Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Банките го кочат купувањето преку интернет

пријавена од jpetrov пред 2 години. (www.a1.com.mk)

„Освен една банка, ниедна банка досега нема можност за електронска трансакција преку интернет, за купување. И тоа господинот убаво кажа дека банките не можат да се усогласат со кој процент ќе работат, кои се нивните услуги што ги нудат до граѓаните, зошто тоа го прават е навистина нејасно“

станала популарна пред 2 години | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Бизнис

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    Уаа, за алчните банки !

  • +1 глас

    Алелуја.

  • +2 гласови

    Не само алчни, туку и лажат, сушат! Прашувам порано еднаш во Тутунска, дали оваа и оваа картичка можам да ја користам за Интернет, и за плаќање на ПОС во САД? Ми велат, дааа, нема проблем, нашите картички се поддржани насекаде.

    На Интернет не ми прифаќаше код, се јавив до изворот на картичката, МастерКард, за помош, ми побара број на картичка, и ми вели, ова не е наша картичка???

    Плаќање на ПОС во САД исто невозможно. Едвај можев од АТМ да вадам по најмногу 100 УСД, со 5 УСД провизија на секое подигање.

    Лаж-гов-ци!

  • +1 глас

    Што се однесува за картички, јас имам позитивно искуство со Уни. Последниве 4 години ја имам испробано во двоцифрен број на северни и централни европски земји и НИЕДНАШ не сум останал без пари или да морам да вадам кеш ако сум се обидел да платам во ресторан со картичка.

    Но проблематиката на е-комерција во Македонија е мачна и тешка. НБМ си има своја улога во приказнава исто така со својата бирократија како и Министерството за финансии.

  • +2 гласови

    Онаа „една банка“ која што ја споменува министерот Ивановски е токму „Уни Банка“, но, од разбирливи причини, не можеше да ја спомене во изјавата.

  • +2 гласови

    Каде Уни банка дозволува плаќање на интернет? Неможам ни онлајн да си ги проверам трансакциите?

  • +1 глас

    Се работи за мерчант акаунт. Инаку онлајн можеш - оди на шалтер, и побарај изводите да ги добиваш по е-пошта.

  • +1 глас

    Тоа не е онлајн проверка на трансакции, ако морам месец дена да чекам. :)

    Што значи мерчант акаунт? Јас знам за www.cpay.com.mk и www.ncs.com.mk, ама ни едното ни другото не се функционални за да отворам продавница и луѓето со дебитни, кредитни од .мк да ми плаќаат.

  • +1 глас

    http://en.wikipedia.org/wiki/Merchant_ac...

    Инаку изводите идат риал тајм, истиот ден. Пуш концептот во комбинација со мојот Гмаил мобиле се милион пати подобро решение за мала фирма.

  • +1 глас

    јас планирав да ваѓам дебитна виса електрон од прокредит... имав позитивни препораки од луѓе што ја користеле... сегде ја примале по сајтови како најнормална виса картичка

  • +1 глас

    Ахем ...
    Како што спомна Јован, проблемот е со т.н. merchant accounts, т.е. кога некој сака да отвори е-продавница и да наплаќа преку кредитни картички.
    Во тоа се трапави нашиве квази-банки.

  • +1 глас

    Јас имам дебитна VisaElectron и доста ја употребувам за плаќање на интернет и до сега сум немал проблеми...

    Инаку тука има нешто повеќе за плаќањето на интернет и употреба на електронските картички.

    http://online-trg.com/MKD/