како да штедам без вентил кај мене у стан??

  • +1 глас

    oximoron, мислам дека треба уште еднаш повнимателно да го прочиташ мојот коментар. Не велам дека акциза = ддв, туку дека ддв = данок (општо познато), но и акциза = данок. Едниот се наплаќа на основицата, а другиот е фиксен додаток, само за да не кажеме дека има двојно оданочување, иако... ако размислиш поубаво, да имаме двојно оданочување. :)

    e, btw: http://kajmakot.softver.org.mk/seshto/Ed...

  • +1 глас

    Акциза по дефиницја не е данок. Иако вака може да се објаснува секојдневно така и да биде јасно за што се збори.

  • +1 глас

    Ајде вака:
    Дефиниција за данок (tax):
    A fee charged ("levied") by a government on a product, income, or activity. If tax is levied directly on personal or corporate income, then it is a direct tax. If tax is levied on the price of a good or service, then it is called an indirect tax.

    Дефиниција за акциза (excise duty): Ad valorem TAX levied on manufacture, sale, or use of locally produced goods (such as alcoholic drinks or tobacco products).

    Дефиниција за ad valorem tax: Charge levied as a percentage of value of the item it is imposed on, and not on the item's quantity, size, weight, or other such factor. Value added tax (VAT) and, generally, import duties are ad valorem taxes.

    Пошто и ДДВ и акцизата се 'ad valorem' те. 'во зависност од вредноста' ДАНОЦИ - на горивата, според мене, имаме двојно оданочување.

  • +1 глас

    И бидејќи акцизата по дефиниција се става на локално произведени продукти, мене ми е малце нејасно каде во Македонија Макпетрол го произведува бензинот што го продава...?

  • +1 глас

    Што се однесува до топлификација (некако и таа влезе во темава), јас можам само следново да ти го кажам: штеди ти колку сакаш, ама јас дома си додадов уште 20 ребра... поделено на 49 стана... нема ни да приметат. ;)

    Инаку една интересна информација. Имам колешка на работа која живее во зграда која минатата година била guinea-pig за овие колективниве калориметри. Од кога го направиле мерењето, заклучиле дека според потрошувачката зградата има пониска цена, па затоа (со право) им ја качиле цената на парното. Годинава, повторно им ја качија цената во склоп на глобалното покачување.
    Најинтересниот дел... колешката живее во стан од 77м2, плаќа за парно - 4.400 денари месечно во тек на целата година (не само 6 месеци). Та-даааа! Е ова... за 3 месеци не чека сите.

  • +1 глас

    Иди по кафани навечер, ем музика, ем топло ... :-)

  • +1 глас

    Ха, да, по кафани ем музика, ем топло, ем ефтино :)
    Идам, ако дојдеш ти со мене, со кредитната картица од фирма :)